Работен како прва премиера за оваа година, „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски на сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес се враќа по цели 24 години од праизведбата. Режисер на оваа претстава работена во изминатите два месеца е Александар Ивановски.
Тој истакнува дека текстот на Дуковски е богата драмска предлошка која дава одлични можности за сценско истражување и за тоа кој би можеле да бидат темите извлечени од него и во кој правец би требало тие да се третираат. Ивановски истакнува дека текстот е напишан според собрани народни приказни, преданија и верувања на Марко Цепенков и дека тоа е појдовната точка од која што тргнува и текстот на Дуковски, но и нивната претстава.
Вели дека она што тие се обиделе преку некаков сценски театарски јазик да го преведат во претставата е ситуацијата на затегнатост, или на грч, во односот помеѓу слободната индивидуа, индивидуата која што сака да размислува, да ги истражува работите и така да носи судови и која што не ги прифаќа убедувањата и уверувањата кој што ги трасира некаков систем на моќ.
„Оваа претстава се бави со прашањата кој го контролира знаењето, кој на насочува информацијата и на крајот на краиштата – кој ја создава вистината. Сета таа репресија, што одреден дали државен или политички механизам ја пласира врз индивидуите претворајќи ги во маса која што треба покорно да ги следи наредбите, објаснувањата или оправдувањата од тој механизам од една страна и од друга страна тој последен балкански вампир од насловот на текстот на Дуковски, кој што е во суштина човек што се интересира за работите што се случуваат околу него.“
Александар Ивановски, кој зад себе има 15 театарски претстави од кои добар дел од нив поставени на сцените во Унгарија, Романија, Германија, Словачка и Чешка, констатира дека нивниот „вампир“ сака да истражува, сака да бара свои одговори, сака да поврзува интердисплинарно некои свои сознанија и така да дојде до она што навистина се случува.
„Тука се случува еден судир кој што ми се чини дека е вечен. Од антички времиња до денес се провлекува тој судир на интереси и на верувања и тука е сржта на нашата претстава. “
Во актуелната постановка на „Последниот балкански вампир“ настапуваат актерките Маја Љутков, Кети Борисовска, Слободанка Чичевска, Кица Ивковска, Славица Манаскова и Весна Димитров - Бобевска и нивниот колега Самоил Стојановски. Тие веруваат дека играат еден многу актуелен текст за денешни дни и дека направиле авангардна и политичка претстава.
Маја Љутков која го игра Курта, главниот вампирџија, или жена која се затскрива зад идентитетот на маж, вели дека нејзиниот лик носи со себе сопствен товар, сопствена несреќа која ја прави да биде „требач на вампирите“.
„Можеби во нејзиниот живот вампирите се татко и, брат и, машкиот пол. Можеби на некој од другите вампирџии во претставата причината тие да бидат тоа што се е статусот во општеството. Како се тие третирани, што им е одземено или дозволено. Курта почнува од еден многу луд и исфрустиран вампирџија, за да на крајот стане еден многу нормален човек и разбере каде се наоѓа и кои се неговите грешки.“
Кон ова само уште информацијата дека автор на сценографијата е Дејан Трипуновски, а костимите се на Александра Крнинова Груев.
Сета таа репресија, што одреден дали државен или политички механизам ја пласира врз индивидуите претворајќи ги во маса која што треба покорно да ги следи наредбите, објаснувањата или оправдувањата од тој механизам од една страна и од друга страна тој последен балкански вампир од насловот на текстот на Дуковски, кој што е во суштина човек што се интересира за работите што се случуваат околу него.Александар Ивановски, режисер.
Тој истакнува дека текстот на Дуковски е богата драмска предлошка која дава одлични можности за сценско истражување и за тоа кој би можеле да бидат темите извлечени од него и во кој правец би требало тие да се третираат. Ивановски истакнува дека текстот е напишан според собрани народни приказни, преданија и верувања на Марко Цепенков и дека тоа е појдовната точка од која што тргнува и текстот на Дуковски, но и нивната претстава.
Вели дека она што тие се обиделе преку некаков сценски театарски јазик да го преведат во претставата е ситуацијата на затегнатост, или на грч, во односот помеѓу слободната индивидуа, индивидуата која што сака да размислува, да ги истражува работите и така да носи судови и која што не ги прифаќа убедувањата и уверувањата кој што ги трасира некаков систем на моќ.
Можеби во нејзиниот живот вампирите се татко и, брат и, машкиот пол. Можеби на некој од другите вампирџии во претставата причината тие да бидат тоа што се е статусот во општеството. Како се тие третирани, што им е одземено или дозволено.Маја Љутков, актерка.