Судири во Турција
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Турската полиција и денеска се судри со демонстрантите кои се обидуваат да стигнат до главниот плоштад Таксим во Истанбул на вториот ден од анти-владините протести во Турција. Полицијата употреби солзавец и водени топови да ги разбие демонстрантите. Немирите во Истанбул почнаа вчера кога полицијата употреби солзавец и вода за да ги растера илјадниците граѓани кои протестираа против плановите да се градат објекти на една од преостанатите тревни површини. Поради тоа избија протести и во главниот град Анкара, како и во градот Измир, на кои демонстрантите протестираат против авторитарниот премиер Реџеп Таип Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот.
Reuters video