„Пет варијации на статичноста: тишина“ во скопскиот џез клуб Моџо

Фотографија од инсталацијата „Однасловено“ на Велимир Жерновски.

„Пет варијации на статичноста: тишина“ е насловен проектот на кураторката Ивана Васева од Проектниот простор „Прес ту егзит“, чиј прв настан под наслов „За љубовта или внатрешниот порив“ ќе се одржи утревечер во скопскиот џез-клуб „Моџо“ со почеток од 21 часот. Станува збор за личносно преиспитување на нашата внатрешна решеност, одлучност и спремност да исчекориме во „непознатото“ поради верувањето во слободата и убавината.
Беседата на Аристофан, „Гозба или за љубовта“ од Платон, инсталацијата во простор „Однасловеното“ на Велимир Жерновски, читачката изведба на драмскиот текст „Стари миризби“ на Мишел Тремблеј од актерите Жарко Спасовски и Александар Михајловски, студенти на актерска игра од четврта година на Факултетот за драмски уметности и музичкиот сет „Мариагартха“ на Ф.Р.И.К. – Формацијата за развој на иницијативи во културата, се содржините на „За љубовта или внатрешниот порив“, првиот од петте настани со кои ќе започне проектот на кураторката Ивана Васева насловен како „Пет варијации на статичноста: тишина“.
Првиот настан зборува за љубовта или за внатрешниот порив, односно за почетокот на размислувањата да се случуваат нештата. Тоа е моментот кога ни текнува, кога стануваме свесни дека треба нешто да преземеме во врска со нашето опкружување, кога сфаќаме дека не сме само индивидуи, туку и дека сме дел од некој поголем колектив, односно дека ние сме колектив по однос на некакви онтолошки причини.
Ивана Васева, кураторка.

Под ова заглавие, во скопскиот џез-клуб „Моџо“, таа ќе се обиде да ги постави прашањата што значи во денешно време уметноста, која е нејзината улога и кое е нејзиното значење поврзано со активистичката компонента која во последно време е особено актуелна.

Ивана Васева, кураторка.


„Првиот настан зборува за љубовта или за внатрешниот порив, односно за почетокот на размислувањата да се случуваат нештата. Тоа е моментот кога ни текнува, кога стануваме свесни дека треба нешто да преземеме во врска со нашето опкружување, кога сфаќаме дека не сме само индивидуи, туку и дека сме дел од некој поголем колектив, односно дека ние сме колектив по однос на некакви онтолошки причини.“

Васева дополнува дека преку застапените содржини наедно сакала гласно да размислува за тоа што значи хомосексуалноста и зошто се маргинализирани и стигматизирани сите оние што сакаат слободно да љубат.
Мислам дека е време да подразмислиме дека уметноста не е само онаа која што се случува во галериите и која што ја гледаме, туку уметноста би требало да не допре и да не поттикне на размислување и кога ќе отидеме дома сè уште да бидеме фокусирани на тоа. Овој проект сакам токму тоа да биде. Не да не направи подобри индивидуи или да не направи активни, туку да не поттикне на себепреиспитување.
Ивана Васева, кураторка.

„Сакам некако да го преиспитам прашањето колку сакаме, што ни е дозволено да сакаме и конечно зошто не ни е дозволено да сакаме слободно.“

Кураторката смета дека е битно да видиме што правиме како индивидуи во времево во кое на пример се случуваат протестите во Турција околу Гези паркот, кога нам ни е реалност обидот за зачувување на сегашниот лик на ГТЦ и вели дека сака гласно да праша зошто го правиме тоа, или зошто постои уметноста и што работат уметниците – дали прават уметност затворена меѓу ѕидови или можеби можат со своето дело и со јавните настапи да придонесат кон градење на некакво современо демократско општество.

Во рамките на „Пет варијации на статичноста: тишина“, до 18 јули, ќе бидат одржани и преостанатите четири настани насловени како „За хуманоста или функцијата на љубовта“, „За сочувството или можноста за чувствена телепатија“, „За акцијата или интрузијата во самиот живот“ и „За одговорноста пред себе и другиот“, за кои имињата на учесници ќе бидат дополнително објавени, а Васева смета дека во основа се работи за личносен проект кој потекнува од неа, но во кој таа се обидува да ги вклучи сите оние кои комплетно му се посветени на она што го работат.

„Мислам дека е време да подразмислиме дека уметноста не е само онаа која што се случува во галериите и која што ја гледаме, туку уметноста би требало да не допре и да не поттикне на размислување и кога ќе отидеме дома сè уште да бидеме фокусирани на тоа. Овој проект сакам токму тоа да биде. Не да не направи подобри индивидуи или да не направи активни, туку да не поттикне на себепреиспитување.“

Родена 1984 година, Ивана Васева дипломирала на Факултетот за историја на уметност при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 2007 година. Била една од учесниците на проектот „Расшколувано знаење, колективно самообразование во уметноста и во културата“ (во организација на Теорија која хода од Белград и нашиот Контрапункт) и партиципиент во Кураторската програма 2011 – 2012 на de Appel arts centre од Амстердам, Холандија. Таа е дел од тимот на непрофитната организација „Прес ту егзит“ - Проектен простор, а работела и како новинарка во еден од дневните весници во Република Македонија.