Високи царини за македонската носија

Грција воведе високи царини за народни носии кои се откупуваат од Македонија, а се пренесуваат кај јужниот сосед, велат од Центарот за едукација и негување на традицијата и фолклорот „Етно Илинден“ од Битола.
Грција воведе високи царини за народни носии кои се откупуваат од Македонија, а се пренесуваат кај јужниот сосед, велат од Центарот за едукација и негување на традицијата и фолклорот „Етно Илинден“ од Битола. Поради ваквата состојба, дури ни играорците од соседството не можат да си дозволат да купат пар чорапи од носија кај нас и да ги однесат во Грција, вели битолскиот етнолог Александар Тодоровски.
Грчките државјани, поточно нашите од Егејска Македонија, во последно време со економската криза не можат да изнесат ништо од Македонија, бидејќи плаќаат големи царини. Играорните групи од леринскиот дел кои се наши Егејци, откупуваа плетени чорапи, но сега дури и тие изработки не ги земаат зашто имаат голема царина на предметите што ги носат. Поради кризата и големите давачки на овие простори, намален е бројот на купување на и на изворните носии.
Александар Тодоровски, етнолог.

„Грчките државјани, поточно нашите од Егејска Македонија, во последно време со економската криза не можат да изнесат ништо од Македонија, бидејќи плаќаат големи царини. Играорните групи од леринскиот дел кои се наши Егејци, откупуваа плетени чорапи, но сега дури и тие изработки не ги земаат зашто имаат голема царина на предметите што ги носат. Поради кризата и големите давачки на овие простори, намален е бројот на купување на и на изворните носии“, вели Тодоровски.

Со ова прекина праксата вредни македонски народни носии стари повеќе од еден век да се продаваат и да се изнесуваат во Грција. Ваквите парчиња најчесто се купуваа во пограничните градови и села, а цената за еден комплет достигнуваше до 3.000 евра. Примероци на долами, џубиња, кошули, волнени појаси денес се по музеите и приватните колекции во странски метрополи.

Тодоровски вели дека во последните години многу тешко е да се најдат изворни македонски носии.

„Порано го имаше тој тренд, често и низ пазарите на Битола. Во поново време потешко е да се најдат и тоа што некогаш се изработило потрошило, износило или се откупило на теренот. За жал, и во поруралните села, подалечните веќе се опустошени, а народот живее во градовите, па на теренот веќе и нема народни носии“, вели Тодоровски.

Досега многу вредни ракотворби заминаа за Грција, повратно малку комплети од егејската носија се пренесени во Македонија.