Достапни линкови

Грчкиот став за името не се менува со министрите


Реконструкцијата на грчката влада и назначувањето на лидерот на ПАСОК Евангелос Венизелос за нов министер за надворешни работи нема да внесат новини во спорот со името и во текот на преговорите, велат експертите.

Реконструкцијата на грчката влада откако Демократската левица се повлече од кабинетот и назначувањето на лидерот на ПАСОК Евангелос Венизелос за нов министер за надворешни работи нема да влијаат во спорот со името, велат експертите. Пред последниот самит на НАТО во Чикаго минатата година Венизелос беше еден од политичарите кои инсистираа на тоа Грција да стави вето на приемот на Македонија во Алијансата доколку тоа прашање биде на агенда на самитот.
Тоа е потврдна на доста цврстиот став на претседателот Папуљас од пред неколку дена дека нашата држава, народ, јазик не постојат, меѓутоа останува да видиме и сите се надеваме дека која и да е промена во политичката структура на грчката држава може нешто да измени. Засега нема индикации за тоа.
Димитар Мирчев, универзитетски професор.

Професорот Димитар Мирчев вели дека не верува оти промените во грчката влада ќе внесат новини во спорот со името и во текот на преговорите.

„Тоа е потврдна на доста цврстиот став на претседателот Папуљас од пред неколку дена дека нашата држава, народ, јазик не постојат, меѓутоа останува да видиме и сите се надеваме дека која и да е промена во политичката структура на грчката држава може нешто да измени. Засега нема индикации за тоа.“

На истиот став е и политичкиот аналитичар Арсим Синани.
Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Никола Попоски и Димитрис Аврамопулос, 2012.
Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Никола Попоски и Димитрис Аврамопулос, 2012.

„Не мислам дека промените во Владата на Република Грција ќе ги променат ставовите на грчката политика. Грците имаат црвена линија и во поради таа црвена линија Македонија не може да влезе во НАТО и во ЕУ без да го промени името.“

Грците имаат црвена линија и во поради таа црвена линија Македонија не може да влезе во НАТО и во ЕУ без да го промени името.
Арсим Синани, аналитичар.
Според Мирчев во Македонија има единствен став за името, бидејќи ниту еден политички субјект не е согласен да направи компромис со идентитетот на народот и јазикот, како и компромис кој би бил на штета на нацијата.

„Можеби има различни оценки за интензитетот на разговорите, на методологијата и слично, меѓутоа не ми се верува дека нема некој национален консензус, вклучувјаќи ги дури и граѓаните од другите етнички заедници.“

Со неговиот став не се согласува Синани.

„Јас не би рекол дека имаме единство по ставот за името, бидејќи за Албанците не е прифатливо името со суфиксот „славо“ или такво нешто. Албанците во Македонија ги поттикнуваат македонските политички партии да го решат спорот за името.“

Мирчев порачува дека не се согласува со критиките кон власта дека не прават доволно да се интензивираат преговорите за спорот со името. Но, според него, може да бидат преземени поголеми дипломатски напори и со аргументи да се покаже дека сме флексибилни.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG