Се надеваме дека ќе се создадат можеби услови за да се отпочне со тие разговори, а тие услови секако дека ќе следат откако и од наша страна, па и од страна на СПЦ се сфати и разбере дека од досегашните некомуницирања ниту ние, ниту тие имаат некаква полза и конечно да се разбере, да се сфати дека само со дијалог може да се решат недоразбирањата и проблемите, вели митрополитот на преспанско-пелагониската епархија, Господин Петар, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Да почнеме со она што беше актуелно во изминатиот период. Дали како Синод имате заеднички став околу наводното планирање за уривање црква?
Синодот е надлежен да се произнесе во врска со сето тоа што се случуваше и секако на една од седниците на Светиот архиерејски Синод ќе биде најверојатно коментирано тоа и тогаш ќе добиете и јавна информација, односно соопштение од страна на портпаролот на Светиот архиерејски Синод.
Но градоначалникот изјави дека во ниту еден план не станува збор за уривање црква. Дали вие имавте информација за тоа, дали сте ја слушнале таа изјава?
Воопшто не знаеме за таа информација и во врска со тоа дури и јас бев во непосредна близина на Општина Центар каде што беа тие протести, но не знаев дека тоа собирање е во врска со случувањата околу црквата.
Бидејќи не сакате да коментирате на оваа тема, одиме на други теми што се важни за МПЦ. На пример продолжувањето на дијалогот со СПЦ, дали има услови за тоа, бидејќи СПЦ има ново раководство?
Дијалог е неопходен секогаш за решавање на сите прашања и проблеми што се присутни меѓу луѓето, а уште повеќе меѓу институции, па во конкретниот случај меѓу двете цркви – Македонската и Српската православна црква. Се надеваме дека ќе се создадат можеби услови за да се отпочне со тие разговори, а тие услови секако дека ќе следат откако и од наша страна, па и од страна на СПЦ се сфати и разбере дека од досегашните некомуницирања ниту ние, ниту тие имаат некаква полза и конечно да се разбере, да се сфати дека само со дијалог може да се решат недоразбирањата и проблемите.
Дали во изминатиот период имаше иницијативи од македонска страна или од страна на СПЦ за продолжување на дијалогот?
Не забележавме ниту во соопштенијата на Соборот на СПЦ дека воопшто тоа е ставено на дневен ред за да се дискутира, но можеби доколку ветувањата на претседателот на Република Србија, господинот Николиќ, кој вети дека ќе се заложи да се отпочне тој разговор меѓу двете цркви, дури и вети дека ќе најде начин како да се надминат тие недоразбирања, ако оттаму тргнат работите мислам дека можеби и ќе отпочнат некои разговори во скоро време.
Како од оваа дистанца гледате на Нишкиот договор?
Тоа пред сè не е договор, тоа е предлог-договор, а ако е предлог-договор тоа значи дека не е обврзувачки ниту за нас, ниту за СПЦ, иако СПЦ сакаше тоа да го наметне како да е веќе некаков договор кој има обврзувачки карактер за двете цркви. Такви предлог-договори постоеле уште од многу години претходно, почнувајќи од првиот работен текст од Струмица, во манастирот Водоча и Вељуса, каде што јас не присуствував и потоа вториот текст којшто бил конечно изготвен во Нови Сад, па понатаму следуваа и други. Не станува збор за некаков обврзувачки договор, туку за предлог-договор како што првично беше и еден од најдобрите, може да се рече слободно, оној што се договоривме двете цркви во 1992 година во манастирот Света Богородица во Калишта, кога се донесе заеднички став на двете цркви дека треба да служиме заедно, ние архиереите и свештенството на двете цркви, и прашањето за нашата автокефалност да биде потоа решавано. Прво да се изрази евангелската љубов меѓу двете цркви, меѓу свештенството, епископатот и верниците, а потоа да следува решавањето и тој став е единствениот по мое длабоко убедување начин на решавање на спорот меѓу двете цркви.
Дали се продлабочуваат односите со некои други цркви и дали нашата црква присуствува на некои заеднички манифестации?
Од 1992 година кога јас сум поставен за претседател на одделот за односи со православните и другите цркви и верските заедници, имаме направено посета во скоро сите помесни православни цркви, почнувајќи од Цариградската патријаршија, потоа воспоставени се контакти со Ерусалимската православна црква, со Александриската православна црква, со Антиохиската, со Грчката, Кипарската, со Руската, многу, многу средби со Бугарската, Романската, Полската, Чехословачката, па така може слободно да се рече со сите помесни православни цркви и одговорот секогаш од нивна страна во врска со решавањето на нашето прашање е дека сепак би требало тоа прашање да се симне од дневен ред, откако ќе се најде решение меѓу МПЦ и СПЦ.
Како гледате на критиките од поглаварот на ИВЗ дека ИВЗ се чувствува запоставено и дека власта ја форсира МПЦ?
