Во Центарот за игра и едукација „Сонце и ѕвезди“ во Куманово со децата од две до шест години работат и психолог и педагог.
Јасмина Антевска Ивановска и Дијана Славковиќ, едната професорка по македонски, а втората по француски и шпански јазик, кои како мајки почувствувале дека за нивните деца е потребно соодветно катче за игра со другите деца, но и за нивна едукација, неодамна го отворија Центарот за игра и едукација „Сонце и ѕвезди“ во Куманово.
Во Центарот со децата од две до шест години работат психолог и педагог. Заинтересираноста на младите родители засега е голема, зашто освен месечно згрижување со оброци и спиење, во „Сонце и ѕвезди“ децата ќе можат да престојуваат и само еден час, роденденски забави со другарчињата од Центарот ќе бидат убаво осмислувани и реализирани.
По откажување од работа со средношколци и основци, идејата за отворање на Центарот кај Антевска Ивановска се јавила кога таа станала мајка, за што раскажува:
„Тогаш се соочив со една нова ситуација, со нови моменти во мојот живот. Сфатив дека мајката во мене едноставно ме преплави. Љубовта кон моето дете ме преобрати во целосна смисла на зборот.“
Од она како другите ја перципирале како мајка, таа помислила дека токму тоа сака да го работи во својот живот.
„Тоа влијаеше врз мојата свест и разум. Тогаш ги одбив сите работи што ми ги понудија. Си реков, својата професија ќе ја жртвувам за целосно да им се посветам на своите деца, свесна дека од две до пет години се удираат темелите врз воспитувањето на моите деца, а јас ќе се жртвувам за да ги воспитам како што треба. А еден ден ако некој друг тоа не го направи јас ќе го направам, а своето искуство и големата љубов кон моите деца ќе ги пренесувам и кон дечињата кои овдека доаѓаат. Така се роди „Сонце и ѕвезди“, Центарот за игра и едукација на деца.“
Нејзината пријателка Дијана Славковиќ по повеќе од едногодишно искуство во сличен центар во Скопје, особено по резултатите кои што ги покажувале дечињата, се придружила кон идејата на Јасмина.
„Сакав тоа искуство да го пренесам и во Куманово. Правиме групи во однос на години, заинтересираноста за странскиот јазик, сличностите меѓу нив.“
Младите мајки сакаат и вечерни излегувања, време кога нивните деца треба да бидат соодветно згрижени.
„Доколку имаме повеќе заинтересирани секако дека ќе им излеземе во пресрет и на тие мајки. Постепено работиме, за секое дете индивидуално да најдеме приод, работиме на однесување на детето, на учење на новиот јазик.“
РСЕ: Дали родителите имаат време?
„Од повеќето родители слушаме дека сакаат децата да ги изнесат од дома и да се играат, да не седат пред компјутер. Сега се градат кариери и јас како мајка би сакала да има нешто вакво, за моето дете да можам да го оставам на час-два“, раскажува Славковиќ.
Младите кумановки велат дека сè што е ново и секако подобро за нивните деца го одобруваат и го применуваат. Тие сметаат дека на Куманово му треба повеќе вакви центри.
„Ми се допаѓа идејата. Ми се допаѓа пристапот на учителките, воспитувачките и тоа што ќе може да учи странски јазик“, вели една од мајките.
Си реков, својата професија ќе ја жртвувам за целосно да им се посветам на своите деца, свесна дека од две до пет години се удираат темелите врз воспитувањето на моите деца, а јас ќе се жртвувам за да ги воспитам како што треба. А еден ден ако некој друг тоа не го направи јас ќе го направам, а своето искуство и големата љубов кон моите деца ќе ги пренесувам и кон дечињата кои овдека доаѓаат.Јасмина Антевска Ивановска, Центар за игра и едукација на деца „Сонце и ѕвезди“.
Во Центарот со децата од две до шест години работат психолог и педагог. Заинтересираноста на младите родители засега е голема, зашто освен месечно згрижување со оброци и спиење, во „Сонце и ѕвезди“ децата ќе можат да престојуваат и само еден час, роденденски забави со другарчињата од Центарот ќе бидат убаво осмислувани и реализирани.
По откажување од работа со средношколци и основци, идејата за отворање на Центарот кај Антевска Ивановска се јавила кога таа станала мајка, за што раскажува:
„Тогаш се соочив со една нова ситуација, со нови моменти во мојот живот. Сфатив дека мајката во мене едноставно ме преплави. Љубовта кон моето дете ме преобрати во целосна смисла на зборот.“
Од она како другите ја перципирале како мајка, таа помислила дека токму тоа сака да го работи во својот живот.
Од повеќето родители слушаме дека сакаат децата да ги изнесат од дома и да се играат, да не седат пред компјутер. Сега се градат кариери и јас како мајка би сакала да има нешто вакво, за моето дете да можам да го оставам на час-два.Дијана Славковиќ, Центар за игра и едукација на деца „Сонце и ѕвезди“.