Најважно од сè е што општеството успеа да избегне поголеми инциденти во предизборниот период, велат аналитичарите.
Меѓуетничките односи ги диктираат партиите, наведуваат експертите. Тие во претходниот период гледаат многу примери со кои се калкулира со меѓуетничките односи, од чекорите на политичките партии во некои општини каде се формираа етнички коалиции до начинот на кој се одвиваше кампањата. Поднесената оставка на претседателот на Управниот суд и одлуката пак да се гласа во Струга во голема мера предизвикаа дилема дали и институциите почнаа да работат по етнички и партиски критериуми.
Појасни оценки за оваа, вклучително и за меѓуетничките односи може да се наведат по завршувањето на прегласувањата, оценуваат експертите, додавајќи дека сè зависи од тоа како ќе се однесуваат политиките партии. Александар Кржаловски од МЦМС вели дека државните институции треба да ја завршат работата па после да се види колку и дали етничката или партиската припадност има влијание врз некои одлуки.
„Некои велат дека има партиско гласање и во Државната изборна комисија, овде сега е фокусот дали има етничко гласање, меѓутоа во случајот на Центар па и нема причина за тоа, бидејќи и двајцата кандидати се од македонската етничка припадност. За другите општини секогаш може да се шпекулира за тоа, но би оставил државните институции да си ги завршат работите, па кога сè ќе помине ќе може да се констатира и анализира во колкава мерка тоа се случувало или може да има влијание етничката припадност“, вели Алксандар Кржаловски од МЦМС.
Професор Мирјана Најчевска вели дека нема јасни показатели дека оставката на Хусамедин Лимани од функцијата претседател на Управниот суд е од етничка природа.
„Доколку е принципиелно тоа навистина е многу добар преседан и можеби ќе ја отвори вратата и на други вакви оставки со кои луѓето ќе покажат дека не се согласуваат со она што се случува со противправното делување и со чисто партиското, дури и во правосудните органи. Доколку се задржиме само на етничката димензија, тогаш навистина сме ја изгубиле смислата воопшто на правосудството и на делувањето на судовите“, вели Најчевска.
Освен во Струга повторно ќе се гласа и во Центар. По ваквиот развој на настаните на скалата на она што ги преокупира граѓаните, а на која доминираат економските теми меѓуетничките односи повторно станаа тема на разговор. Дел од одговорноста тие ја гледаат кај политичките партии и бараат од институциите да покажат професионалност. Исто така некои до нив велат дека она што е веројатно и најважно, е партиите континуирано да бидат на терен, како што прават за време на избори, да бидат меѓу луѓето.
„Сите овие тензии со изборни комисии, со Управен суд уште повеќе ги затегнуваат меѓуетничките односи. Таа политичка реторика која се води во предизборните кампањи, интересот на партиите, сеопштата атмосфера води кон тоа.“
„До некаде беше добро, немаше тензии.“
„Меѓуетничките односи помеѓу народот во принцип се добри, а политичарите прават дубари за да останат повеќе на власт и го провоцираат народот.“
„И овие локални избори, како и секогаш имаме проблеми. Ова не е за меѓуетничките односи, туку е за личен интерес, секој кој ќе дојде на власт не мисли на народот, само бараат глас, а кога ќе седнат во фотелја веќе не ве познаваат.“
„Ние како луѓе се почитуваме, ама за сето тоа што се случува меѓу народот, само политиката е виновна. Ова прегласување еднаш, двапати, трипати тоа навистина не е во ред ниту за едните, ниту за другите, мора тензијата да се спушти малку и да се престане со ова“, велат анкетираните граѓани.
Инаку самиот тек на кампањата имаше национална конотација. Имаше изјави за мултиетнички општини дека се дел од Македонија како реагирање на изјави на други кандидати кои ја реанимираа идејата за Голема Албанија. Експертите сметаат дека националните теми се едноставна и брза формула за добивање повеќе гласови на своето конто. Политичкиот аналитичар Исмет Рамадани изјави дека е уверен дека сега се соочуваме со последиците и од начинот на кој се одвиваше кампањата.
