Со средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов и претседателот на Владата Никола Груевски помошникот на американскиот заменик државен секретар Филип Рикер ја продолжи посетата во земјава.
Од Американската амбасада во Скопје велат дека цел на посетата на Рикер е утрешната конференција на министрите за надворешни работи од Јадранската група, чиј претседавач е Македонија, а се одржува под покровителство на Соединетите Држави. Токму таму ќе учествува Рикер, велат од Амбасадата но, не соопштуваат повеќе детали околу неговата агенда и средбите со претставници на државниот врв.
Политичкиот аналитичар Исмет Рамадани пак се сомнева дека конференцијата е вистинската причина за посетата на Рикер во Скопје. Според него Соединетите Држави прават уште еден обид да го затворат прашањето за името пред претстојниот самит на земјите членки на Европската унија.
„Ја користи можноста за да разговара со државниот врв и со претставниците на политичките партии за последен обид пред Самитот да се добие некаков позитивен одговор од државниот врв за последниот предлог на Метју Нимиц, затоа што провејуваат информации дека тој предлог категорично е одбиен од државниот врв на Република Македонија.“
Рикер ќе ја искористи можноста на македонските политичари да им ги пренесе ставовите на американската администрација за македонските евроинтеграции и важноста да се реши спорот.
„Не би рекол некој притисок, меѓутоа една сугестија, еден совет од човек кој ја познава ситуацијата да направи уште еден обид да се добие некаков позитивен одговор шанса со шанса да се реши проблемот со името.“
Вчера Рикер се сретна со градоначалничката на Тетово Теута Арифи, а според информациите од нејзиниот кабинет на средбата било разговарано за политичките случувања, за регионалните процеси на соработка и интеграцијата на земјите од Западен Балкан во евро-атлантските структури и за поддршката на Соединетите Држави за демократските процеси.
Последната посета на Рикер во земјава се случи пред неполна година, кога државниот секретар Рикер, го истакна задоволството од одличните билатерални односи меѓу двете пријателски земји и интересот истите и во претстојниот период да се развиваат со несмалена динамика. Тој го реафирмираше познатиот став за цврста поддршка од страна на Соединетите Американски Држави за што поскорешно членство на Република Македонија во НАТО.
Цел на посетата на Рикер е утрешната конференција на министрите за надворешни работи од Јадранската група, чиј претседавач е Македонија, а се одржува под покровителство на Соединетите Држави. Токму таму ќе учествува Рикер.Амбасада на САД во Македонија.
Од Американската амбасада во Скопје велат дека цел на посетата на Рикер е утрешната конференција на министрите за надворешни работи од Јадранската група, чиј претседавач е Македонија, а се одржува под покровителство на Соединетите Држави. Токму таму ќе учествува Рикер, велат од Амбасадата но, не соопштуваат повеќе детали околу неговата агенда и средбите со претставници на државниот врв.
Политичкиот аналитичар Исмет Рамадани пак се сомнева дека конференцијата е вистинската причина за посетата на Рикер во Скопје. Според него Соединетите Држави прават уште еден обид да го затворат прашањето за името пред претстојниот самит на земјите членки на Европската унија.
Ја користи можноста за да разговара со државниот врв и со претставниците на политичките партии за последен обид пред Самитот да се добие некаков позитивен одговор од државниот врв за последниот предлог на Метју Нимиц.Исмет Рамадани, политички аналитичар.