На 17-то издание на Медитеранските игри, Македонија, ќе настапи со пет национални тимови - машкиот и женскиот во ракомет, потоа фудбалскиот (до 19 години) и кошаркарскиот, како и одбојкарскиот.
Со 116 натпреварувачи во 19 спортови, Македонија ќе се обиде не само да учествува туку и да освои медали во својот дебитантски настап на Медитеранските игри. Нивното 17-то издание, ќе се одржи од 20-ти до 30-ти овој месец во турскиот град Мерсин, каде што во 27 спортови ќе се натпреваруваат повеќе од 3.500 спортисти од 24 медитерански земји (од Европа, Азија и од Африка).
Во ова друштво Македонија, ќе настапи со пет национални тимови - машкиот и женскиот во ракомет, потоа фудбалскиот (до 19 години) и кошаркарскиот, како и одбојкарскиот. Тој во Мерсин замина со најквалитетниот состав, што дополнето со успешно минатиот прв филтер во мундијалските квалификации и
минатонеделната победа над силната репрезентација на Бугарија, ги прави одбојкарите наши најголеми адути за освојување трофеј во екипните спортови. Тие не кријат дека медалот е и во нивните мисли, а капитенот Никола Ѓорѓиев изјавува:
„Искрено ние сите потајно целиме кон тоа, сите потајно се надеваме. Меѓутоа, не сакаме да го искажеме како тоа да ни биде целта, бидејќи се уште не знаеме какви сме под притисок. А, реално репрезентацијата на Бугарија, онаа која ја победивме, е многу подобра од Италија, Алжир и Тунис со кои што сме во групата. И мислам дека ако покажеме една добра игра, една воиграност и најбитно од се да ја оствариме тактичката замисла која што ја имаат тренерите и тактичката дисциплина, мислам дека можеме да се радуваме на медал“.
Во поединечните спортови, во Мерсин ќе имаме претставници и во атлетика, бокс, борење, тенис, пливање, карате, стрелаштво, стреличарство, мечување, пинг - понг, џудо, велосипедизам, бадмингтон, теквондо и во гимнастика. Во повеќето од овие натпреварувања во црвено - жолтиот дрес ќе настапат млади и перспективни спортисти, што не значи дека и тука немаме адути за медал. Тоа се пред се каратистите Берат Јакупи и Мартин Несторовски, како и борачот Дејан Митров, кој не стравува од силната конкуренција во неговата категорија до 66 килограми.
„Се работи за навистина квалитетни борачи кои веќе се носители на европски и на светски медали. Меѓутоа, во секоја работа во животот што ја работам сум оптимист, така да мислам дека со желба и со спортска среќа никој не е непобедлив. Сите може да се победат ако се верува во себе и во самата работа која што ја работиме. Јас верувам во себе и се надевам на медал од Медитеранските игри, што би бил голем резултат како за мене, така и за мојата татковина“, рече Митров.
Инаку, иако на Македонија ова и е прво учество на Медитеранските игри како држава, тоа не важи и за македонските спортисти. Тие, во екипи на поранешна Југославија на ова ценето натпреварување (кое почна во 1951 година во Александрија), имаат освоено 18 медали, од кои 4 златни и по 7 сребрени и бронзени, а најтрофеен наш спортист со 3 златни медитерански медали е борачот Шабан Трстена.
Искрено ние сите потајно целиме кон тоа, сите потајно се надеваме. Меѓутоа, не сакаме да го искажеме како тоа да ни биде целта, бидејќи се уште не знаеме какви сме под притисок.Никола Ѓорѓиев, одбојкар.
Во ова друштво Македонија, ќе настапи со пет национални тимови - машкиот и женскиот во ракомет, потоа фудбалскиот (до 19 години) и кошаркарскиот, како и одбојкарскиот. Тој во Мерсин замина со најквалитетниот состав, што дополнето со успешно минатиот прв филтер во мундијалските квалификации и
Се работи за навистина квалитетни борачи кои веќе се носители на европски и на светски медали. Меѓутоа, во секоја работа во животот што ја работам сум оптимист, така да мислам дека со желба и со спортска среќа никој не е непобедлив.Дејан Митров, боксер.