„Мислам дека беше и очекувано дека од настапите со националистички пораки на ниво на локална самоуправа, посебно тоа се случи во Струга и Кичево, се очекуваше дека сето тоа длабоко ќе се одрази на меѓуетничките односи, но најлошото е во тоа што тоа се одрази и на одредени органи и институции“, изјави Исмет Рамадани.
Најважно од сè е што општеството успеа да избегне поголеми инциденти во предизборниот период и што и кај Македонците и кај Албанците има граѓани кои признаваат дека политиката диктира со меѓуетничките односи.
Непосредно пред почетокот на кампањата имаше протест против именувањето на Талат Џафери како министер за одбрана, а следниот ден имаше контра протести кои ескалираа на Битпазар каде дојде до судир меѓу полицијата и демонстрантите. По овој меѓуетнички инцидент, опозицијата кажа дека е ова е увертира во кампањата за локалните избори со цел меѓуетничките односи да станат доминантна тема. Владејачките партии, пак, го вперија прстот во структури во земјава и надвор од неа на кои во полза им е да има негативни случувања пред пролетниот извештај за Македонија од ЕК. Центрите на моќ диктираат настани со кои добиваат поени, што значи дека сè уште може да ги контролираат меѓуетничките односи, велат експертите и додаваат дека затоа меѓуетничките односи од 2001 па наваму остануваат кревки, но стабилни. Во политиката сè е возможно па така и меѓуетничките страсти да се распламтат преку ноќ, а веќе наредното утро да осамне мирно и со вообичаениот тек на настаните, изјави Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција.
„Мартовските настани ни беа очигледен пример. Протестите на едната и на другата заедница, тоа сè се изрежирани работи кои траат само неколку часа или еден ден и потоа престануваат. Доколку имаме организирани меѓуетнички нарушувања од страна на граѓаните, јас сум длабоко убеден никогаш нема да престанат за еден ден или за неколку часа. Сето тоа е контролирано од одредени политички центри, каде ги пуштаат младите во некакво си терање на правда, а потоа ги повлекуваат“, вели Владо Димовски.
Слично како за протестите и контра протестите, и овие избори заслужуваат анализа. Дали граѓаните што во некои општини подржаа кандидати од различна етничка припадност тоа го направиле искрено и гласале за личност, а не за политички интерес на одредена партија. Мотивот поради кој Албанци во некои општини гласаа за кандидат Македонец и обратно не е познат докрај.
„Ние можеме да речеме дека можеби самите граѓани тоа го одлучиле, што би било навистина многу добро, но може да се претпостави дека се работи и за прикриено агитирање на политичките партии за нивните наводни политички опоненти во некои други општини, се со цел преку размена на гласови да добијат што е можно поголем број на градоначалнички места“, вели публицистот Ибрахим Мехмети.
„Интересно беше во другите случаи, почнувајќи од Карпош, имаше гласање на етнички Албанци за еден од кандидатите Македонци, слично имаше и во други општини“, се надоврзува Александар Кржаловски од МЦМС.
Додека експертите не исклучуваат дека во прашање е политичко лицемерие кога Албанци гласаат за Македонци и обратно, односно дека тоа го гледаат во политички контекст, политичарите нè убедуваат дека луѓето сепак знаат да препознаат личност надвор од етничката припадност.
Експертите не се големи оптимисти дека ќе се намалува значењето на етничката припадност, наведувајќи дека сè уште има различни видувања на Охридскиот рамковен договор со кој се стави крај на конфликтот во 2001. Во јавноста засега остана запаметен единствено примерот со Имер Селмани кој настојуваше и доби македонски гласови, но подоцна остана истиснат од политичката сцена. Локалните избори се само резултат на погрешен пристап во градење на демократијата, вели Мирјана Најчевска.
„Во одреден период не да може, туку мора да се случи такво нешто, доколку сакаме навистина да градиме демократски систем, меѓутоа тоа ќе се случи во оној момент кога политичките партии ќе нудат програми, а не национализам, значи наше е да пробаме да го изградиме граѓанскиот систем, но за да може да прејдеме на тоа ново ниво, треба да го затвориме поглавјето на охридскиот рамковен договор, сè додека не го затвориме тоа поглавје, сè дотогаш ќе имаме гласање само врз основа на етничка припадност“, вели Најчевска.
