Достапни линкови

Правниот систем потклекна пред политиката


Одлуките на Управниот суд и на Државната изборна комисија по локалните избори ја отворија дилемата колку нивната работа е според законите или, пак, тие постапуваат согласно партиската и етничката припадност.

Од Управниот суд ни потврдија дека по вчерашните одлуки за Центар и Струга, претседателот на Управниот суд Исамеди Лимани си поднел оставка. Нов претседател ќе се избира на седница на судскиот совет, која се уште не е закажана.
Упадот во тој систем од извршната власт е очигледен. Опојпат тоа е за општина Центар и за некои места во Струга. Ќе видиме денеска кои ќе бидат образложенијата на управните совети.
Бајрам Положани, универзитетски професор.

Одлуките на Управниот суд и на Државната изборна комисија по локалните избори ја отворија дилемата колку нивната работа е според законите или, пак, тие постапуваат согласно партиската и етничката припадност.
Зградата на Управен суд во Скопје.
Зградата на Управен суд во Скопје.

Управниот суд вчера одлучи да се прегласува во скопски Центар и во Струга. ВМРО-ДПМНЕ поднесе 34 тужби до Управниот суд откако ДИК ги отфрли сите приговори на партијата за општина Центар. Управниот суд прифати и седум од осумте тужби за Струга и таму во недела ќе има прегласување на вториот круг.

Професор Бајрам Положани вели дека Управниот суд со некои одлуки во овој изборен процес го доведува во прашање дигнитетот и конзистентноста на самата заштита на изборното право.
Мислам дека ги напуштија правните принципи, не се раководеја од принципите на владеењето на правото, не пресудуваа по закон, не се држеа ни до Устав, но до закон, туку потпаднаа под влијание на политичките партии.
Трендафил Ивановски, поранешен претседател на Уставен суд.

„Упадот во тој систем од извршната власт е очигледен. Опојпат тоа е за општина Центар и за некои места во Струга. Ќе видиме денеска кои ќе бидат образложенијата на управните совети.“

Во однесувањето на Државната изборна комисија и нејзините тела, во таа хармонија се вклопи и Управниот суд, вели поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски.
Седница на Државната изборна Комисија (ДИК) за изборните приговори за локалните избори 2013.
Седница на Државната изборна Комисија (ДИК) за изборните приговори за локалните избори 2013.

„Мислам дека ги напуштија правните принципи, не се раководеа од принципите на владеењето на правото, не пресудуваа по закон, не се држеа ни до Устав, ни до закон, туку потпаднаа под влијание на политичките партии.“

Тој додава дека нивното однесување придонесе за впечатокот дека, иако имаше можност изборите да бидат спроведени по закон, во практика не се докажа тоа.

Последиците од ваквото однесување на телата ќе бидат големи, заклучуваат нашите соговорници. Професор Положани вели дека за жал нема второстепен суд за заштита на изборното право, односно одлуките на Управниот суд се конечни, па сега само останува да се види како ќе биде спроведен процесот на овие места на кои се гласа. Ивановски вели дека последици од ова ќе бидат нефункционирање на правната држава и назадување на демократијата.

Работата на Управниот суд и на ДИК беше доведувана во прашање и по првиот круг. Тогаш Управниот одлучи да се прегласува во Струмица и во Долнени. По одлуката, градоначалникот на Струмица Зоран Заев рече дека било сосема очекувано дека Државната изборна комисија со мнозинство гласови од ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе политичка, а не правна одлука, но дека е изненаден од одлуките на Управниот суд, затоа што, според него, Судот треба и мора да одлучува исклучиво по закон.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG