По локалните избори Куманово го чека најдолго што може расплетот на преговорите меѓу локалното ЈП Водовод и државното „Водостопанство - Кумановско-липковско Поле“. Останатите општини каде на локално ниво на власт е опозицијата побрзаа кај што е можно да се стопира изградбата на спорни објекти. Поради тоа, кога се виде во Центар дека Министерството за култура реагираше дека градоначалникот нема правна основа да прогласи мораториум на проектот Скопје 2014, а во Куманово дека е намалено снабдувањето со вода стана јасно дека ќе следува нов бран политички игри меѓу локалната и централната власт.
Зоран Дамјановски, градоначалникот на Куманово, смета дека намаленото снабдување со вода не е од економска, туку од политичка природа и нагласи дека централната власт ги става под притисок.
„Ова се едни од методите со кои се врши голема пресија на самата локална самоуправа. Еве, имаме најава на една месна заедница од село Пчиња, која исто така има политичка основа да депонијата биде дислоцирана промптно, брзо. Сите овие притисоци на јавните претпријатија на десетина дена по локалните избори јасно укажуваат дека има и друга основа“, вели Дамјановски.
Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески вели дека надлежностите се поделени меѓу општините и централната власт.
„Некои работи кои се случуваат во опозициските општини се политички мотивирани од страна на самите градоначалници со цел да прикажат некооперативност на централната власт. Повеќе внимание треба да обрнат на поголема комуникација со централната власт, бидејќи голем дел од тие проекти се во рамките на самата централна власт“, вели Ристески.
Во принцип, планирањето на просторот и издавањето на одобренија за градба на објектите кои не се од државно значење се во надлежност на локалната самоуправа, а Владата може да има влијание преку министерствата, кои се вклучени во донесувањето на урбанистичките планови. Но, во реалноста не е така. Објаснувањето е како и во сите претходни случаи дека на граѓаните ќе им биде полесно ако нивната локална власт кореспондира со централната. Но, градоначалниците од опозицијата не мислат дека интересот на граѓаните е главен мотив на партијата што е на власт на централно ниво.
Во врска со случајот на Општината Центар, Аце Коцевски кој е поранешен градоначалник на Велес, смета дека е нереално да се очекува премногу од новата општинска власт.
„Проблемот што се јавува со многу работи од старт беа наопаку поставени, затоа што, според законот, за изградба на монументални споменици единствено е надлежно Собранието на Република Македонија, а тие се одлучија целата таа операција да ја прават преку Општина Центар со трансфер на огромни суми средства од централниот буџет во буџетот на Општина Центар. Првото прекршување на законот тргнува од таму и сето тоа што сега се случува се само последици. За жал многу работи не може да се променат“, вели Коцевски.
Ова се едни од методите со кои се врши голема пресија на самата локална самоуправа. Еве, имаме најава на една месна заедница од село Пчиња, која исто така има политичка основа да депонијата биде дислоцирана промптно, брзо. Сите овие притисоци на јавните претпријатија на десетина дена по локалните избори јасно укажуваат дека има и друга основа.Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.
Зоран Дамјановски, градоначалникот на Куманово, смета дека намаленото снабдување со вода не е од економска, туку од политичка природа и нагласи дека централната власт ги става под притисок.
„Ова се едни од методите со кои се врши голема пресија на самата локална самоуправа. Еве, имаме најава на една месна заедница од село Пчиња, која исто така има политичка основа да депонијата биде дислоцирана промптно, брзо. Сите овие притисоци на јавните претпријатија на десетина дена по локалните избори јасно укажуваат дека има и друга основа“, вели Дамјановски.
Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески вели дека надлежностите се поделени меѓу општините и централната власт.
Некои работи кои се случуваат во опозициските општини се политички мотивирани од страна на самите градоначалници со цел да прикажат некооперативност на централната власт. Повеќе внимание треба да обрнат на поголема комуникација со централната власт, бидејќи голем дел од тие проекти се во рамките на самата централна власт.Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.