Општина Центар стравува дека Државниот инспекторат за локална самоуправа ќе ја поништи спорната седница на која се гласаше за буџетот, а на дневен ред се и точките за промена на ДУП-овите.
Општина Центар стравува дека Државниот инспекторат за локална самоуправа ќе ја поништи спорната седница на која се гласаше за буџетот, а на дневен ред се и точките за промена на ДУП-овите. Катерина Цаневска Арсовска од кабинетот на градоначалникот Андреј Жерновски вели дека тоа е прв пат во Македонија да има барање за поништување на седница.
„Она што е невидено досега, според нашите најави, можно е спорната седница на советот, на барање на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, да се поништи. Тие тоа го побараа од Државниот инспекторат за локална самоуправа и како што дознаваме по нивната инспекција во петокот, и кај градоначалникот и кај претседавачот на советот, можно е да се случи да се поништи таа седница. Ова би било прв пат да се поништи седница, не само на централно, туку и на локално ниво“, вели таа.
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ побарале поништување, затоа што, според нив, на седницата не се работело законски, а имале забелешки и на однесувањето на и на работењето на претседавачот на советот на општината Мирослав Шиповиќ. Директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа Ванчо Шехтански само кусо ни изјави дека не се работи за никаков политички притисок, туку дека инспекторите излегле на терен по добиена претставка од ВМРО-ДПМНЕ и дека одлуката на инспекторите треба да биде донесена до крајот на неделава.
Општина Центар се жали дека е сардисана од силен и селективен инспекциски напад. Во Општината велат дека само во изминативе неполни два месеци откако новиот градоначалник Андреј Жерновски ја презеде градоначалничката функција, во Општина Центар имало петнаесетина инспекции или три пати повеќе отколку за време на целиот мандат на претходниот градоначалник Владимир Тодоровиќ.
Катерина Цаневска Арсовска од кабинетот на градоначалникот Жерновски вели дека целта на овие инспекции е класична блокада на општината.
„Се работи за невиден класичен притисок, затоа што дел од инспекторите коишто беа овде и самите велат дека имаат наредба само Општина Центар да биде предмет на посебна опсервација, дека немаат налог за другите општини каде што раководството е од владејачката партија, независно дали се работи за ВМРО-ДПМНЕ или за ДУИ. Самите инспектори велат дека добиваат наредба само во Општина Центар да вршат инспекции“, вели Цаневска Арсовска.
Во општината велат дека биле казнети со 1.500 евра од трудовата инспекција и оти за доцнење со инспекциски надзор од само еден ден биле казнети со дополнителни 7.500 евра. Тоа, според нив, е доказ дека Центар е на удар затоа што, како што велат, нашле дека има останато предмети по кои не е постапено од многу порано.
Побаравме коментар на овие обвинувања од владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев и го прашавме дали владата има „посебен третман“ за Општина Центар.
„Владата има еднаков пристап во обезбедување на примена на законските норми и процедури кон сите субјекти“, се наведува во одговорот на Ѓорѓиев.
Она што е невидено досега, според нашите најави, можно е спорната седница на советот, на барање на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, да се поништи. Тие тоа го побараа од Државниот инспекторат за локална самоуправа.Катерина Цаневска Арсовска, кабинетот на градоначалникот на Центар Андреј Жерновски.
„Она што е невидено досега, според нашите најави, можно е спорната седница на советот, на барање на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, да се поништи. Тие тоа го побараа од Државниот инспекторат за локална самоуправа и како што дознаваме по нивната инспекција во петокот, и кај градоначалникот и кај претседавачот на советот, можно е да се случи да се поништи таа седница. Ова би било прв пат да се поништи седница, не само на централно, туку и на локално ниво“, вели таа.
Се работи за невиден класичен притисок, затоа што дел од инспекторите коишто беа овде и самите велат дека имаат наредба само Општина Центар да биде предмет на посебна опсервација, дека немаат налог за другите општини.Катерина Цаневска Арсовска, кабинетот на градоначалникот на Центар Андреј Жерновски.