Прилепските пожарникари се подготвуваат за летните пожари

Со цел поквалитетна интервенција и заштита, деновиве распределена е огноотпорна опрема за 21 од вкупно 34-ца пожарникари, преку донација од европските фондови во вредност од преку 30.000 евра.
Прилепските пожарникари се подготвуваат за поквалитетна интервенција и справување со огнената стихија во прилепскиот регион во летната сезона, кога е зголемена опасноста од избувнување пожари. Се вршат обуки за сателитско, компјутерско следење на пожарите на граничниот појас меѓу Македонија и Грција, се воспоставува соработка и се црпат искуствата од колеги од странство, се размислува за прием на сезонски работници, зашто единицата не е кадровски доопремена доколку се појави потреба да се интервенира при гаснење на поголеми пожари.
Опремата се состои во одело односно јакна и панталони негорливи, односно од негорлив материјал, чизми со исто негорлив материјал значи со неколкуслојна заштита и шлем и ракавици. Значи едно одело комплет, вакво чини околу 1.500 евра. Значи се работи за поголема сума на пари.
Станко Колески, командир на прилепската Територијална противпожарна едница.

Со цел поквалитетна интервенција и заштита, деновиве распределена е огноотпорна опрема за 21 од вкупно 34-ца пожарникари, преку донација од европските фондови во вредност од преку 30.000 евра. Со овој проект на Пелагонискиот плански регион и прилепската локална самоуправа наскоро ќе пристигне опрема уште за четворица пожарникари.

„Опремата се состои во одело односно јакна и панталони негорливи, односно од негорлив материјал, чизми со исто негорлив материјал значи со неколкуслојна заштита и шлем и ракавици. Значи едно одело комплет, вакво чини околу 1.500 евра. Значи се работи за поголема сума на пари“, изјави Станко Колески, командир на прилепската Територијална противпожарна едница.
Во наредниот период ќе дадеме посебен акцент за формирање на друштва, односно екипи кои што ќе бидат поприсутни на теренот, заради зголемените температури и зголемените опасности од појава на пожар.
Кочо Конески, претседател на Противпожарниот сојуз на Прилеп.

За поголема заштита на теренот и поголема контрола на пожарите, во активностите е вклучен и прилепскиот Противпожарен сојуз.

„Во наредниот период ќе дадеме посебен акцент за формирање на друштва, односно екипи кои што ќе бидат поприсутни на теренот, заради зголемените температури и зголемените опасности од појава на пожар“, вели Кочо Конески, претседател на Противпожарниот сојуз на Прилеп.

Прилепската Територијална противпожарна единица ќе добие и целосно нови простории за работа во објектот на поранешното индустриско училиште, кое ќе се реконструира за оваа намена. Новата противпожарна станица ќе биде опремена согласно со сите современи европските стандарди, а средствата се одвојуваат од општинскиот буџет.

„Инвестицијата ќе чини некаде околу 200.000 евра , покрај простории за пожарникарите и за опремата ќе има посебни простории и за возилата, а исто така ќе има и едукативен центар каде редовно ќе се вршат обуки и едукации од нашите служби и институции, меѓутоа и од меѓународни фактори со цел секогаш да се осовременува работењето на пожарникарите на оваа противпожарна единица и на целиот регион“, истакнува градоначалникот Марјан Ристески.

Објектот треба да биде готов најдоцна за три месеци. Но, освен тоа во следните три години ќе се изградат и истурени единици на разни места во градот, а прилепската ќе биде прва единица во Македонија која од организациски аспект ќе биде дисперзирана. Според надлежните, прилепската е една од најактивните и најефикасните противпожарни единици не само во Македонија, туку и во регионот. Од локалната самоуправа истакнуваат дека во соработка со Владата на Република Македонија и разни донатори се обезбедени досега повеќе стотици илјади евра, помош за доопремување.