Најголемите социјални нереди во Шведска во изминативе неколку децении беа предизвикани откако полицајци минатата недела убиле еден 69-годишен маж кој мавтал со нож во предградието Хусби, епицентарот на нередите.
Оттогаш банди на бесни млади луѓе се судираат со полицијата, жалејќи се на нејзиниот расистички третман.
Она што се случува во Хусби е јасен симптом на шведскиот неуспешен обид да ја интегрира нејзината голема имигрантска популација.
Во Шведска постои масовна сегрегација во домувањето, а Хусби е учебнички пример како имигрантите стануваат доминантни во предградијата на Стокхолм.
Хусби исто така се соочува со голема невработеност, проблем кој посебно е акутен кај младите. Скоро 30 проценти од младите таму ниту работат, ниту пак активно се школуваат.
Шведска има долга имигрантска историја. По Втората светска војна Стокхолм активно бараше имигранти за да го поткрепи своето економско заздравување. Тоа водеше до потесна соработка со соседните земји кој резултираше со создавање Нордиски совет во 1952 година, односно нивен заеднички пазар на трудот.
Кон крајот на пеесетите години Шведска стана рај и за политичките затвореници. Профилот на шведската имиграција почна да се менува во почетокот на седумдесетите години кога почнаа да доаѓаат бегалци од Блискиот Исток, Африка и поранешна Југославија.
Владата проценува дека околу 15 насто од над 9,5 милиони жители се родени надвор од Шведска.
Само лани беа примени скоро 44 илјади баратели на азил, скоро 50 насто повеќе од претходната година. Половината од нив се од Сирија, Авганистан и Сомалија. Природно тоа се одрази врз шведскиот демографски профил.
Шведска има најголема стапка на наталитет во Западна Европа, за што најмногу придонесуваат имигрантските семејства. Така некогаш хомогената нација се трансформира во хетергоена.
Швеѓаните, од почетокот на економската криза, неволно гледаат на ваквите промени. Стокхолм неодамна ја критикуваше либерализацијата на визите со земјите од Западен Балкан.
Во меѓувреме, расте и поддршката за националистичката Демократска партија која смета дека владата дозволила влез на преголем број имигранти, особено од муслиманските земји.
Од друга страна, растот на имиграцијата доведе и до раст на невработеноста. Во првиот квартал лани Шведска имаше невработеност од 7,8 насто, сега таа изнесува 8,2 проценти. Кај имигрантите таа е 16 проценти, а кај Швеѓаните само 6 насто.
Така економската криза ги заостри разликите меѓу странците и домаќините. Најновите немири, според експертите, покажуваат дека со продолжувањето на економската криза тие разлики ќе се зголемуваат и не само во Шведска, туку и во Европа.