Битно е да се направат детални анализи за тоа каде и зошто се потрошени парите поради кои е направен долгот, посочува поранешниот заменик министер за финансии Зоран Витанов.
Наивен е секој кој мисли дека бројките можат да се скријат, порачуваат економистите по повод јавно обелоденетите проблеми со јавниот долг во неколку општини за кој алармираа дел од новоназначените градоначалници. Проблемот на презадолжувањето, како што посочува поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини, се случува поради неконтролирано трошење на парите од општинските каси во рамките на изборната кампања ја носи истата опасност како на централно, така и на локално ниво.
„Исто како и на централно ниво, на ниво на влада, и таму парите се трошат сосема без контрола, сè со цел да се поткупат граѓаните да гласаат. Ова се првите симптоми дека ова трошење на парите на граѓаните од даноците без тие да се вложат таму каде што ќе се генерира раст на економијата, тоа земјата од ден на ден ја доведува во сè потешка ситуација“, вели Хајредини.
Битно е да се направат детални анализи за тоа каде и зошто се потрошени парите поради кои е направен долгот, посочува поранешниот заменик министер за финансии Зоран Витанов, што како што додава, не се прави во реалноста. Доколку станува збор за пари кои веќе се предвидени во општинскиот буџет, симптоматично е зошто тие се претвориле во долг. Такви би биле парите кои им се должат на приватните превозници потрошени за бесплатен превоз на деца до училиште за што информираше новиот штипски градоначалник. Доколку, пак, се потрошени за некакви инвестиции каде што станува збор за реконструкција на водоводната мрежа, треба да се испитаат и многу други параметри. Во секој случај финансиската состојба во општините не зависи од тоа колку се тие подготвени на самостојно функционирање, бидејќи тие тоа се, додава Витанов.
„Прашање е дали имаме волја за тоа и дали некој е дојден на власт за да направи добро за граѓаните или на сопствениот табор и лично да си направи, условно речено, краткорочно добро, ама така сите си го сечеме гранчето на кое што седиме“, вели Витанов.
Министерството за финансии побара од општината Штип да врати 1,5 милиони евра кои општината ги има земено за реконструкција на водоводната мрежа од Европската банка за обнова и развој уште пред десет години и најави дека повеќе нема да ја толерира општината туку ќе пристапи кон присилна наплата.
Новоназначениот градоначалник Захариев не се огласи на нашето барање за појаснување на состојбата во општината, а при објавувањето на проблемот најави дека ќе го решава со штедење.
Ова се првите симптоми дека ова трошење на парите на граѓаните од даноците без тие да се вложат таму каде што ќе се генерира раст на економијата, тоа земјата од ден на ден ја доведува во сè потешка ситуација.Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии.
„Исто како и на централно ниво, на ниво на влада, и таму парите се трошат сосема без контрола, сè со цел да се поткупат граѓаните да гласаат. Ова се првите симптоми дека ова трошење на парите на граѓаните од даноците без тие да се вложат таму каде што ќе се генерира раст на економијата, тоа земјата од ден на ден ја доведува во сè потешка ситуација“, вели Хајредини.
Прашање е дали имаме волја за тоа и дали некој е дојден на власт за да направи добро за граѓаните или на сопствениот табор и лично да си направи, условно речено, краткорочно добро, ама така сите си го сечеме гранчето на кое што седиме.Зоран Витанов, поранешен заменик министер за економија.