Поранешниот охридски градоначалник Александар Петрески не сака да ги коментира најавите дека поради постоење на основи на сомнение за криминал и корупција ќе се чешла неговото работење и работењето на претходната локална власт во Охрид.
Поранешниот охридски градоначалник Александар Петрески не сака да ги коментира најавите дека поради постоење на основи на сомнение за криминал и корупција ќе се чешла неговото работење и работењето на претходната локална власт во Охрид. Петрески за Радио Слободна Европа рече дека не сака да коментира ништо, но и оти до стоте дена од работењето на новиот градоначалник не сака да излегува во јавноста.
Директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков од Охрид рече дека одредени состојби им укажувале на постоење на криминални активности во работењето на претходната локална власт.
„Одредени состојби укажуваат на постоење на криминални активности во работењето на претходната локална власт поврзани со работењето на екс градоначалникот. Засега тоа е во форма на основи на сомневање, но тоа е доволно да се интензивираат нашите активности и да ги продлабочиме истражувањата. Утврдивме општи ориентации за работа и еден тимски пристап заедно со претставници на Финансиската полиција и претставници од други институции во Република Македонија“, вели Чавков.
Тој за ова го запознал и актуелниот градоначалник Бакрачески кој неодамна најави дека Општина Охрид е во тешка финансиска состојба и дека долгот бил околу 50 милиони евра.
„Според првичните анализи, долгот на Општина Охрид ќе биде поголем од 30 милиони евра. Овде зборуваме само за доспеани обврски, во кои влегуваат долгови по основ на присилна наплата, долгови по основ на утужени обврски и доспеани обврски кои не се утужени, и ако на тоа ги додадеме и недоспеаните обврски мислам дека тој долг заедно со недоспеаните обврски ќе достигне до 50 милини евра“, рече Бакрачески.
И новите директори на Јавните претпријатија поединечно на прес-конференции зборуваа за лошата финансиска состојба во која се наоѓаат и долговите во кои пливаат. Елена Скрческа, директор на Охридски комуналец, вели дека претпријатието се наоѓа во финансиска дупка тешка околу 100 милиони денари.
„Трошоците за репрезентација треба да се сведат на минимум бидејќи само за промовирање на претпријатието во 2012 година потрошени биле 616.000 денари за оваа намена, додека само во првите три месеци од 2013 за медиумско покривање исплатени се 488.000, онолку колку што било потрошено за цела 2012 година“, рече Скрческа.
Одредени состојби укажуваат на постоење на криминални активности во работењето на претходната локална власт поврзани со работењето на екс градоначалникот. Засега тоа е во форма на основи на сомневање, но тоа е доволно да се интензивираат нашите активности и да ги продлабочиме истражувањата. Утврдивме општи ориентации за работа и еден тимски пристап заедно со претставници на Финансиската полиција и претставници од други институции во Република Македонија.Митко Чавков, директор на Бирото за јавна безбедност.