Достапни линкови

Политичките и бизнис интереси доминантни и во општините


Арогантниот однос на политичките елити на централно ниво сега се рефлектира и во секојдневниот живот на луѓето, коментира Ана Јаневска Делова од Транспарентност Македонија.

Актуелни се протестите и контра протестите во Општината Центар, а на ова се надоврзаа повеќе настани со идентични слики на опструкции и обвинувања меѓу градоначалниците од опозицијата и власта. Вчера од Центар имаше најави за бесплатни паркинзи за граѓаните, но градот употреби аргумент дека тоа не е можно. Истиот ден беа искршени канцеларии во Општината Чаир каде градоначалникот од владејачката ДУИ најавува дека парковите пред десетина станбени згради ќе бидат уништени поради планови за градба.
Принципот на владеење – Ние сме власт, ќе правиме што сакаме!, значи ова во последно време што се случува, како во Општина Центар, така и во Општина Чаир, доби навистина едни масовни размери и навистина е многу тешко да се најде сектор во кој овој принцип не е препознатлив и видлив.
Ана Јаневска Делова, Транспарентност Македонија.

Ана Јаневска Делова од Транспарентност Македонија ги коментира овие случувања со чувство дека арогантниот однос на политичките елити на централно ниво сега се рефлектира и во секојдневниот живот на луѓето.

„Принципот на владеење – Ние сме власт, ќе правиме што сакаме!, значи ова во последно време што се случува, како во Општина Центар, така и во Општина Чаир, доби навистина едни масовни размери и навистина е многу тешко да се најде сектор во кој овој принцип не е препознатлив и видлив и начинот на кој институциите се однесуваат кон сите работи во државата, значи започнувајќи од штрајкови како уставна категорија, донесување на измени на закони, значи во сите области на живеење претставува една дерогација на демократските норми.“
Арогантни се. Паркот кај што е сега, самите мештани не дозволуваат да им се уништува зеленилото, но тие си тераат, дали во еден или во два по полноќ ќе ги исечат дрвјата.
Анкетиран граѓанин.

Постојано живееме опкружени со закани за градење и уривање меѓутоа се потивок е гласот на граѓаните, коментираат многу луѓе што живеат во Скопје. Тие се свесни дека таму каде што процениле дека треба да се реагира владејачките партии носат тн. Народ, а во општините каде што се тие на власт никој не ги прашува граѓаните

„Арогантни се. Паркот кај што е сега, самите мештани не дозволуваат да им се уништува зеленилото, но тие си тераат, дали во еден или во два по полноќ ќе ги исечат дрвјата.“

„Мислам дека е политички интерес, односно финансиски интерес, се прави зграда кадешто има и катна гаража, таа катна гаража ќе живее од таа зграда што ќе се направи. Последниот пример е онаа катна гаража кај Стара железничка“, велат анкетираните граѓани.

Она што чуди е дека луѓето сè уште не почнале да излегуваат помасовно и да реагираат. Според експертите, причините за ова се во сиромаштијата и исполитизираноста на државата.

„Ако го погледнеме примерот со Турција во последните денови, важно е луѓето да се сплотат како едно, меѓутоа тоа во Македонија како што гледаме во последно време не е случај и солидарност не постои, а тоа е навистина важна работа во време како што е ова“, вели Делова.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG