За банките е побезбедно да зајмат пари на народот, а не на стопанството, велат упатените, по информацијата дека се зголемува кредитирањето на населението, а се забавува кредитирањето на компаниите.
Кредитирањето на населението е помалку ризично од давање банкарски пари за фирмите, велат упатените, откако Народната банка процени дека има умерено зголемување на кредитирањето на населението и забавување на кредитирањето на компаниите.
Спротивно на проценките на Централната банка, многумина граѓани кои ги анкетиравме велат дека не се заинтересирани за кредити.
„Па не знам, не сум баш по кредитите.“
„Не сум земала кредити и не мислам на тоа да земам.“
„Сам сум, а имам 88 години, што ќе ми е тој кредит, за во болница и за во Бутел да го земам?“
„Тешко, со оглед дека сега имам и лизинг уште 2 месеци, па ми е кнап.“
Задолжувањето е сè уште болна тема за жителите на овие простори и повеќемина би тврделе дека немаат позајмено пари, смета социологот Илија Ацески.
„Долгот и носи еден срам за добар дел на луѓето на овие простори, затоа што имате долг кој некогаш надминува и плата, па долгот бара ново задолжување и сето тоа е едно измачување на луѓето.“
Зошто граѓаните, а не фирмите? Поранешниот гувернер на Народната банка и универзитетски професор Љубе Трпески вели дека во случајов за банките е побезбедно да зајмат пари на народот, а не на стопанството.
„Kај населението постои висока дизервификација на кредитите, огромен број на партии се но на помали износи, на тој начин е намален ризокот, додека кај стопанството е многу помал број на кредити, но на поголеми износи и заради тоа банките се многу повнимателни при доделувањето на кредити во стопанството.“
Кредитирањето на населението би ја зголемило потрошувачката, но фирмите го создаваат економскиот раст, вели Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори.
„Кредитирањето на компаниите би ги зголемиле инвестициите на реалниот сектор. Конзервативноста на банките е разбирлива заради кризата во која се наоѓа опкружувањето на нашата земја, банките се конзервативни и тоа по наша оценка не е добро.“
Од Народната банка дополнително известуваат дека банките одржуваат стабилна депозитна основа, а побрз раст е забележан и кај денарското штедење.
Долгот и носи еден срам за добар дел на луѓето на овие простори, затоа што имате долг кој некогаш надминува и плата, па долгот бара ново задолжување и сето тоа е едно измачување на луѓето.Илија Ацески, социолог.
„Па не знам, не сум баш по кредитите.“
„Не сум земала кредити и не мислам на тоа да земам.“
„Сам сум, а имам 88 години, што ќе ми е тој кредит, за во болница и за во Бутел да го земам?“
„Тешко, со оглед дека сега имам и лизинг уште 2 месеци, па ми е кнап.“
Kај населението постои висока дизервификација на кредитите, огромен број на партии се но на помали износи, на тој начин е намален ризокот, додека кај стопанството е многу помал број на кредити, но на поголеми износи и заради тоа банките се многу повнимателни при доделувањето на кредити во стопанството.Љубе Трпевски, поранешен Гувернер на НБРМ.