Соединетите држави во најновиот Извештај за состојбата на верските слободи во светот лани предупредуваат на силно јакнење на исламофобијата во Европа и Азија, како и на постојаниот пораст на антисемитизмот. Во Извештајот се опишува и состојбата на верските слободи во Македонија.
Македонската влада генерално ги почитува верските слободи. Трендот на владата во однос на почитувањето на овие слободи значително не се променил во текот на минатата година. Ова е оценката на Стејт департментот за Македонија во редовниот годишен Извештај за состојбата со верските слободи во светот.
Во делот за Македонија се додава дека Уставот и другите закони гарантираат почитување на верските слободи, но оти припадници на некои религиозни групи велат дека владата ја фаворизира Македонската православна црква и оти
неконзистентно го имплементира Законот за верски заедници со кој се бара од верските групи да се регистрираат.
Тие ја обвинуваат владејачката коалиција во која, како што се наведува, доминира етничка македонска партија за политизирање на верските прашања за нејзини сопствени политички придобивки, повикувајќи се на верските уверувања и идентитетот на мнозинското население и за користење на Македонската православната црква како алатка за таа цел.
Во заклучоците се наведува дека имало извештаи за социјална злоупотреба или за дискриминација базирана врз верска припадност, верување или обичај.
Во извештајот се посочува дека од време на време, етничката напнатост влијаела врз ограничување на верските слободи.
Во извештајот се спомнува и петкратното убиство во Смиљковци по што полицијата приведе поголема група муслимани и етнички Албанци опишувајќи ги како радикално исламистички терористи што предизвика протести.
Бидејќи религиозниот идентитет често е во корелација со етничкиот идентитет, тешко било да се категоризираат инцидентите како мотивирани од верска нетолеранција.
Имало изолирани акти на вандализам на гробишта и верски места, но не со фрекфенција како во изминатите години.
Бекташката заедница јавила за заплашувања и повремени закани од поединци кои различно го толкувале Исламот, се наведува во годишниот извештај на Стејт департментот што го претстави државниот секретар Џон Кери.
„Кога земјите ги поткопуваат или напаѓаат верските слободи, тие не само што неправедно им се закануваат на оние што им се цел, туку и на стабилноста на нивните земји. Тоа го гледаме на толку многу места. Затоа нападите врз верската слобода се причина за морална и стратешка загриженост за националната безбедност за Соединетите држави“, изјави Кери, наведувајќи дека трендот на опаѓање на верските слободи лани бил загрижувачки.
Во документот е констатиран глобален пораст на антисемизмот и силно јакнење на исламофобијата во Европа и Азија.
Според извештајот, најтешко верската слобода можело да се изрази во Кина, Русија, Иран и Саудиска Арабија.
Во делот за Македонија се додава дека Уставот и другите закони гарантираат почитување на верските слободи, но оти припадници на некои религиозни групи велат дека владата ја фаворизира Македонската православна црква и оти
Во делот за Македонија е додава дека Уставот и другите закони гарантираат почитување на верските слободи, но оти припадници на некои религиозни групи велат дека владата ја фаворизира Македонската православна црква.Годишен Извештај за состојбата со верските слободи во светот.