Изградба на инфраструктура, но и поттикнување на економскиот развој на Општината и привлекување на странски инвестиции се главните цели на градоначалникот Тони Заткоски.
Шеесетгодишната Олгица Везенкоска живее цел живот во село Кривогаштани во истоимената Општина. Цел живот се занимава со земјоделство и во својата доцна возраст таа својата егзистенција ја обезбедува со наследената семејна пензија од сопругот. Но, сепак е загрижена за иднината на младите. Везенкоска не е задоволна од условите за живот во селото, како комунални, така и социјални и економски.
„Да се догради реката, да се исчисти, да не мириса непријатно, ако е село да биде уредено, а не децата да ни газат во лепешки, нека личи малку на град, а не секаде се фрла сè, каде што ќе се стигне. Да се отвори некоја фабрика, да се вработат младите, да се води сметка и за училиштата, за сè“, вели Везенкоска.
И другите жители посочуваат на речиси истите проблеми и имаат големи очекувања и надежи дека новата локална власт ќе започне веднаш со решавање на проблемите.
„Треба да се направат улиците, да се исчисти селото, реката, загадено е Кривогаштани, да се направи сè треба, младите не се никаде на работа, повеќе младината е дома, работат со земјоделство, се мачат.“
„Полските патишта се на нула. Од економскиот аспект е тешко, нема вработување, нема ништо, само работни места да се отворат, оти само земјоделство, куќа без примања, тешко оди“, се жалат дел од вкупно 7.000 жители на Кривогаштани.
Во Општината има 12 населени места. Новата локална власт на чело со градоначалникот Тони Заткоски, според најавите, ќе работи токму на решавање на бројните инфраструктурни проблеми во секое од нив. Изградба на локални и регионални патни правци, како и изградба на канализации во населените места е една од целите на Заткоски. Но, тој сепак истакнува дека најголем дел од својата енергија ќе ја насочи кон поттикнување на економскиот развој на Општината и привлекување на странски инвестиции.
„Во преговори сме со неколку странски фирми, пред сè најсериозна е понудата од една литванска фирма, во неколку наврати претставници беа присутни во Општината и беа заинтересирани за индустриската зона Славеј, во најава се изградба на три фабрики за производство на земјоделски производи, доматно пире, пиперка и овошја“, истакнува градоначалникот Заткоски.
Тој додава дека ќе настојува да обезбеди средства за донесување на главен и детални урбанистички планови за сите населени места, но и кадровско екипирање на одделот за Локален економски развој во Општината, како и изградба на стопанска зона, за чија инфраструктура ќе се бараат средства од Владата. Според Заткоски, развојот на Општината ќе се стимулира и со реализација на проекти од странски донатори. Бројните проекти кои се дел од програмата, како што вели градоначалникот, ќе значат и отворање на нови работни места, а со тоа мотивирање на младите кадри да инвестираат во своето родно место, со што ќе се стимулира наталитетот и севкупно ќе се подобри животот во Општината Кривогаштани.
Да се догради реката, да се исчисти, да не мириса непријатно, ако е село да биде уредено, а не децата да ни газат во лепешки, нека личи малку на град, а не секаде се фрла сè, каде што ќе се стигне. Да се отвори некоја фабрика, да се вработат младите, да се води сметка и за училиштата, за сè.Олгица Везенкоска, жителка на Кривогаштани.
„Да се догради реката, да се исчисти, да не мириса непријатно, ако е село да биде уредено, а не децата да ни газат во лепешки, нека личи малку на град, а не секаде се фрла сè, каде што ќе се стигне. Да се отвори некоја фабрика, да се вработат младите, да се води сметка и за училиштата, за сè“, вели Везенкоска.
И другите жители посочуваат на речиси истите проблеми и имаат големи очекувања и надежи дека новата локална власт ќе започне веднаш со решавање на проблемите.
„Треба да се направат улиците, да се исчисти селото, реката, загадено е Кривогаштани, да се направи сè треба, младите не се никаде на работа, повеќе младината е дома, работат со земјоделство, се мачат.“
Во преговори сме со неколку странски фирми, пред сè најсериозна е понудата од една литванска фирма, во неколку наврати претставници беа присутни во Општината и беа заинтересирани за индустриската зона Славеј, во најава се изградба на три фабрики за производство на земјоделски производи, доматно пире, пиперка и овошја.Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани.