Во времиња во кои се форсира национализам темелен на отворено пропагирање етноцентризам – не е решение да се молчи. Во времиња во кои младите луѓе гледаат на земјава како на солидно парче почва од кое планираат да се отселат – не можеме да чекаме на иднината, зашто како тргнало, тоа е единственото нешто за кое се зборува дека ќе ни остане нам, пишува Магдалена Маневска, координатор на МултиКулти Радио при Центар за меѓукултурен дијалог во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.
При една дискусија со група млади и „нашетани“ луѓе наидов на остро спротиставување кога брзоплето одговарајќи на прашање, прокоментирав: „Па, се трудам да сум толерантна кон нив“. Трудејќи се да толерираш некој, во истиот момент се ставаш на едно скалило над оној чиишто постапки сметаш дека треба да ги толерираш. Ставајќи одредена група во „тие“, веќе создаваш илјадници карактеристики кои ги прикалемуваш на секој поединац од групата „тие“ која може да брои илјадници повеќе од онаа во која се сместуваш себеси.
Токму шаренилото од култури со кое масовно се расфрламе фалејќи го каде и да отидеме надвор од земјава е истото она коешто го напаѓаме и се браниме од него како од оган – дома. Сѐ почесто, барем кај нас, „почитта“ се сведува на куртоазно честитање на верските празници и мислење од типот „овие не се исти како останатите од тие“ – наменето за оние на кои сме им го честитале празникот.
Не, текстов нема да се сведе на „Ајде да се сакаме зашто сме различни“ (иако поблиску до сегашнава ситуација би било „Ај да не се мразиме“?), ниту на „ајде да заборавиме сѐ“, што би било уште полошо. Во времиња во кои се форсира национализам темелен на отворено пропагирање етноцентризам – не е решение да се молчи. Во времиња во кои младите луѓе гледаат на земјава како на солидно парче почва од кое планираат да се отселат – не можеме да чекаме на иднината, зашто како тргнало, тоа е единственото нешто за кое се зборува дека ќе ни остане нам.
Толеранција не е виткање кичма! Толеранција не е набљудување од дома протест на стотина млади луѓе за егзистенцијални права, чекајќи на првата одобрена стипендија за студирање во странство со карта во еден правец; ниту е преживување на мојата страна од улицата, знаејќи дека спроти мене живее личност чие име не го знам зашто е од „тие“. Премолчувањето на секојдневните случувања и неводење сметка за сѐ што е подалеку од нашиот праг водат само до поголеми политички, социјални и етнички тензии.
Во општество во кое системот се заснова на политика на етнички поделени училишта, „преку сила“ дијалог помеѓу државните институции, гледање на волонтерството како на експлоататорство – а, не начин да се стекнат практични вештини; и партиска книшка како задолжителен документ при аплицирање за работа; општество во кое бројот на матуранти запишани на факултет секоја година е 98% – а, бројот на младите од истиот тој процент кои денес веќе не живеат во државава и немаат намера некогаш да се вратат, е непознат – ете во вакво општество, ставот „има по некој добар и од кај нивните“ не е клучот кон надминување на заедничките проблеми.
Толеранцијата не е пристојност на воздржување, ниту значи премолчување. Да толерираш е да бидеш подготвен да го разбереш другиот. Само солидарноста кон потребите на луѓето околу нас и почит кон индивуалната вредност на соговорникот нема да нѐ вплетат во „ние“ и „тие“ поделби. Единствено преку дијалог можеме да си ги откриеме проблемите и разликите, да ги надминеме несогласувањата и сфатиме колку сме заедно. А потоа? Дури тогаш не смееме да престанеме со разговор и кренат глас кон оние на чијашто дневна политика не ѝ одговара да го слушнат. Да не оставиме простор богатството од меѓукултурна разноликост да биде основа за тензии кои водат кон совршен спин од заедничката реалност.
Во времиња во кои се форсира национализам темелен на отворено пропагирање етноцентризам – не е решение да се молчи. Во времиња во кои младите луѓе гледаат на земјава како на солидно парче почва од кое планираат да се отселат – не можеме да чекаме на иднината, зашто како тргнало, тоа е единственото нешто за кое се зборува дека ќе ни остане нам.
Токму шаренилото од култури со кое масовно се расфрламе фалејќи го каде и да отидеме надвор од земјава е истото она коешто го напаѓаме и се браниме од него како од оган – дома. Сѐ почесто, барем кај нас, „почитта“ се сведува на куртоазно честитање на верските празници и мислење од типот „овие не се исти како останатите од тие“ – наменето за оние на кои сме им го честитале празникот.
Не, текстов нема да се сведе на „Ајде да се сакаме зашто сме различни“ (иако поблиску до сегашнава ситуација би било „Ај да не се мразиме“?), ниту на „ајде да заборавиме сѐ“, што би било уште полошо. Во времиња во кои се форсира национализам темелен на отворено пропагирање етноцентризам – не е решение да се молчи. Во времиња во кои младите луѓе гледаат на земјава како на солидно парче почва од кое планираат да се отселат – не можеме да чекаме на иднината, зашто како тргнало, тоа е единственото нешто за кое се зборува дека ќе ни остане нам.
Толеранција не е виткање кичма! Толеранција не е набљудување од дома протест на стотина млади луѓе за егзистенцијални права, чекајќи на првата одобрена стипендија за студирање во странство со карта во еден правец; ниту е преживување на мојата страна од улицата, знаејќи дека спроти мене живее личност чие име не го знам зашто е од „тие“. Премолчувањето на секојдневните случувања и неводење сметка за сѐ што е подалеку од нашиот праг водат само до поголеми политички, социјални и етнички тензии.
Само солидарноста кон потребите на луѓето околу нас и почит кон индивуалната вредност на соговорникот нема да нѐ вплетат во „ние“ и „тие“ поделби.