В сабота, на 25 мај, во 20 часот, во Драмски театар во Скопје ќе се одржи премиерата на претставата „Евридика“, работена по истоимениот текст на Американката Сара Рул, а во режија на Нина Николиќ. Се работи за ново и поинакво видување на митот за најголемата љубов на светот, а во оваа антибајка улогите ги толкуваат Маја Вељковиќ Пановска, Диме Илиев, Игор Ангелов, Филип Трајковиќ и други.
По „Секс, лаги и диви гуски“, работена според текст на Вуди Ален, „Неверство“ по дело на Харолд Пинтер, „Луди за љубов“ на Сем Шепард и „Светица на темнината“ од Венко Андоновски, режисерката Нина Николиќ, како свој магистерски труд кај професорот Слободан Унковски, на сцената на Драмски театар премиерно ја донесува „Евридика“. Станува збор за проект што е работен по истоимениот текст од 2004 година на современата американска драмска писателка Сара Рул и за ново и поинакво видување на митот за најголемата љубов на светот.
Николиќ, во пресрет на саботната премиера, истакнува дека тие се обиделе да раскажат една антибајка, притоа правејќи поетска верзија на митот за Орфеј и Евридика кој самата авторка го обработила со една поинаква дистанца и поинаква поента.
„Она што нè интересираше при анализата на драмата и нејзиното поставување беше прашањето за тоа дека можеби смртта не постои во онаква форма во која ние вообичаено размислуваме или ја дефинираме или, конечно, можеби дека и смртта воопшто не постои. Или дека ние, откако ќе го напуштиме овој свет, преминуваме во некои други светови кои се можеби повозбудливи, поинтересни, позначајни од овој во кој сега живееме.“
Таа дополнува дека при преминувањето во другите светови можеме да се сретнеме со оние кои сме ги изгубиле во овој свет и на тој начин тие сакале да прикажат дека всушност смртта и не е толку тажна.
Маја Вељковиќ – Пановска, која ја толкува насловната улога, вели дека за неа највозбудливо во проектот било откритието зошто е митот за Евридика и Орфеј и згора на тоа сознанието дека текстот Сара Рул му го посветила на својот починат татко.
„Во целата таа поетичност, како некој кој што трагаше по таа Евридика на Сара Рул, најмногу ми помогна песната на Рилке која што се вика „Евридика, Хермес и Орфеј“, која што е преубава и која што е директна инспирација за драмата.“
Нејзиниот партнер, актерот Игор Ангелов, пак, објаснува дека се работи за деконструкција на митот и дека во нивната претстава е разработен токму односот на ќерката со прерано починатиот татко.
„Не бадијала го земала Сара Рул тој мит за најголемата љубов на светот и го деконстриурала. Значи, ова не е претстава за љубовта помеѓу Орфеј и Евридика, туку нешто сосема друго.“
Улогата на таткото на Евридика ја толкува искусниот Диме Илиев и тој потенцира дека игра лик на жив мртовец.
„Ние сите на сцена сме живи ама сме во еден друг свет. Ние сме мртви. Некогаш е морбидно тоа и бара еден сосема друг процес на работа.“
Покрај нив во претставата настапува Филип Трајковиќ како Безобразниот и интересен Човек / Господар на подземјето, а Хорот од камења го чинат актерките Билјана Драгичевиќ - Пројковска, Трајанка Илиева – Таци, Нина Деан, Соња Стамболџиска и Софија Куновска.
Костимите се на Ивана Карафиловска, сценографијата на Константин Трпеновски, музиката на Александар Пејовски, текстот за илустрацијата на Тина Трпковска, дизајнот на светлото е на Петар Кочишки, а драматург на претставата е Драгана Лукан Николоски.
Она што нè интересираше при анализата на драмата и нејзиното поставување беше прашањето за тоа дека можеби смртта не постои во онаква форма во која ние вообичаено размислуваме или ја дефинираме или, конечно, можеби дека и смртта воопшто не постои. Или дека ние, откако ќе го напуштиме овој свет, преминуваме во некои други светови кои се можеби повозбудливи, поинтересни, позначајни од овој во кој сега живееме.Нина Николиќ, режисерка.