Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска вели дека факт е дека проблемот со илегалните мигранти не е сè уште решен, но факт е и дека Министерството презема засилени активности во борбата со мигрантите.
Македонија презема интензивни и засилени активности за трајно решавање на проблемот со криумчарењето на илегални мигранти, рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Полицијата пред неколку денови ја спроведе акција Коридор во која уапси 15 луѓе за криумчарење мигранти. Но ден потоа, во кумановско Лојане повторно врие од луѓе од Африка и од Азија, потврди за нашето радио претседателот на месната заедница Лојане Сељами Мехмети.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска вели дека факт е дека проблемот со илегалните мигранти не е сè уште решен, но факт е и дека Министерството презема засилени активности во борбата со мигрантите.
„Ова е активност која мора да трае континуирано, ние и така постапуваме, но не може да се занемари, односно да се избегне околноста дека најголемиот дел од овие мигранти доаѓаат од соседна Грција од каде за жал во овој момент не можеме да ја видиме истата посветеност за справување со проблемот, како што ја има таа посветеност Република Македонија“, рече Јанкулоска.
Македонија е во групата на земји кои, според Стејт департмент, целосно ги почитуваат минимум стандардите во борбата со трговијата со луѓе. Министерката вели дека оценката на Стејт департментот воопшто не е случајна и незаслужена, затоа што полиција лани евидентирала четири кривични дела трговија со луѓе при што кривично се пријавени седум случаи, а во еден од нив жртва е и малолетно лице. Јанкулоска додава и дека се зголемени активностите во делот на криумчарење на мигранти. Минатата година за 44 проценти е зголемена реализацијата во откривањето на ваквите кривични дела во споредба до 2011. Евидентирани се 39 кривични дела со пријавени 70 сторители на истите. А двојно е зголемен и бројот на илегални мигранти кои биле откриени, односно 415 во споредба со 173 во 2011. Документирано е и криумчарењето на 163 мигранти од Африка и од Азија.
Заменик амбасадорот на САД во Македонија Брајан Агелер рече дека САД се среќни што Македонија е партнер во кампањата за спречување на трговијата со луѓе.
„САД ќе го продолжат партнерството со Владата на Македонија и невладините организации во борбата против овој ужасен криминал. Заедно можеме и понатаму да направиме вистинска разлика како дел од глобалните напори за елиминација на ропството на денешницата.“
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов изјави дека тие како министерство се вклучени во помош и заштита на жртвите од трговија со луѓе.
Во најновиот извештај на американскиот Стејт департмент за ситуацијата со трговијата со луѓе во светот, Македонија е земја извор, но и земја транзит и дестинација за мажи, жени и деца изложени на трговија со секс и на принудна работа.
Ова е активност која мора да трае континуирано, ние и така постапуваме, но не може да се занемари, односно да се избегне околноста дека најголемиот дел од овие мигранти доаѓаат од соседна Грција од каде за жал во овој момент не можеме да ја видиме истата посветеност за справување со проблемот, како што ја има таа посветеност Република Македонија.Гордана Јанкулоска, министерка за внатрешни работи.