Дивата бања со термална вода во непосредна близина на коритото на реката Пчиња, во атарот на кумановското село Стрновац, летово речиси и да нема капачи.
Геотермалниот извор со температура на водата од 39 степени Целзиусови, во непосредна близина на коритото на реката Пчиња, во атарот на кумановското село Стрновац, летово речиси и нема капачи.
Иако спаѓа во категоријата на натриум хидрокарбонатно-флуоридно силицумско хипертермалните води, лековити за инфицирани заболувања, за лекување воспалени ревматични заболувања во смирена клиничка и лабораториска фаза, дегенеративни ревматични заболувања, состојби по повреди, по корективни ортопедски зафати, при заболувања на периферните артериски садови и повреди на периферни нерви, до пред две години имаше голем број капачи.
Но, кога излевањето на Пчиња целосно ја запусти, а потоа остана неуредена, се чини ќе треба време да се вратат нејзините долгогодишни капачи од Куманово и кумановско, од другите градови во државава и од јужна Србија. Локалната самоуправа на Старо Нагоричане веќе презема мерки за оспособување на изворот за лекување, но бара и концесионер кој ќе ја врати бањата во пристојна состојба.
Захарије Спасовски (73) од селото Стрновац, еден од ретките капачи во бањата раскажува дека откако водата се појавила тој во текот на целата година се капел во неа. Тој не се сеќава дека топлиот извор на водата станал познат откако во неа некое дете по капењето станало од инвалидска количка.
„Додека бев помлад по капењето се чувствував многу пријатно. Откако е бањата се капев и зиме и лете, ама штом реката мостот го однесе зиме не доаѓаме, а летото редовно. Докторката што ме лекуваше ми рече да се капам“, вели Спасовски.
Пред поплавата, бројните бањски капачи во зеленилото покрај изворот поминуваа по цел ден, некои од нив и со шатори кампуваа. А, Дивна Краљевска од Куманово вели дека веројатно поради потеклото од селото Стрновац таа не пропушта ниту едно лето да дојде во бањата. Дури и двапати дневно по десетина денови и тоа двапати годишно.
„Водата не може да биде подобра. Моите корени се од Стрновац, можеби затоа доаѓам. Доаѓам со години и тоа двапати годишно. Велат дека е добра за реума, а нам ни е пријатно. Но, сега сме изненадени што нема луѓе. Дали немаат пари луѓето“, вели Краљевска.
Сега е подобро вели Дивна, се плаќа по 40 денари влезот, тоа не се големи пари, ама затоа пак има луѓе кои по цел ден чистат. За минатата година таа додава:
„Беше толку растурено, немаше наплата, многу шишиња, ние носевме вреќи и собиравме. А порано беше многу средено, реката однесе, дај Боже да се среди, и ние доживотно ќе доаѓаме тука“, вели таа.
Дејан Мариќ од Скопје, некогашен ракометар и професор по фискултура во пензија, вели дека водата навистина е лековита.
„Некои флеки ми излегоа и една бања-исчезнаа“, раскажува тој.
Мариќ вели дека со години одел во бањи во Бугарија, но смета дека оваа вода е и лековита и многу блиску.
Неговата сопруга со препорака до надлежните:
„Да се потрудат да биде попристапна, да има подобра хигиена, тушевите да проработат, со санитарен јазол, кабини за пресоблекување. Ние самите си го правиме нередот, ама да има корпи за отпадоци, пластичните шишиња да се изделуваат.“
Градоначалникот на Општината Старо Нагоричане Милован Стојковски вели дека по стапување на неговата функција еден од приоритетите му било и уредувањето на бањата. Направена е ограда, одводите се оспособени, се работи и на друго уредување и додава:
„Со одлука на Советот, Општината треба да се грижи за бањата. И втората одлука, комплексот го доделивме на ЈП „Козјак“, тоа ги исчисти базените, просторот околу бањата и со симболична наплата да се одржува бањата, ќе имаме малку барем можност да ја доуредиме бањата. Сè додека некоја фирма или некој концесионер ја земе бањата под концесија за задоволство на граѓаните“, вели Стојковски.
Тој вели дека веќе се воспоставува и сообраќај помеѓу селските населби, со Куманово, а и ќе започне линија Куманово –Стрновац како луѓето би можеле да доаѓаат наутро и да се враќаат во попладневните часови.
Бањата Стрновац е на околу три километри асфалтен пат од селото Старо Нагоричане и на 15 километри од Куманово по регионалниот пат за Крива Паланка.
Додека бев помлад по капењето се чувствував многу пријатно. Откако е бањата се капев и зиме и лете, ама штом реката мостот го однесе зиме не доаѓаме, а летото редовно. Докторката што ме лекуваше ми рече да се капам.Захарије Спасовски, жител на Стрновац.
Иако спаѓа во категоријата на натриум хидрокарбонатно-флуоридно силицумско хипертермалните води, лековити за инфицирани заболувања, за лекување воспалени ревматични заболувања во смирена клиничка и лабораториска фаза, дегенеративни ревматични заболувања, состојби по повреди, по корективни ортопедски зафати, при заболувања на периферните артериски садови и повреди на периферни нерви, до пред две години имаше голем број капачи.
Со одлука на Советот, Општината треба да се грижи за бањата. И втората одлука, комплексот го доделивме на ЈП „Козјак“, тоа ги исчисти базените, просторот околу бањата и со симболична наплата да се одржува бањата, ќе имаме малку барем можност да ја доуредиме бањата. Сè додека некоја фирма или некој концесионер ја земе бањата под концесија за задоволство на граѓаните.Милован Стојковски, градоначалник на Општина Старо Нагоричане.