Дел од Македонците вработени во општинската администрација во Кичево, на кои им беа прекинати или не им беа обновени договорите за работа од новиот градоначалник Фатмир Дехари, протестираат пред општината.
Слаѓан Грозданоски е еден од четворицата пожарникари кои со договор од почеток на годинава, е вработен во Територијалната противпожарна единица во Кичево, а новиот градоначалник Фатмир Дехари, неколку дена, откако седна во фотелјата му го прекина договорот.
„Моментално сме во една безизлезна состојба ние и нашите семејства затоа што тоа беше единствен приход, а сега не знае што и како натаму. Оваа одлука од градоначалникот Фатмир Дехари, нè изненади, нè запрепасти сите. Нашите работни места, беа реални и постоечки. Ние не сме виновни што нашите колеги, пожарникари во јануари годинава заминале на заслужена пензија, сето тоа е сплет на околности, што потоа следуваат избори, тука ние не можеме да влијаеме“, вели Грозданоски.
Според неговиот колега Тони Спироски, согласно систематизацијата на вработените во кичевската единица и согласно законот, не само што не треба да останат без работа, овие четворица, туку треба да бидат примени и други пожарникари.
„Според Службен весник од 16 април 2013 година, го имаме и примерокот, пишува доволно колку пожарникари треба да има вработени, најмалку 30 до 38, според големината на Општината и новата систематизација недостигаат голем број луѓе, а во моментов со командирот и еден колега со скратено работно време се 15 луѓе, значи 13 ефективни пожарникари“, додава Спироски.
Реагираат и вработените со договор во Општината, во одделот за итни и неодложни работи.
„Бевме околу шест луѓе од тука, и очекуваме овој број да се зголеми во наредниот период, бидејќи најверојатно нив не им е грижа за вработените во Општината. Само Македонци се бркаат, а Албанците остануваат на своите работни места, се унапредени дури“, вели Димче Стојаноски, еден од отпуштените.
Реагираат и блиските роднини и пријатели на работниците на кои им е прекинат договор. Тие го потсетуваат градоначалникот Дехари, што изјавил на митингот на ДУИ во Кичево, во текот на изборната кампања за локалните избори, годинава.
„ДУИ кога победи тука на плоштадот, градоначалникот сегашен даде изјава дека ќе работи за сите, ама ова што се случува сега мислам дека не е така.“
„Ова е реваншизам на македонскиот народ, да биде единствен за сите, и за Македонците и за Албанците, муслиманите и Ромите, а не да има поделба меѓу народот“, велат незадоволни кичевчани.
Градоначалникот Дехари најави дека наскоро на прес конференција ќе бидат соопштени детали и многу вистини. А, општинскиот секретар Рамиз Реџепи во соопштение до медиумите објаснува дека Дехари не поделил отказни решенија на ниту еден од вкупно 92 вработени во општинската администрација на Кичево. Но, прекинати им се договорите, на оние лица кои спротивно на законот и актот за систематизација, биле ангажирани, поради политички маркетинг за локалните избори, со договор за вршење на наводни „итни и неодложни работи“, а на кои им истекол договорот.
Моментално сме во една безизлезна состојба ние и нашите семејства затоа што тоа беше единствен приход, а сега не знае што и како натаму. Оваа одлука од градоначалникот Фатмир Дехари, нè изненади, нè запрепасти сите.Слаѓан Грозданоски, отпуштен пожарникар во Кичево.
„Моментално сме во една безизлезна состојба ние и нашите семејства затоа што тоа беше единствен приход, а сега не знае што и како натаму. Оваа одлука од градоначалникот Фатмир Дехари, нè изненади, нè запрепасти сите. Нашите работни места, беа реални и постоечки. Ние не сме виновни што нашите колеги, пожарникари во јануари годинава заминале на заслужена пензија, сето тоа е сплет на околности, што потоа следуваат избори, тука ние не можеме да влијаеме“, вели Грозданоски.
Според неговиот колега Тони Спироски, согласно систематизацијата на вработените во кичевската единица и согласно законот, не само што не треба да останат без работа, овие четворица, туку треба да бидат примени и други пожарникари.
Според Службен весник од 16 април 2013 година, го имаме и примерокот, пишува доволно колку пожарникари треба да има вработени, најмалку 30 до 38, според големината на Општината и новата систематизација недостигаат голем број луѓе, а во моментов со командирот и еден колега со скратено работно време се 15 луѓе, значи 13 ефективни пожарникари.Тони Спироски, отпуштен пожарникар во Кичево.