Советниците од опозицијата бараат транспарентност и отчетност на општинските служби за тоа како се трошат општинските пари. Мнозинство објаснува дека општината со буџетот располага домаќински.
Продолжуваат кавгите во битолскиот совет околу трошењето на општинскиот буџет. Советниците од опозицијата бараат транспарентност и отчетност на општинските служби. Тие користејќи ги одредбите од Законот за слободен пристап до информации побараа увид врз аналитичките картички од повеќе сметки. Но, одговор велат дека не добиле.
„Побаравме аналитички картички за состојбите на конта за кои имаме сомневање дека се трошат пари на крајно нетранспарентен начин. Нашето барање е влезено во записник на комисијата и до денес немаме добиено ни позитивен, ни негативен одговор. Согласно законот за слободен пристап до информации од јавен карактер поднесов шест барање за добивање на аналитички картички со опис на промените за вкупно 42 конта од девет програми“, изјави Васко Ковачевски, советник од СДСМ.
Кон дискусијата се надворза Валентин Груевски, советник од ЛДП.
„Со Законот за слободен пристап до информации, секој граѓанин, а не само советник ако побара има право да добие информации општината колку струја, колку вода троши. Тоа е јавно.“
Советничкото мнозинство објаснува дека општината со буџетот располага домаќински. Од Комисијата за надзор на финансиското работење велат дека според законите контролата врз буџетското трошење ја врашат државни институции, а не опозицијата.
„Контролата на материјалното и финансиското работење на општината го врши исклучиво Министерството за финансии. Ревизијата на финансиското работење го врши Државната ревизија. Опозицијата во Собранието има свои пратеници, па нека иницираат таму промени, измени и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, па тогаш дискусијата ќе биде сосема поинаква“, вели Николче Јанкуловски, претседател на Комисијата за надзор на финасиско работење.
Побаравме аналитички картички за состојбите на конта за кои имаме сомневање дека се трошат пари на крајно нетранспарентен начин.Васко Ковачевски, советник од СДСМ.
„Побаравме аналитички картички за состојбите на конта за кои имаме сомневање дека се трошат пари на крајно нетранспарентен начин. Нашето барање е влезено во записник на комисијата и до денес немаме добиено ни позитивен, ни негативен одговор. Согласно законот за слободен пристап до информации од јавен карактер поднесов шест барање за добивање на аналитички картички со опис на промените за вкупно 42 конта од девет програми“, изјави Васко Ковачевски, советник од СДСМ.
Кон дискусијата се надворза Валентин Груевски, советник од ЛДП.
„Со Законот за слободен пристап до информации, секој граѓанин, а не само советник ако побара има право да добие информации општината колку струја, колку вода троши. Тоа е јавно.“
Контролата на материјалното и финансиското работење на општината го врши исклучиво Министерството за финансии.Николче Јанкуловски, претседател на Комисијата за надзор на финасиско работење.