Времето истекува, трпението е при крај. Важно е тој прогрес да биде постигнат, изјави за Радио Слободна Европа известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит.
Денешната дебата во Европскиот парламент ќе испрати сигнал до граѓаните и до политичарите во земјава дека обврските кои ги презеле мора да ги остварат, вели известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит. Важно е да се постигне напредок, бидејќи времето истекува, предупредува Ховит.
„Времето истекува, трпението е при крај. Важно е тој прогрес да биде постигнат. Но истовремено испраќаме еднакво силна порака до Европскиот Совет и до земјите членки на Унијата, дека кога тој прогрес ќе се постигне не смее да биде изговор за недонесување на одлука или некаква акција во Брисел. Ако навистина сакаме оваа земја да напредува или ако сакаме да се воведе тоа што јас го нарекувам двигател за земјата и нејзините реформи, тогаш е оправдено да се почнат преговорите и да се понуди датум без натаможни одлагања или условувања или двоумења и се надевам дека токму за тоа ќе гласа европскиот парламент“, изјави Ховит.
По кризата која настана по 24 декември и политичкиот договор кој се постигна на 1 ви март, не видовме значителен прогрес во однос на формирањето на комисијата за истрага, меморандумот за разбирање и слободата на медиумите, посочува Ховит. Резолуцијата е фокусирана на напредокот на земјата и на извештај за напредокот на Унијата.
Таа е насочена кон политичката криза, меѓуетничките односи, реформите во граѓанскиот сектор, изборите и изборниот систем. Се работи за длабока анализа за напредокот кој земјава го прави, појаснува Ховит и додава дека се поднесени шест амандмани, а ќе бидат поднесени уште два дополнителни од негова страна.
Сепак, според него, луѓето во земјата и регионот треба да сфатат дека за извештај на Европскиот парламент тоа се многу малку амандамани и дека е постигнат
висок степен на консензус помеѓу различни политички групи. Секако дека прашањата за добрососедските односи се чувствителни и дека некои грчки или бугарски колеги ќе сакаат да ги потенцираат, вели Ховит.
„Но, јас сум апсолутно сигурен дека Европскиот парламент ќе гласа како и лани и дека големо мнозинство ќе ја покаже поддршката на оваа земја за евроатланските интеграции на земјата и сигурен сум дека тоа ќе го постигнеме во Стразур и дека таа порака ќе биде разбрана во регионот“, вели Ховит.
Универзитетскиот професор Димитар Мирчев очекува дека текстот на резолуцијата ќе биде позитивен за земјава, иако не исклучува и критички забелешки. Сепак е воздржан околу прогнозата дали усвојувањето на резолуцијата од Европскиот парламент ќе влијае на конечната одлука на Европската Унија да и додели датум за отпочнување преговори на Македонија.
„Во овој момент не верувам дека некој може да потврди или да тврди, меѓутоа во секој случај тоа е позитивно, резолуција нам ни користи како држава.“
Иако веќе неколкупати Европскиот парламент ја усвојува резолуцијата за напредокот на земјата, Македонија се уште нема добиено датум за почнување преговори и покрај четирите препораки на Европската Комисија.
Инаку покрај дебатата на европските пратеници денеска и утре во Сразбур се одржува и состанок на мешовитиот парламентарен комитет Македонија- Европска Унија, на кој како што се соопштува ќе бидат разгледани повеќе во врска со актуелната политичка ситуација во државата во контекст на отпочнувањето на пристапниот дијалог на високо ниво.
Времето истекува, трпението е при крај. Важно е тој прогрес да биде постигнат. Но истовремено испраќаме еднакво силна порака до Европскиот Совет и до земјите членки на Унијата, дека кога тој прогрес ќе се постигне не смее да биде изговор за недонесување на одлука или некаква акција во Брисел.Ричард Ховит, известувач за Македонија во Европскиот парламент.
„Времето истекува, трпението е при крај. Важно е тој прогрес да биде постигнат. Но истовремено испраќаме еднакво силна порака до Европскиот Совет и до земјите членки на Унијата, дека кога тој прогрес ќе се постигне не смее да биде изговор за недонесување на одлука или некаква акција во Брисел. Ако навистина сакаме оваа земја да напредува или ако сакаме да се воведе тоа што јас го нарекувам двигател за земјата и нејзините реформи, тогаш е оправдено да се почнат преговорите и да се понуди датум без натаможни одлагања или условувања или двоумења и се надевам дека токму за тоа ќе гласа европскиот парламент“, изјави Ховит.
По кризата која настана по 24 декември и политичкиот договор кој се постигна на 1 ви март, не видовме значителен прогрес во однос на формирањето на комисијата за истрага, меморандумот за разбирање и слободата на медиумите, посочува Ховит. Резолуцијата е фокусирана на напредокот на земјата и на извештај за напредокот на Унијата.
Во овој момент не верувам дека некој може да потврди или да тврди, меѓутоа во секој случај тоа е позитивно, резолуција нам ни користи како држава.Димитар Мирчев, политички аналитичар.