Во деновите од претстојниот викенд, во Центарот за култура „Иљо Антевски Смок“ во Тетово, ќе се одржи 22 издание на Меѓународниот хорски фестивал – Техо. На манифестацијата која настојчиво се грижи за негувањето на хорската традиција во Република Македонија, годинава учество ќе земат 10 домашни и три хорски ансамбли од соседните земји - Албанија, Србија и Бугарија.
Над 600 хористи, главно од Македонија и од трите ансамбли кои доаѓаат од Албанија, Србија и од Бугарија, ќе земат учество на претстојниот 22. Меѓународен хорски фестивал - „Тетовски хорски одзиви“, кој се одржува во годината кога манифестацијата ги одбележува четирите децении од своето постоење.
Ивица Зориќ, директор на Фестивалот и хорски диригент, вели дека Техо во 1973 година започна со една единствена цел: да ја негува хорската традиција во Македонија и дека опстојува сите овие години благодарение на ентузијазмот на вљубениците во музиката кои за целото тоа време нималку не се штеделе од него да направат симбол на културните случувања на градот под Шара. Тој дополнува дека манифестацијата се одржува биенално, а од 1997 година таа доби и меѓународен карактер со учесници од скоро сите балкански земји.
„Се надеваме дека и овојпат ќе ја претставиме македонската хорска музика во најдобро светло затоа што Тетово е град кој го заслужува тоа и навистина настојуваме да се потврдиме како културна средина, средина во која што живеат граѓани од различни етникуми, но сепак со единствена желба музиката да ги сплоти сите луѓе и да имаме еден настан кој навистина ќе остане во сеќавање.“
Зориќ како особено значаен момент од оваа успешна фестивалска приказна го издвојува фактот што македонските композитори често пишуваат хорска музика и истакнува дека безмалку нивните композиции своите праизведби ги имале токму на оваа манифестација.
Инаку, покрај тетовските „Лале“ и „Менада“, во редот на најредовните учесници на Техо од нашава земја е Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар од Скопје. Сашо Татарчевски, актуелниот диригент на хорот, забележува дека Фестивалот денес е единствениот ваков настан кај нас и од таму Тетово е единственото место каде што хоровите кои што активно работат можат да се соберат и да покажат до каде стигнале во своето делување. Да бидат договорени идните заеднички планови и настапи во и надвор од земјата.
„Со хорот имавме успешен настап во Кочани минатата недела и овој перформанс на Техо ќе ни биде многу убаво надополнување на таа концертна активност бидејќи ние веќе подолго време се подготвуваме за еден огромен хорски натпревар а тоа се Европските хорски игри кои се одржуваат во средината на месец јули во Грац, во Австрија.“
Диригентот истакнува дека во оваа пригода Женскиот младински хор ќе се претстави со програма поразлична отколку на последните неколку настапи (праизведбата на „ФИРОМ реквием“ од Александар Пејовски) и дека ќе пеат исклучиво а-капела музика од нивниот стандарден репертоар со кој низ годините наназад станаа препознатливи на европската хорска сцена.
Инаку, „Тетовски хорски одзиви“, манифестацијата што ја поддржаа Министерството за култура и локалната самоуправа, ќе биде отворен со поединечни настапи на ансамблите в сабота на 22 јуни, а на завршната вечер в недела спуштањето на завесата ќе биде означено со заедничката изведба на композицијата „Viva la musica“.
Кон ова само уште информацијата, дека во рамките на Техо биенално се одржува и Меѓународниот фестивал на православна духовна музика чие 23 издание ќе биде во јуни наредната година.
Се надеваме дека и овојпат ќе ја претставиме македонската хорска музика во најдобро светло затоа што Тетово е град кој го заслужува тоа и навистина настојуваме да се потврдиме како културна средина, средина во која што живеат граѓани од различни етникуми, но сепак со единствена желба музиката да ги сплоти сите луѓе и да имаме еден настан кој навистина ќе остане во сеќавање.
Ивица Зориќ, директор на фестивалот Тахо.
Ивица Зориќ, директор на Фестивалот и хорски диригент, вели дека Техо во 1973 година започна со една единствена цел: да ја негува хорската традиција во Македонија и дека опстојува сите овие години благодарение на ентузијазмот на вљубениците во музиката кои за целото тоа време нималку не се штеделе од него да направат симбол на културните случувања на градот под Шара. Тој дополнува дека манифестацијата се одржува биенално, а од 1997 година таа доби и меѓународен карактер со учесници од скоро сите балкански земји.
„Се надеваме дека и овојпат ќе ја претставиме македонската хорска музика во најдобро светло затоа што Тетово е град кој го заслужува тоа и навистина настојуваме да се потврдиме како културна средина, средина во која што живеат граѓани од различни етникуми, но сепак со единствена желба музиката да ги сплоти сите луѓе и да имаме еден настан кој навистина ќе остане во сеќавање.“
Со хорот имавме успешен настап во Кочани минатата недела и овој перформанс на Техо ќе ни биде многу убаво надополнување на таа концертна активност бидејќи ние веќе подолго време се подготвуваме за еден огромен хорски натпревар а тоа се Европските хорски игри кои се одржуваат во средината на месец јули во Грац, во Австрија.Ивица Зориќ, директор на фестивалот Тахо.