Младите луѓе во Европа се селат. Поттикнати од рекордната невработеност дома, тие го напуштаат југот на Европа кој е погоден од криза и заминуваат на север. Бројот на Европјаните кои сакаат да го сторат тоа достигна скоро пет милиони, односно е двојно поголем од пред почетокот на кризата пред четири години.
На листата најпожелни земји водат Британија и Германија. Токму нив, според најновите испитувања, ги избираат младите во медитерските земји за да работат или да студираат таму. Скоро четвртина од младите под 25 години, или околу 5,5 милиони, се без работа.
Не само што Мадрид, Лисабон, Атина и Рим не се во можност да им понудат иднина, тие мора да гледаат како младите бараат подобар живот во Германија, земја на која се гледа како на архитект на острите мерки за штедење.
Грците, според последните анкети на Европската комисија, се оние што најмногу планираат да се селат на север на Европа. По нив следуваат Бугарите и Романците.
„Немаме се уште конкретни податоци за оваа година, но очекуваме зголемување на бројките со оглед на траењето на економската криза во тие земји“, вели Стивен Капсос, економист во Меѓународната организација за труд.
И додека Лондон се обидува да го намали интересот за заминување на луѓето од источна и јужна Европа во Британија, Берлин активно се обидува да ги регрутира за да обезбеди натамошен раст за германската производствена и услужна индустрија.
Во минатата година бројот на оние што од Шпанија дојдоа во Германија се зголеми за 45 насто, а слично беше и и со оние од Португалија и од Италија. Клучна причина е одлуката на германската влада да прифати квалификувани работници од јужна Европа.
„Мора да го искористиме нашиот поетнцијал, а под тоа мислам нашиот европски потенцијал“, изјави Ханс Петер Фридрих, германски министер за внатрешни работи, на минатонеделниот старт на проектот за обука на 25 Шпанци инженери во Баварија.
Во меѓувреме, јазичните курсеви во јужна Европа бележат рекордна посетеност, особено оние по германски јазик.
„Часовите по германски јазик во Мадрид и Барцелона се исполнети до последно место“, наведува Манфред Евел, директор на Гете Институтот во Мадрид, додавајќи дека за младите во цела Шпанија германскиот станал втор најпопуларен јазик по англискиот.
Британија и натаму останува најатрактивна дестинација, но бројот на мигрантите бележи извесен пад, што не е случај и со ние што сакаат да одат во Германија. Мобилноста на работниците е една од четирите слободи на заедничкиот пазар на Европската унија, но тензиите креирани во земјите кои ги губат младите луѓе, го вклучи алармот во Европската комисија.
„Многу луѓе емигрираат од периферијата на еврозоната не затоа што така сакаат, туку затоа што се очајни“, оценува Ласло Андор, еврокомесар за вработување.
Многу луѓе емигрираат од периферијата на еврозоната не затоа што така сакаат, туку затоа што се очајни.Ласло Андор, еврокомесар за вработување.