Во основа не може да се очекува повеќе кога нашето општествено уредување го градиме на етничка основа наместо да градиме демократски институции. Кога во градинки и во училишта имаме одвоени паралелки, имаме посебни плоштади и секој поставува свое знаме во онаа општина каде е мнозинство, тогаш дали е возможно да имаме и поинакви избори. Македонија на маса сè уште има отворени прашања од минатото и можеби кога докрај ќе се решат ќе остават простор да се формира партија според идеолошка, а не според етничка припадност, каде што нема да биде битна етничката припадност и кога националниот призвук нема да биде главен начин за придобивање гласачи. Во Македонија не само етнички, туку почнува да се продлабочува и еден нов феномен, а тоа една тенденција за чисто политичка поделеност. Александар Кржаловски размислува дека политичката поделеност е поголем проблем во Македонија отколку етничката поделеност.
„Мене лично не ми се допадна таа етничка хомогенизација на лути политички противници, од друга страна, пак, е нова вредност, бидејќи сметам дека партиската поделеност е поголем проблем и кај етничките Македонци и кај етничките Албанци во моментов, значи е напредок на тоа поле. Сметам дека партиската поделеност е поголем проблем и како на тоа ќе треба да работиме по завршувањето на локалните избори и на воспоставувањето на дијалог меѓу власта и опозицијата надвор од етничките поделености, а помал проблем се и ќе ни бидат етничките односи. Со секој нареден изборен циклус, очекувам партиите сè повеќе да се доближуваат по идеолошка основа“, вели Кржаловски.
Некои велат дека има партиско гласање и во Државната изборна комисија, овде сега е фокусот дали има етничко гласање, меѓутоа во случајот на Центар па и нема причина за тоа, бидејќи и двајцата кандидати се од македонската етничка припадност. За другите општини секогаш може да се шпекулира за тоа, но би оставил државните институции да си ги завршат работите, па кога сè ќе помине ќе може да се констатира и анализира во колкава мерка тоа се случувало или може да има влијание етничката припадност.Алксандар Кржаловски, МЦМС.
Појасни оценки за оваа, вклучително и за меѓуетничките односи може да се наведат по завршувањето на прегласувањата, оценуваат експертите, додавајќи дека сè зависи од тоа како ќе се однесуваат политиките партии. Александар Кржаловски од МЦМС вели дека државните институции треба да ја завршат работата па после да се види колку и дали етничката или партиската припадност има влијание врз некои одлуки.
„Некои велат дека има партиско гласање и во Државната изборна комисија, овде сега е фокусот дали има етничко гласање, меѓутоа во случајот на Центар па и нема причина за тоа, бидејќи и двајцата кандидати се од македонската етничка припадност. За другите општини секогаш може да се шпекулира за тоа, но би оставил државните институции да си ги завршат работите, па кога сè ќе помине ќе може да се констатира и анализира во колкава мерка тоа се случувало или може да има влијание етничката припадност“, вели Алксандар Кржаловски од МЦМС.
Професор Мирјана Најчевска вели дека нема јасни показатели дека оставката на Хусамедин Лимани од функцијата претседател на Управниот суд е од етничка природа.
Доколку е принципиелно тоа навистина е многу добар преседан и можеби ќе ја отвори вратата и на други вакви оставки со кои луѓето ќе покажат дека не се согласуваат со она што се случува со противправното делување и со чисто партиското, дури и во правосудните органи. Доколку се задржиме само на етничката димензија, тогаш навистина сме ја изгубиле смислата воопшто на правосудството и на делувањето на судовите.Мирјана Најчевска, универзитетски професор.
Освен во Струга повторно ќе се гласа и во Центар. По ваквиот развој на настаните на скалата на она што ги преокупира граѓаните, а на која доминираат економските теми меѓуетничките односи повторно станаа тема на разговор. Дел од одговорноста тие ја гледаат кај политичките партии и бараат од институциите да покажат професионалност. Исто така некои до нив велат дека она што е веројатно и најважно, е партиите континуирано да бидат на терен, како што прават за време на избори, да бидат меѓу луѓето.
И овие локални избори, како и секогаш имаме проблеми. Ова не е за меѓуетничките односи, туку е за личен интерес, секој кој ќе дојде на власт не мисли на народот, само бараат глас, а кога ќе седнат во фотелја веќе не ве познаваат.Анкетиран граѓанин.
