Што ќе ѝ помогне на опозицијата да се реформира? Која е пораката од Центар? Дали предложените промени и „двојки" се оние вистинските зa СДСМ или треба да се бара ново решение? Овие прашања се отворија по локалните избори на кои Сојузот за иднината освои четири градоначалнички функции.
Бузлевски - Опозицијата е како човек болен од автоимуна болест
Опозицијата е како човек болен од автоимуна болест, кога имуниот систем погрешно толкува одреден дел од телото како туѓ и го напаѓа. Вака сликовито ги објаснува состојбите во опозицијата Димитар Бузлевски, кого СДСМ неодамна го исклучи од членството. Тој вели дека и последните избори потврдија дека опозицијата нема стратегија и затоа се потребни корените промени.
„Прво коренита кадровска промена, од врвот на партијата до општинските организации. Втора работа е, ова раководство не би требало да го подготвува Конгресот, треба да го подготвува работна група која нема да се гледа себе во идното раководство. Трето, идеолошката матрица е одамна напуштина, да не зборувам за години, со тоа треба да се зафатат. Треба да се зафатат со суштински, тематски работи, а не на дневно-политичка основа да се занимава со работи, кои како коска им ги фрла власта.“
Поуки и пораки од Центар
Но каква порака и поука испраќа победата во Центар и покрај генералниот пораз на локалните избори, го запрашавме потпретседателто на СДСМ, Гордан Георгиев. Тој вели дека победата во Центар има и фактичка и симболична вредност. Фактичка бидејќи се стави крај на бесмисленото трошење на власта за проектот Скојпе 2014, со што практично се удри во срцето на политичките на оваа власт, а симболична затоа што и покрај малтретирањето на граѓаните од страна на власта, тие покажа непокор и тоа резултираше со убедлива победа во третиот круг, вели Георгиев.
„Со таа победа во Центар без да се минимизираат поразите на опозицијата во другите општини, победата во Центар има и значење бидејќи покажува на некој начин дека ако граѓаните точно ги препознаат квалитетите од една страна и точно го препознаат одењето по секоја цена да се добие власта, со сите корумптивни методи, со сите насилни средства, дека оваа власт може да се победи. И јас сум убеден дека ќе биде еден вид на порака со сите други општини и граѓани за следните избори.“
Бузлевски вели дека сето она што сега се прави во опозицијата е само глума, не се прават реформи кои се неопходни и од сето тоа опозицијата воопшто нема да излезе поорганизирана.
„Ниеден совет од тие што ги направија пред 2-3 години не профункционира, а тоа намерно беше направено за да се амортизира ударот од членството врз грбот на партијата во тоа време. Да се ангажираат луѓе и да кажеме еве и ние имаме обединување во партијата, напротив тие совети дополнително ја разединија партијата.“
Во јавноста излегоа неколку имиња за можен налседник на Бранко Црвенковски. Па тука се најдоа двоецот Зоран Заев- Радмила Шеќеринска, потпретседателот Зоран Јовановски, пратеникот Игор Ивановски. Се спомнуваат имињата и на Кире Наумов и на Стево Пендаровски.
Последите избори ја отворија темата за реформи во опозицијата, затоа што Македонија ризикува да остане без опозиција, вели аналитичарот Алајдин Демири. Според него, реформите мора да почнат со одењето на Бранко Црвенковски од лидерската позиција, со што би се отворил патот за внатрешна консолидација на партијата.
„Се обидува да се оди со двоец што според мое мислење не е практика и би било недоволно ефикасно за итно решавање и консилидирање на партијата. Има и други решенија каде што се споменуваат одредени личности кои, според мене, имаат и харизма и можат да го вратат победничкиот дух во партијата.“
Тој додава дека промените мора да бидат поитни, затоа што можеби власта ќе сака да оди на предвремени избори, додека опозицијата е ранета.
Опозицијата е како човек болен од автоимуна болест, кога имуниот систем погрешно толкува одреден дел од телото како туѓ и го напаѓа. Вака сликовито ги објаснува состојбите во опозицијата Димитар Бузлевски, кого СДСМ неодамна го исклучи од членството. Тој вели дека и последните избори потврдија дека опозицијата нема стратегија и затоа се потребни корените промени.
Прво коренита кадровска промена, од врвот на партијата до општинските организации. Втора работа е, ова раководство не би требало да го подготвува Конгресот, треба да го подготвува работна група која нема да се гледа себе во идното раководство.Димитар Бузлевски.
„Прво коренита кадровска промена, од врвот на партијата до општинските организации. Втора работа е, ова раководство не би требало да го подготвува Конгресот, треба да го подготвува работна група која нема да се гледа себе во идното раководство. Трето, идеолошката матрица е одамна напуштина, да не зборувам за години, со тоа треба да се зафатат. Треба да се зафатат со суштински, тематски работи, а не на дневно-политичка основа да се занимава со работи, кои како коска им ги фрла власта.“
Поуки и пораки од Центар
Но каква порака и поука испраќа победата во Центар и покрај генералниот пораз на локалните избори, го запрашавме потпретседателто на СДСМ, Гордан Георгиев. Тој вели дека победата во Центар има и фактичка и симболична вредност. Фактичка бидејќи се стави крај на бесмисленото трошење на власта за проектот Скојпе 2014, со што практично се удри во срцето на политичките на оваа власт, а симболична затоа што и покрај малтретирањето на граѓаните од страна на власта, тие покажа непокор и тоа резултираше со убедлива победа во третиот круг, вели Георгиев.
Со таа победа во Центар без да се минимизираат поразите на опозицијата во другите општини, победата во Центар има и значење бидејќи покажува на некој начин дека ако граѓаните точно ги препознаат квалитетите од една страна и точно го препознаат одењето по секоја цена да се добие власта, со сите корумптивни методи, со сите насилни средства, дека оваа власт може да се победи.Гордан Георгиев, СДСМ.
„Со таа победа во Центар без да се минимизираат поразите на опозицијата во другите општини, победата во Центар има и значење бидејќи покажува на некој начин дека ако граѓаните точно ги препознаат квалитетите од една страна и точно го препознаат одењето по секоја цена да се добие власта, со сите корумптивни методи, со сите насилни средства, дека оваа власт може да се победи. И јас сум убеден дека ќе биде еден вид на порака со сите други општини и граѓани за следните избори.“
Се обидува да се оди со двоец што според мое мислење не е практика и би било недоволно ефикасно за итно решавање и консилидирање на партијата. Има и други решенија каде што се споменуваат одредени личности кои, според мене, имаат и харизма и можат да го вратат победничкиот дух во партијата.Алајдин Демири, аналитичар.
„Ниеден совет од тие што ги направија пред 2-3 години не профункционира, а тоа намерно беше направено за да се амортизира ударот од членството врз грбот на партијата во тоа време. Да се ангажираат луѓе и да кажеме еве и ние имаме обединување во партијата, напротив тие совети дополнително ја разединија партијата.“
Двајца лидери не се добро решение