Кога дома е тешко, излезот е - роуд шоу

Македонска владина делегација во посета на Калининградската област во Руската Федерација.

Секогаш кога во земјата има непријатни и тешки настани и процеси, премиерот Никола Груевски заминува на роуд шоу во странство, вели бившиот министер за финансии Џевдет Хајредини
Роуд шоуата на владата за привлекување на странски инвестиции предводени од премиерот Никола Груевски за експертите се бескорисни. Последна во низата беше Естонија, а претходно на агендата беа скандинавските земји, Кина, Русија, Италија, Соединетите Држави и Азербејџан, како и Бразил, Аргентина и Мексико.
По мене ова се крајно неубедливи патувања, овие прошетки, овие долготрајни отсуства од државата, а се поврзуваат со некои за него непријатни настани во земјата. Не му се допаѓаат некои работи и тој бега, тоа значи пикање на главата во песок. Второ, седум години стана а ние од неговите посети немаме ништо, не нешто, ништо немаме.
Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии.

Во Бунарџик инвестираа „Технохозе“, „Кемет електроникс“, „Џонсон контролс“ и „Џонсон Мети“, а според податоците на Народната банка лани од странски директни инвестиции се влеале 105 милиони евра.

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини вели дека ако се изврши анализа, патувањата на премиерот Никола Груевски се совпаѓаат со одредени актуелни состојби во државата на кои тој не сака да биде присутен.

Премиерот Никола Груевски на бизнис форум во Талин, Естонија. Владимир Пешевски, Виктор Мизо.


„По мене ова се крајно неубедливи патувања, овие прошетки, овие долготрајни отсуства од државата, а се поврзуваат со некои за него непријатни настани во земјата. Не му се допаѓаат некои работи и тој бега, тоа значи пикање на главата во песок. Второ, седум години стана, а ние од неговите посети немаме ништо, не нешто, ништо немаме.“

Професор Ванчо Узунов, кој е и потпретседател на СДСМ, вели дека одењето во странските земји е пред се за домашна употреба и за собирање на политички поени.
А во конкретниов случај има уште една дополнителна причина, тоа е бегање од земјата во моменти кога треба да се даде договорност за крахот на Самитот на ЕУ каде Македонија не е ни спомната.
Ванчо Узунов, потпретседател на СДСМ.

„Целта на сите тие роуд шоуа што ги правеше, ги прави, а изгледа и понатаму ќе ги прави владата е за нивна домашна употреба, да се остави впечаток дека владата многу се труди да направи нешто, меѓутоа условите се тешки, па тоа не и успева. А во конкретниов случај има уште една дополнителна причина, тоа е бегање од земјата во моменти кога треба да се даде договорност за крахот на Самитот на ЕУ каде Македонија не е ни спомната.“

Според Хајредини, земјите како Естонија не би требале да бидат на агендата на роуд шоуата, бидејќи од нив не може да се очекуваат инвестиции.

„Затоа што е мала земја, не може да има големи инвеститори. На нив им е доволно опкружувањето, тие се граница со скандинавските земји. Што бара во Скопје да дојде? Апсолутно е несфатливо тоа да го очекуваш од Естонија.“

Узунов смета дека досега немало позитивни промени од наводните напори на владата за привлекување странски инвестиции.

„Мислам дека отсуствува целосна анализа за тоа колку е потрошено како пари, колку е потрошено, а колку е добиено, ако се изработи анализа, мислам дека резултатот ќе биде негативен.“

Узунов порачува дека најпрвин треба да се изгради стратегија и да се утврдат причините зошто конкретно некоја земја би била заинтересирана да инвестира во Македонија.