Проблеми со откупот на пченицата

Мелничарите тврдат дека откупот на пченицата се одвива според планот, земјоделците, пак, велат дека пченицата стои нежнеана.
Откупот на пченица од овогодинешната жетва според мелничарите се одвива според планот, за разлика од земјоделците кои го тврдат спротивното. Владата за да го заштити домашниот пазар повторно ја воведе мерката за забрана на увоз на пченица од Србија додека не биде откупена домашната.
Тоа е количина која одговара на просечно 50 проценти од вкупниот откуп во текот на една реколта или околу 20 проценти од она што се очекува да се добие оваа година. Откупот согласно препорачаните цени од страна на ресорното министерство тече без никакви проблеми со зацртана динамика.
Васко Ристовски, Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора.

Васко Ристовски од Групацијата на мелничко- пекарската индустрија при Стопанската комора вели дека согласно податоците кои ги добиле околу, 55 илјади тони лебно жито биле досега откупени.

„Тоа е количина која одговара на просечно 50 проценти од вкупниот откуп во текот на една реколта или околу 20 проценти од она што се очекува да се добие оваа година. Откупот согласно препорачаните цени од страна на ресорното министерство тече без никакви проблеми со зацртана динамика.“

Земјоделецот Тоде Лазаревски од прилепско пак вели дека откупот се одвива многу тешко и земјоделците се загрижени, бидејќи пченицата стои нежнеана.
Нема откупи, не се знае цена, се води некоја политика. Млинарите се организираат да не плаќаат, се држат на берзата како што е во Србија, а овде кај нас трошоците се големи, не може да се даде по таа цена.
Тоде Лазаревски, земјоделец.

„Нема откупи, не се знае цена, се води некоја политика. Млинарите се организираат да не плаќаат, се држат на берзата како што е во Србија, а овде кај нас трошоците се големи, не може да се даде по таа цена. Министерот беше на наша страна, не подржуваше во барањето да бидат ланските цени, односно 14-15 денари за килограм, но тешко е никој не откупува. Луѓето стравуваат, времето не е стабилно, има град, невремиња.“


Според Ристовски мелничарите ја поддржуваат мерката на владата и апелираат да се почитува временскиот рок и да се откупуваат количините според договореното. Тој не сакаше да коментира дали Стопанската комора стои зад забраната за увоз на пченица од Србија.

„Ние само кажуваме, односно коментираме каква е ситуацијата во моментот со жетвата, како тече откупот, и сметаме дека мерките вакви какви што се до сега би имале позитивен ефекти, односно би се откупило она што треба да се откупи како и секоја година од домашните производители, а она што потоа ќе се увезе, ќе се увезе секако.“

Лазаревски порачува дека трошоците за производство на пченица се големи и затоа не може цените да бидат како во Србија.

„Ние во Македонија немаме големи приноси, ние имаме до 3 тона, во Србија имаат до 8-9 тона пченица од хектар и на нив им се исплаќа да ја даваат поевтино.“

Според договорот на владата со мелничарите, килограм пченица треба да се откупува по 14 денари.