Претставниците на меѓународната заедница испратија отворени пораки дека клучен фактор за македонските евроинтеграции е решение на спорот за името. Последните лобирања на министерот за надворешни работи Никола Попоски, за дел од аналитичарите се неизбежни, а за други лобирањето е само декларативно.
За некои оправдани и логични, а за други сосема непотребни и непродуктивни се обидите за лобирање на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски пред јунскиот самит. Според последните информации Попоски имал тет а тет средби со неговите европски колеги на кои ги информирал за македонското евроинтегрирање, реформскиот напредок и преговорите за името со Грција.
Иако претставниците на меѓународната заедница испратија отворени пораки дека клучен фактор за македонските евроинтеграции е решение на спорот за името, според поранешниот дипломат Ристо Никовски последните активности на Попоски се неизбежни и се дел од дипломатските техники кои се спроведуваат.
„Ова што го прави Попоски напротив потврдува дека ние сме активни, лобираме, бркаме, трчаме, се обидуваме, но ние не можеме да излеземе од сопствената кожа.“
За разлика од Никовски, универзитетскиот професор Арсим Синани вели дека лобирањето на Попоски во земјите од Европската Унија е само декларативно, а единствениот бенефит би бил добивање политички поени пред домашната јавност.
„Не знам што би можел да лобира еден министе за надворешни работи, кога јасно се знае што треба да се направи, овие тактизирања пред народот и пред јавноста е како да се каже еве ние нешто работиме. Јасно ни е кажано дека треба да се реши проблемот со името.“
На сите треба да им биде јасно дека решение за името со Грција наскоро не може да има, вели Никовски. Разликите се толку длабоки што нешто што би било прифатливо за двете страни не е на повидок, вели Никовски кој сепак е оптимист дека и без решение на спорот, Македонија би можела да очекува позитивен исход од јунскиот самит на Унијата.
„Во Брисел седат паметни луѓе и тие знаат се што се случува. Ова што го прави Филе во поселдно време, со неговите напори баш го потврдува тоа, дека Европа се обидува со сите силе да најде некој модус вивенди што секап ќе ги отвори вратите на Македонија.“
Министерот Попоски од Стразбур изјави дека веќе подолг период недостасува поддршката од Грција и оти не гледа мотивираност кај официјална Атина за да направи конструктивен чекор.
Но професорот Синани смета дека иницијатива нема и кај македонската страна односно дека власта покажува несериозен однос кон прашањето за името.
„Мислам дека Груевски се плаши да го реши проблемот со името за утре да не му каже народот еве ти не издаде и го промени името.“
Појасна слика за тоа какво ќе биде расположението на земјите членки на Унијата за македонските преговори ќе има веќе во вторник кога во Брисел се состануваат министрите за надворешни работи, а ден потоа и лидерите на земјите членки на Унијата. Конечната одлука ќе биде донесена на 27 јуни кога ќе се одржи самитот на ЕУ.
Ова што го прави Попоски напротив потврдува дека ние сме активни, лобираме, бркаме, трчаме, се обидуваме, но ние не можеме да излеземе од сопствената кожа.Ристо Никовски, поранешен дипломат.
Иако претставниците на меѓународната заедница испратија отворени пораки дека клучен фактор за македонските евроинтеграции е решение на спорот за името, според поранешниот дипломат Ристо Никовски последните активности на Попоски се неизбежни и се дел од дипломатските техники кои се спроведуваат.
„Ова што го прави Попоски напротив потврдува дека ние сме активни, лобираме, бркаме, трчаме, се обидуваме, но ние не можеме да излеземе од сопствената кожа.“
Не знам што би можел да лобира еден министе за надворешни работи, кога јасно се знае што треба да се направи, овие тактизирања пред народот и пред јавноста е како да се каже еве ние нешто работиме. Јасно ни е кажано дека треба да се реши проблемот со името.Арсим Синани, универзитетски професор.