Предлог-законот за медиуми повторно без решение за клучните проблеми

Нерегулираниот медиумски пазар, нелојална конкуренција, контрола над интернет медиуми, владините реклами и кампањи, се дел од проблемите за кои во предлог законот нема решенија.
Предлог законот за медиуми доби трета верзија, но овој пат тој е поделен на два дела, еден е општ предлог-закон за медиуми, а вториот текст е предлог-закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Но, иако предлогот вчера стигна до Собранието, министерот за информатичко општество Иво Ивановски најави дека до септември ќе примал сугестии околу предлогот.
Јас се чувствувам лично како дел од медиумската заедница, како да сме малку измамени, затоа што цело време претекстот за носење на закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги беше токму самото име на тој закон, кој што упатува на директива за аудиовизуелни услуги на Европската унија. Па државата на патот кон Унија треба да се усогласи со оваа директива, а за потребата од донесување на општ закон за медиуми, медиумската заедница веќе две години вели дека мора да се седне и сериозно да се дебатира, а не да се прави „на врат, на нос“. Очигледно е дека постои намера кај власта да се донесе еден општ закон за медиуми кој ќе даде некаква рамка за медиумската заедница, но начинот на кој тоа се прави е арбитрарен.
Петрит Сарачини, новинар.

Здружението на новинари и македонските медиумски организации за новиот предлог-закон ќе се излезат со свои забелешки и реакција откако ќе ја завршат анализата.

Петрит Сарачини, кој е активен учесник во расправата за законот за медиуми, вели дека со новата поделба на законот на два дела останува отворено прашањето - зошто ако вториот текст ги исполнува барањата кои се однесуваат на европската директива за аудиовизуелни работи, има потреба од првиот општ предлог закон за медиуми?

Илустрација.


„Јас се чувствувам лично како дел од медиумската заедница, како да сме малку измамени, затоа што цело време претекстот за носење на закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги беше токму самото име на тој закон, кој што упатува на директива за аудиовизуелни услуги на Европската унија. Па државата на патот кон Унија треба да се усогласи со оваа директива, а за потребата од донесување на општ закон за медиуми, медиумската заедница веќе две години вели дека мора да се седне и сериозно да се дебатира, а не да се прави „на врат, на нос“. Очигледно е дека постои намера кај власта да се донесе еден општ закон за медиуми кој ќе даде некаква рамка за медиумската заедница, но начинот на кој тоа се прави е арбитрарен“, вели Сарачини.
Останатиот дел што се однесува на печатените медиуми или интернет да се седне да се разговара, што сè за нив е регулирано во други закони во републикава и ако има потреба да речеме носиме или не носиме закон за нив. А сега излегува дека нема потреба, излегува дека тие ја завршиле веќе работата со барањата на ОБСЕ и сè ќе биде во ред.
Мирче Адамчевски, новинар.

Поранешниот претседател на Советот за радиодифузија Мирче Адамчевски, кој исто така учествуваше во расправата, вели дека доволно ќе беше само досегашниот закон за радиодифузија да се адаптира според директивата.

„Останатиот дел што се однесува на печатените медиуми или интернет да се седне да се разговара, што сè за нив е регулирано во други закони во републикава и ако има потреба да речеме носиме или не носиме закон за нив. А сега излегува дека нема потреба, излегува дека тие ја завршиле веќе работата со барањата на ОБСЕ и сè ќе биде во ред“, вели Адамчевски.

На прв поглед основните забелешки кои се однесуваат на агенцијата за медиуми и и советот на МРТВ и нивната независност и натаму во новите предлози остануваат нерешен проблем. Главната забелешка на меѓународните и домашни медиумски организации е составот на агенцијата, а не бројот на членови кој е намален во новиот текст. Односно сега ЗЕЛС и Собранието, наместо по три, ќе предлагаат по два члена, додека, пак, новинарите и натаму ќе може да предлагаат само еден член, а новина е учеството на Адвокатската комора во ова регулаторно тело.

„Околу изборот на членовите повторно се прави една игра, и наместо други претставници, сега во игра се става адвокатската комора, а вие знаете дека претседател на Адвокатската комора е адвокатот на премиерот Никола Груевски. Јас мислам дека има конфликт на интереси“, вели Адамчевски.

Сарачини додава дека телата кои ќе го спроведуваат законот се под дирекно влијание на власта и политиката.

„Во тие предлагачи на членовите на Агенцијата, сè уште доминира државата односно институциите на власта, сега е 4 спрема 3, тоа е мала корекција, но сепак мнозинството е во рацете на институциите на власта. А што се однесува до советот на МРТВ, останува истиот состав на предлагачи каде што доминацијата на предлагачите од институциите на власта е уште поголема“, вели Сарачини.

Тој додава дека проблематичен е членот 4 во општиот предлог закон за медиуми каде е покрај забраните, во облиците на дискриминација и говор на омраза се наведуваат само по расна, полова, верска и национална основа, а никаде не се спомнува дискриминацијата по политичка припадност што доминира во медиумите, ниту, пак, по сексуална ориентација или други видови на маргинализирани групи.

Нерегулираниот медиумски пазар, нелојална конкуренција, ланци на супермаркети кои продаваат само едни весници наместо сите, контрола над интернет медиуми, владините реклами и кампањи, рекламни емисии за успесите на власта кои што се емитуваат на МРТВ, се само дел од старите болки и проблеми кои во предлог законот не добиваат можни решенија, вели Сарачини. Тој вели дека во овие неколку месеци останува горчината на поразот - „ние добивме малку, а изгубивме многу и сè уште губиме“.