Ние ги охрабруваме сите во регионот нерешените прашања да ги сфатат сериозно, затоа што само така може да се постигне прогрес, рече помошникот на американскиот државен секретар Филип Рикер.
Дијалогот е најважен за прашањата како спорот за името меѓу Македонија и Грција, не само меѓу властите, туку и во јавноста и тоа го видовме кај Косово и Србија кои направија голем напредок во насока на нормализирање на односите. Ова денеска повторно го порача помошникот на американскиот државен секретар Филип Рикер по средбата на министрите за надворешни работи на земјите членки на Јадранската повелба.
„Поентата што сакав да ја истакнам вчера е дека САД го поддржуваат процесот кој се одвива во рамките на ОН под медијаторство на Метју Нимиц како начин да се оди напред во дискусиите за спорот за името меѓу Грција и Македонија. Колку повеќе луѓето се фокусираат на тоа и ги интензивираат напорите, толку поблиску може да дојдат до решение“, рече Рикер.
Рикер вели дека САД ги охрабруваат Грција и Македонија да го искористат процесот во ОН под покровителство на Метју Нимиц, кој во изминатите месеци даде нов предлог и оти тоа е основата за поголема ангажираност во преговарачкиот процес за изнаоѓање на решение.
„Ние чувствуваме дека во изминатава година се постигнати големи чекори, гледаме прогрес, Хрватска е совршен пример за тоа, да ја заврши тешката неопходна работа, тие ќе и се пружат на Европската Унија, веќе се горд член на НАТО алијансата. Црна Гора започна пристапни разговори со ЕУ, работи на акцискиот план за пристапување, го подготвува третиот годишен акциски план. Има акции и активности во регионов кои ги движат работите напред, потребно е да се вложи напор, да се согледаат потешкотиите и ние ги охрабруваме сите во регионот нерешените прашања да ги сфатат сериозно, затоа што само така може да се постигне прогрес“, рече Рикер.
Министерот за надворешни работи Никола Попоски вели дека Македонија има конструктивен пристап и дејствува проактивно и сака да се интензивира процесот за спорот, при што во овој момент не виделе таков гест од грчката страна.
„Ние сакаме да видиме придвижување, сакаме интензивен и отворен дијалог врз база на аргументи и со цел да биде решен проблемот кој е наметнат од страна на нашиот јужен сосед. Немаме никаква причина да навлегуваме во префлање на вина и сметам дека доколку нашите соседи навистина покажат ниво на посветеност кое нема да биде само реторика, односно празни зборови, туку навистина пријдат и се согласат на интензивен и концентриран дијалог кон надминување на овој процес, тогаш навистина ќе можеме да го надминеме“, вели тој.
Според Попоски, Македонија нема интерес во префрлање на топката и одложување на предизвиците.
„Ако навистина постои подготвеност во Грција, тогаш дајте покажете го тоа, седнете и разговарајте во рамки на процесот кој беше инициран од страна на господинот Нимиц, да го надминеме овој проблем“, рече шефот на македонската дипломатија.
Попоски порача дека не може да се повлече паралела на договорот меѓу Србија и Косово, кои не се земји членки на ЕУ, со спорот за името меѓу Македонија и Грција, бидејќи јасно е дека јужниот сосед ги има инструментите за блокирање.
Има акции и активности во регионов кои ги движат работите напред, потребно е да се вложи напор, да се согледаат потешкотиите и ние ги охрабруваме сите во регионот нерешените прашања да ги сфатат сериозно, затоа што само така може да се постигне прогрес.Филип Рикер, помошник на американскиот државен секретар.
„Поентата што сакав да ја истакнам вчера е дека САД го поддржуваат процесот кој се одвива во рамките на ОН под медијаторство на Метју Нимиц како начин да се оди напред во дискусиите за спорот за името меѓу Грција и Македонија. Колку повеќе луѓето се фокусираат на тоа и ги интензивираат напорите, толку поблиску може да дојдат до решение“, рече Рикер.
Рикер вели дека САД ги охрабруваат Грција и Македонија да го искористат процесот во ОН под покровителство на Метју Нимиц, кој во изминатите месеци даде нов предлог и оти тоа е основата за поголема ангажираност во преговарачкиот процес за изнаоѓање на решение.
Ако навистина постои подготвеност во Грција, тогаш дајте покажете го тоа, седнете и разговарајте во рамки на процесот кој беше инициран од страна на господинот Нимиц, да го надминеме овој проблем.
Никола Попоски, министер за надворешни работи.