Владините партнери избираат пораките за важни теми да си ги испратат преку медиуми и за нив не дискутираат онаму каде што треба на владини и собраниски седници, велат експертите.
Постојаните повици во последно време од страна на ДУИ за решавање на спорот со името со Грција засега не допреа до нивниот коалиционен партнер во владата ВМРО-ДПМНЕ. И покрај барањата на САД и опозицијата за отвореност на преговорите, владата молчи за процесот. Лидерот на ДУИ Али Ахмети по средбата со амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет уште еднаш повика на решавање на спорот со името преку седнување на преговарачка маса за последниот предлог на медијаторот на ОН Метју Нимиц. Претходно Ахмети имаше серија средби со претставници на меѓународната заедница, а се изјасни и дека за нив би била прифатлива референцата Горна или Северна Македонија.
Радмила Шеќеринска од СДСМ вели дека е чудно што коалиционите партнери избираат пораките да си ги испратат преку медиуми и за нив не дискутираат онаму каде што треба на владини и собраниски седници.
„Од почетокот на овој спор до денеска сме тврделе дека сигурен рецепт да не се реши и сигурен рецепт да не се ослободи Македонија од застојот во европските и евроатланските интеграции е на овие теми да се дискутира само преку изјави за медиумите.“
Шеќеринска додава дека тоа не е вистинскиот начин.
„Меѓутоа тоа зборува за една атмосфера внатре во владата во која главните партнери очигледно на клучни теми имаат сосема различни стојалишта и не е задача ниту на јавноста, а уште помалку на опозицијата да им ги разреши тие разлики, бидејќи тоа е невозможно.“
Претседателот на НСДП Тито Петковски вели дека ДУИ е принудена на некој начин да врши притисок врз ВМРО ДПМНЕ поради гласачите на кои им ветила влез во ЕУ и НАТО.
„ДУИ веројатно има сериозни проблеми сега кога постојано ветува на изборите дека нивниот приоритет се НАТО и ЕУ, а никако да се доближиме и верувам дека ќе одат во насока на убедување на премиерот за заедничко опстојување на власт, нешто на тој план да се помери, а можеби му даваат некои сугестии, не знам.“
Од опозицијата велат дека нема оправдување за молкот за спорот со името, кој веќе со години владее на оваа суштинска тема за Македонија.
Сигурен рецепт да не се реши и сигурен рецепт да не се ослободи Македонија од застојот во европските и евроатланските интеграции е на овие теми да се дискутира само преку изјави за медиумите.Радмила Шеќеринска, СДСМ.
Радмила Шеќеринска од СДСМ вели дека е чудно што коалиционите партнери избираат пораките да си ги испратат преку медиуми и за нив не дискутираат онаму каде што треба на владини и собраниски седници.
„Од почетокот на овој спор до денеска сме тврделе дека сигурен рецепт да не се реши и сигурен рецепт да не се ослободи Македонија од застојот во европските и евроатланските интеграции е на овие теми да се дискутира само преку изјави за медиумите.“
Шеќеринска додава дека тоа не е вистинскиот начин.
„Меѓутоа тоа зборува за една атмосфера внатре во владата во која главните партнери очигледно на клучни теми имаат сосема различни стојалишта и не е задача ниту на јавноста, а уште помалку на опозицијата да им ги разреши тие разлики, бидејќи тоа е невозможно.“
ДУИ веројатно има сериозни проблеми сега кога постојано ветува на изборите дека нивниот приоритет се НАТО и ЕУ, а никако да се доближиме.Тито Петковски, НСДП.