Кумановскиот градоначалник недоследен на ветувањата?

Зоран Дамјановски - Циц, градоначалник на Куманово. Локални избори 2013.

Опозицијата од Куманово бара отчет од градоначалникот, граѓаните бараат тој да ги исполни предизборните ветувања.
Кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски засега е недоследен на ветувањата за приоритетите што ги потенцираше пред почетокот на третиот мандат, велат дел од граѓаните. На Дамјановски некои од главните адути му беа економскиот развој, зголемен број на вработувања и подобрување на стандардот на граѓаните, подобрување на инфраструктурата, социјалниот пакет за најзагрозените категории граѓани, развој на спортскиот живот, нови сали, изградба на три нови градинки...
Воопшто не сум задоволен. Му дадов глас, а тој не работи. Очекував патишта, осветлување, градинка, школо и ништо нема. Време има, ама,...
Анкетиран граѓанин.

Токму за овие проекти локалната опозициона коалиција го обвинува градоначалникот. Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, Мирослав Стојановски јавно го потсетува за пробиениот рок за затворениот базен, за јавни тоалети, за средување на сообраќајниот хаос, за раскопаните улици, неисплатените избирачки одбори и комисии. Според

Совет на општина Куманово.

Стојановски критиките се упатени и за незапазениот принцип за пропорционална застапеност на политичките партии во општинските комисии, за што ќе биде известен и Државниот инспекторат за локална самоуправа.
Градоначалникот е добар. Колку сме ние добри, толку и тој. Во Македонија не може тој да биде посебен,таква е ситуацијата, кризата си го прави своето. Задоволен сум.
Анкетиран граѓанин.

Запрашаните граѓани кои и во третиот мандат му ја дале поддршката на Дамјановски или се незадоволни, или „кренале раце“, бидејќи се свестиле дека кампањите и ветувањата се едно, а реализацијата е нешто сосема друго. Тие забележуваат дека не е тешко да се ветува, но во севкупната економска состојба во државава, особено во локална самоуправа со која управува опозицијата на централната власт толку може да се работи. Пари нема и со тоа јазолот тешко се распетлува,

Куманово.

меѓу другото, забележуваат граѓаните.

РСЕ: Задоволни ли сте од третиот мандат на градоначалникот?

„Воопшто не сум задоволен. Му дадов глас, а тој не работи. Очекував патишта, осветлување, градинка, школо и ништо нема. Време има, ама,...

„Ништо не се реализира. Може и спие!“

Некои од граѓаните оптоварени со личниот живот немаат ниту време, ниту сили да размислуваат за работата на првиот човек во Општината. Тие велат:

„Не се разбирам во тие работи.“

„Немам време.“

Има и такви кои ја согледуваат реалната состојба во државава,та отаму имаат разбирање и за работата на градоначалникот.

„Градоначалникот е добар. Колку сме ние добри, толку и тој. Во Македонија не може тој да биде посебен,таква е ситуацијата, кризата си го прави своето. Задоволен сум.“

„Не знам, не ме интересира. Немам ништо со тоа, добро ми е.“

„Не е лошо. Добро е. Задоволен сум“, велат дел од запрашаните кумановци, граѓани на Општината во која постојано се зборува за немаштијата, невработеноста на младите и луѓето од средните генерации, за тешкотиите во бизнисот поради беспарицата.

Градот од некогашен индустриски развиен центар во кој беа незабележливи социјални разлики, транзицијата го претвори во град на многу контрадикторности во кој социјалните разлики меѓу луѓето се големи. Сепак, поголемиот дел се сиромашни, а од градоначалникот очекуваат барем за нијанса да им го подобри животот, за што претпоставуваат дека доколку сака да работи третиот мандат треба да му биде најважен во реализирање на ветеното во изборната кампања.