Не мислам дека воопшто такво нешто постои, напротив, мислам дека ако тргнете кон Скопје или надвор од Скопје и кон другите градови, Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Охрид ако сакате, Битола итн., ќе видите дека ако некоја верска заедница или организација се промовирала и се промовира и ги обележува просторите дека се нејзини, тоа е ИВЗ. Нема простор каде што нема подигнато едно, две, три минариња, џамии итн., и тоа се несразмерни објекти, мислам на минарињата, во однос на самите џамии кои се за употреба на верниците, за потребите на верниците, за задоволување на нивните потреби, затоа што ете и во другите земји, еве во Австралија каде што исто така управувам со таа епархија, таму не се дозволува од објектот повеќе од 2-3 метри да биде издигнато минарето, додека тука, ако е објектот висок 10 метри, тогаш минарето ќе биде 100 метри високо и тоа е она што ги предизвикува честопати минувачите, па и сите други, дека не треба да се пренагласува и да се обележува просторот дека припаѓа на една верска заедница. Нашите цркви никаде не можете да ги забележите, ниту, пак, камбанариите што постојат и кои се сосема малку, така што просторот каде што има објекти ИВЗ се обележува на тој начин и тоа не е добро и ако гледаме од тој аспект, тогаш длабоко веруваме дека многу повеќе објекти има изградено ИВЗ во новите урбани населби отколку што има МПЦ, па така не може да се рече дека ние, МПЦ, сме на некој начин привилегирани.
Дали со одредени свои постапки и изјави МПЦ и ИВЗ може да придонесат во тоа да нè приближат или уште повеќе да го продлабочат меѓуетничкиот јаз?
Секако дека може да придонесат за на некој начин обединување, ама тоа да биде со големо разбирање, во смисла, таму каде што има потреба да се гради за потребите на верниците, било за ИВЗ, било за МПЦ, тоа треба да се поддржи. Еве јас само ќе посочам едно село во мојата епархија, во кое веќе има две џамии, мнозинството население е муслиманско, тоа е Пешталево во прилепско, но не дозволуваат таму досегашните градоначалници кои беа припадници на ИВЗ, не дозволија да се изгради црква иако на местото на црквата на некој начин после со катастарските измени и промени е изградена џамијата. Сè додека е таков односот, таму, на тие простори каде што се присутни верниците од ИВЗ, да го попречуваат на некој начин градењето на цркви за потребите на верниците на МПЦ, не може да се очекува некој напредок. Значи некој мора да сфати, да разбере дека за да имаме разбирање и да имаме напредок, ние за тоа се залагаме целосно, треба да се прават отстапки, а не да се бараат начини како едните да бидат фаворизирани од страна на нивните лидери, а другите да бидат потиснувани.
Во јавноста се чести критиките за возниот парк на владиците. Дали парите може да се трошат порационално?
По тоа прашање сакам да кажам дека ние како Епархија, да не заборавиме дека не се работи за владиката како личност, туку се работи за институција МПЦ и институции епархии, и ако една институција како Преспанско-пелагониската епархија во која спаѓаат пет големи градови, големи градски општини, Прилеп, Битола, Ресен, Крушево, Демир Хисар итн., тогаш веќе мора да се разбере дека институцијата треба да има соодветни возила затоа што ние комуницираме со луѓе од целиот свет и ќе излезе дека или сме недоветни некако со управувањето со црквата, со епархијата итн., ако ви дојде гостин да немате возило со кое ќе го однесете некаде, каде било, тоа е едната работа, а другата работа е дали возилата се земени да ги задоволуваат потребите на епархијата или на црквата или со нив правите некои луксузни работи. Ние имаме две возила, едното возило, поновото, е старо пет години и второто возило е старо 14 години. Значи кога старото возило беше старо девет години, повеќе не можеше да биде за сигурна употреба на подолги релации, тогаш купивме ново возило. Така што мислам дека е банално дискутирањето по овие прашања за таму каде што нема потреба да се поставува тоа прашање. Ако има некој што прави нешто што е нескромно, недостоинствено, тогаш таму да се постави прашањето.
Кога велам дали парите може да се пренасочат порационално мислам од аспект на тоа дали црквата има фондови коишто се наменети да кажеме за сиромашните луѓе, односно за хумани цели?
МПЦ и конкретно зборувам за нашата епархија се труди да им помогне на луѓето. Ете имаме формирано фонд за трето дете за оние семејства кои сакаат да имаат повеќе од две деца и свештениците од градските цркви доброволно се откажаа од она што им припаѓа како хонорар за извршување на нивната дејност во црквите и секако дека е тоа добар поттик и кај верниците да се помогнат тие што се во тешка состојба семејства кои имаат повеќе од две деца. Исто така имаме формирано кујни и хуманитарна организација при Преспанско-пелагониската епархија, Самарјанин, со која ги помагаме исто така и оние кои имаат потреба од храна, алишта итн. Дури, преку хуманитарната организација од Австралија за неколку болници донесовме апарати за бубрези и други помагала.