Жерновски победи во Центар, ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот

Андреј Жерновски.

Кандидатот за градоначалник на Центар од опозицискиот „Сојуз за иднината“ Андреј Жерновски победи и по вчерашното прегласување. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот. Градоначалник на Струга и по прегласувањето е Зиадин Села од ДПА. Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, Сокол Митровски и Боше Милошески, победија во Ѓорче Петров и во Долнени.
Андреј Жерновски од „Сојузот за иднината“ е новиот градоначалник на Центар, по вчерашното прегласување на 29 од вкупно 66 гласачки места. Жерновски го победи досегашниот градоначалник Владимир Тодоровиќ од ВМРО-ДПМНЕ со повеќе од 3.000 гласа разлика, покажуваат податоците на ДИК.
Во првиот круг наш политички противник беше господинот Тодоровиќ, во вториот круг наш политички противник беше премиерот Груевски, овојпат противник на власта не бевме ние, противник на власта беше граѓанинот, односно граѓаните на општина Центар коишто потврдија дека не може, ниту оваа власт, ниту која било власт да ја промени јасно изразената волја на граѓаните.
Андреј Жерновски, новоизбран градоначалник на Центар.

По прегласувањето во Струга победи кандидатот на ДПА Зиадин Села, кој освои 6.000 гласови повеќе од неговиот противкандидат Владимир Кочоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој беше поддржан и од СДСМ.

Илија Димовски, шеф на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.


Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, Сокол Митровски и Боше Милошески, победија во Ѓорче Петров и во Долнени.

Новоизбраниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, прогласувајќи ја победата, рече дека паднал митот за непобедливоста на ВМРО-ДПМНЕ. Ова ќе биде почеток на нивниот пораз на предвремените парламентарни избори, рече Жерновски.
Би сакал да им ја честитам и победата на кандидатите на СДСМ и ДПА во општините Центар и Струга. На сите нив им посакуваме плодна работа во која основна грижа ќе им биде интересот и потребите на граѓаните на општините каде тие станаа градоначалници.
Илија Димовски, шеф на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во првиот круг наш политички противник беше господинот Тодоровиќ, во вториот круг наш политички противник беше премиерот Груевски, овојпат противник на власта не бевме ние, противник на власта беше граѓанинот, односно граѓаните на општина Центар коишто потврдија дека не може, ниту оваа власт, ниту која било власт да ја промени јасно изразената волја на граѓаните. Центар докажа до крај дека ниту може да биде поткупен, ниту може да биде уплашен“, изјави Жерновски.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ му ја честиташе победата на Жерновски, но и на Зиадин Села за Струга. Шефот на партискиот центар за комуникации Илија Димовски соопшти дека кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ победиле во Ѓорче Петров и во Долнени.

„Би сакал да им честитам за победата на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во овие две општини, но би сакал да им ја честитам и победата на кандидатите на СДСМ и ДПА во општините Центар и Струга. На сите нив им посакуваме плодна работа во која основна грижа ќе им биде интересот и потребите на граѓаните на општините каде тие станаа градоначалници“, рече Димовски.

На новинарско прашање дали ќе следуваат приговори пред Државната изборна комисија, Димовски одговори дека: „Ова е официјалниот став на партијата“.

Вчерашното гласање заврши со бројни нерегуларности што ги забележаа набљудувачите, но и камерите на дел од медиумите. Најголеми нерегуларности беа забележани во општина Центар каде што се прегласуваше на 29 од вкупно 66 гласачки места, на кои се регистрирани 22.939 гласачи. Гласачите, за кои опозицијата и дел од медиумите објавија дека се од Пустец со лични карти издадени во Центар и овој пат гласаа на неколку гласачки места. Во неколку згради во населбата Капиштец беа намерно расипани лифтовите, граѓани на Центар се жалеа дека им биле издишани гумите на автомобилите, а поштенските сандачиња на жителите беа полни со фалсификувани летоци со кои Жерновски наводно ги повикува граѓаните да не излегуваат на гласање.