Битолскиот градоначалник Владимир Талески вели дека Малиот битолски Монмартр е семејна манифестација која се користи за дневно политички цели.
Градоначалникот на Битола, Владимир Талески за Малиот битолски Монмартр рече дека е семејна, приватна манифестација која се користи за дневно политички цели. Ова следуваше откако организаторот на Монмартр, Коста Хаџиантоновски и годинава ја обвини општината дека го игнорира настанот. Годинашното 32 издание на Монмартр започнува в четврток, на него ќе присуствуваат 80 деца од 30 странски земји, а според Хаџиантоновски општината не дала ни денар.
„Седум години сме игнорирани од советот. Верувам дека годинава истото ќе ни се случи. Но, додека здравјето ме служи ќе одам напред и децата нема да ги оставам на улица. Никој нема право да го сопре Монмартр. Досега не нè поканиле од советот, градоначалникот, да кажат дали навистина Монмартр на градот му е потребен. Ако му е потребен на градот нека го отвори кесето и нека помогни“, изјави Хаџиантоновски.
Талески вели дека ако детското ликовно студио доставило барање за финансиска поддршка, тоа ќе било разгледано на надлежната комисија. Тој додаде дека ја цени манифестацијата, но организаторот нема концепт да ја развива и ја користи за политички цели. Искритикува дека секоја година се канат исти гости, се прават цртежи кои потоа нема каде да се чуваат.
„Жалам што манифестацијата се сведе на чисто семејна манифестација, приватна. Една семејна приватна фирма, здружение или невладина организација сака да се наметне како државна институција, што не е. Се користи за дневна политика и не критикуваа и за време на кампањата и надвор од неа. Имам забелешки од другите културни работници дека оваа манифестација на некој начин го злоупотребува културниот простор за политички цели“, изјави Талески.
Настрана од ваквите препукувања, Монмартр се проширува на азискиот континент во Хонг Конг и Индија, како и на африканскиот во Египет.
Седум години сме игнорирани од советот. Верувам дека годинава истото ќе ни се случи. Но, додека здравјето ме служи ќе одам напред и децата нема да ги оставам на улица.Коста Хаџиантоновски, организатор на Малиот битолски Монмартр.
„Седум години сме игнорирани од советот. Верувам дека годинава истото ќе ни се случи. Но, додека здравјето ме служи ќе одам напред и децата нема да ги оставам на улица. Никој нема право да го сопре Монмартр. Досега не нè поканиле од советот, градоначалникот, да кажат дали навистина Монмартр на градот му е потребен. Ако му е потребен на градот нека го отвори кесето и нека помогни“, изјави Хаџиантоновски.
Една семејна приватна фирма, здружение или невладина организација сака да се наметне како државна институција, што не е. Се користи за дневна политика и не критикуваа и за време на кампањата и надвор од неа.Владимир Талески, градоначалник на Битола.