Спомениците меѓу Жерновски и Јанкулоска

За иднината на спомениците во општина Центар ќе треба да одлучуваат граѓаните. Градоначалникот не може да распише референдум, туку Советот. А министерката за внатреши работи вели дека граѓаните имаат право на демократски начин да ја изразат својата волја.
Граѓаните имаат право на демократски начин да ја изразат својата волја доколку има референдум за дислокација на спомениците во општина Центар, вели министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска по најавите на градоначалникот Андреј Жерновски дека за иднината на спомениците ќе треба да одлучат граѓаните на референдум.
Граѓаните имаат право на демократски начин да ја изразат својата волја и јас тука нема што да ја коментирам волјата на граѓаните. Граѓаните на општина Центар одлучија како што одлучија и имаат градоначалник таков каков што имаат. Дали ќе бидат задоволни или ќе зажалат, ќе видиме после 4 години.
Гордана Јанкулоска, министерка за внатрешни работи.

„Граѓаните имаат право на демократски начин да ја изразат својата волја и јас тука нема што да ја коментирам волјата на граѓаните. Граѓаните на општина Центар одлучија како што одлучија и имаат градоначалник таков каков што имаат. Дали ќе бидат задоволни или ќе зажалат, ќе видиме после 4 години“, изјави Јанкулоска во неделното интервју на радио Слободна Европа.

На прашањето дали полицијата ќе реагира при обид да се дислоцира некој од спомениците, Јанкулоска со одговор дека надлежностите на полицијата се пропишани со закон.

„Услови пропишани со закон за кои полицијата е надлежна да реагира се нарушување на јавен ред и мир, оштетување на туѓ имот или било кој друг случај кога ќе биде побарана наша асистенција.“
Не можете да речете дека Александар Македонски или Цар Самоил се спомен обележја од значење за општина Центар, тоа се споменици.
Гордана Силјановски, универзитетски професор.

На прашањето дали поддржувате дислокација на спомениците од Центар поставено на нашата веб страница, 76 проценти одговориле позитивно, а само 21 процент сметаат дека спомениците не треба да се дислоцираат.

Правните експерти пак објаснуваат дека локалната власт може да распише референдум, но тоа не го прави градоначалникот, туку Советот на општината или пак тоа може да се направи и доколку се соберат потписи од 20 проценти од граѓаните.

„Може да го смени ако сака деталниот урбанистички план, меѓутоа тогаш може да кажат дека не може да има ретроактивно дејство во смисла на тоа дека веќе презеле фирми, ангажмани, пари се одобрено, не не може да му се забрани на Советот да ги праша граѓаните што мислат за Скопје 2014-та.“

Силјановска потенцира во земјава постои закон за споменици и спомен обележја и дека кога се во прашање спомен обележјата, одлуката ја носи Собранието.

„Не можете да речете дека Александар Македонски или Цар Самоил се спомен обележја од значење за општина Центар, тоа се споменици.“

Во светот локалната власт е најдоброто место за директна демократија, заклучува Силјановска. Но за разлика од другите земји во Европа, во Македонија постојат строги критериуми за успешноста на референдумот. Потребно е апсолутно мнозинство, односно 51 процент од запишаните за да се смета дека референдумот е успешен.