Електронскиот рецепт е добар ако има лекови во аптеките

Најавата за воведување електронски рецепт од перспектива на фармацевтите е комотна и за пациентите и за аптеките и овозможува контрола во терапијата и во издавањето лекови во државата.
Министерството за здравство одлучи да им овозможи на аптекарите од јуни да имаат на увид компјутерски рецепт со кој ќе може да се издава лекот без разлика дали тој е на државен трошок или пациентот треба да го плати. Проектот пробно ќе почне од 15 мај кога во аптека ќе се носи печатен рецепт, а лекарите ќе пополнуваат и електронски. Најавата на министерството од перспектива на фармацевтите е комотна и за пациентите и за аптеките и овозможува контрола во терапијата и во издавањето лекови во државата.
Уште повеќе се поврзува фармацевтот со матичниот лекар кој ги издава лековите. Така што една метода која во западниот свет е одамна применета се воведува кај нас и сигурно е поголемо достигнување.
Драган Поповски, лекар.

„Уште повеќе се поврзува фармацевтот со матичниот лекар кој ги издава лековите. Така што една метода која во западниот свет е одамна применета се воведува кај нас и сигурно е поголемо достигнување“, вели доктор Драган Попоски.

Според најавите на Министерството за здравство, печатените рецепти што ги издаваат матичните лекари треба да бидат укинати од јуни кога во аптека лекот треба да се добива само со книшка, ќе се кажува матичен број или електронска здравствена картичка.
Главен проблем во Македонија е што и со електронски рецепт не може да добиете лек. Се затвораат претставништва, тоа е поради политиката што се води за цените на лековите, затоа што постои евтин лек, а на крај ќе испадне скап, затоа што ќе мора да одите да го купувате на друго место.
Ѓорѓи Оровчанец, лекар, поранешен министер за здравство.

Поранешниот министер за здравство Ѓорги Оровчанец упати критика до здравствените власти дека најавата е нецелосна, потсетувајќи дека неколку години тие зборуваат за својата желба да ја воведат електронската книшка

„Не е лошо ако може да функционира, меѓутоа очигледно ништо не функционира, ни електронска картичка, ни друга картичка, претпоставувам дека во овој момент може да внесе само забуна. Можеби би требало да направат пилот програма со која евентуално би покажале дека функционира или би увиделе недостатоци.“

Електронскиот рецепт е дел од проект со кој компјутерски се поврзуваат сите делови од здравството, се согласува Поповски. За една година, според Министерството за здравство, сите административни услуги ќе се одвиваат електронски.

„За електронска здравствена картичка наназад 5-6 години се вршат подготовки, со одредени одложувања и корекции за да се вклопи во здравствениот систем“, вели Поповски.

Тој додава дека пациентите кои немаат електронска картичка лекот ќе го добиваат на класичен начин со рецепти.

Министерството за здравство наведе дека воведувањето компјутерски рецепти е само замена за хартиени со електронски рецепти и дека се добива многу помалку документација и повеќе точна евиденција за тоа што се случува во здравството.

„Главен проблем во Македонија е што и со електронски рецепт не може да добиете лек. Се затвораат претставништва, тоа е поради политиката што се води за цените на лековите, затоа што постои евтин лек, а на крај ќе испадне скап, затоа што ќе мора да одите да го купувате на друго место“, коментира Оровчанец.