„Сите овие тензии со изборни комисии, со Управен суд уште повеќе ги затегнуваат меѓуетничките односи. Таа политичка реторика која се води во предизборните кампањи, интересот на партиите, сеопштата атмосфера води кон тоа.“
„До некаде беше добро, немаше тензии.“
„Меѓуетничките односи помеѓу народот во принцип се добри, а политичарите прават дубари за да останат повеќе на власт и го провоцираат народот.“
„И овие локални избори, како и секогаш имаме проблеми. Ова не е за меѓуетничките односи, туку е за личен интерес, секој кој ќе дојде на власт не мисли на народот, само бараат глас, а кога ќе седнат во фотелја веќе не ве познаваат.“
Мислам дека беше и очекувано дека од настапите со националистички пораки на ниво на локална самоуправа, посебно тоа се случи во Струга и Кичево, се очекуваше дека сето тоа длабоко ќе се одрази на меѓуетничките односи, но најлошото е во тоа што тоа се одрази и на одредени органи и институции.Исмет Рамадани, политички аналитичар.
„Ние како луѓе се почитуваме, ама за сето тоа што се случува меѓу народот, само политиката е виновна. Ова прегласување еднаш, двапати, трипати тоа навистина не е во ред ниту за едните, ниту за другите, мора тензијата да се спушти малку и да се престане со ова“, велат анкетираните граѓани.
Инаку самиот тек на кампањата имаше национална конотација. Имаше изјави за мултиетнички општини дека се дел од Македонија како реагирање на изјави на други кандидати кои ја реанимираа идејата за Голема Албанија. Експертите сметаат дека националните теми се едноставна и брза формула за добивање повеќе гласови на своето конто. Политичкиот аналитичар Исмет Рамадани изјави дека е уверен дека сега се соочуваме со последиците и од начинот на кој се одвиваше кампањата.
„Мислам дека беше и очекувано дека од настапите со националистички пораки на ниво на локална самоуправа, посебно тоа се случи во Струга и Кичево, се очекуваше дека сето тоа длабоко ќе се одрази на меѓуетничките односи, но најлошото е во тоа што тоа се одрази и на одредени органи и институции“, изјави Исмет Рамадани.
Мартовските настани ни беа очигледен пример. Протестите на едната и на другата заедница, тоа сè се изрежирани работи кои траат само неколку часа или еден ден и потоа престануваат. Доколку имаме организирани меѓуетнички нарушувања од страна на граѓаните, јас сум длабоко убеден никогаш нема да престанат за еден ден или за неколку часа. Сето тоа е контролирано од одредени политички центри, каде ги пуштаат младите во некакво си терање на правда, а потоа ги повлекуваат.Владо Димовски, Центар за меѓуетничка толеранција.
Најважно од сè е што општеството успеа да избегне поголеми инциденти во предизборниот период и што и кај Македонците и кај Албанците има граѓани кои признаваат дека политиката диктира со меѓуетничките односи.
Непосредно пред почетокот на кампањата имаше протест против именувањето на Талат Џафери како министер за одбрана, а следниот ден имаше контра протести кои ескалираа на Битпазар каде дојде до судир меѓу полицијата и демонстрантите. По овој меѓуетнички инцидент, опозицијата кажа дека е ова е увертира во кампањата за локалните избори со цел меѓуетничките односи да станат доминантна тема. Владејачките партии, пак, го вперија прстот во структури во земјава и надвор од неа на кои во полза им е да има негативни случувања пред пролетниот извештај за Македонија од ЕК. Центрите на моќ диктираат настани со кои добиваат поени, што значи дека сè уште може да ги контролираат меѓуетничките односи, велат експертите и додаваат дека затоа меѓуетничките односи од 2001 па наваму остануваат кревки, но стабилни. Во политиката сè е возможно па така и меѓуетничките страсти да се распламтат преку ноќ, а веќе наредното утро да осамне мирно и со вообичаениот тек на настаните, изјави Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција.
Ние можеме да речеме дека можеби самите граѓани тоа го одлучиле, што би било навистина многу добро, но може да се претпостави дека се работи и за прикриено агитирање на политичките партии за нивните наводни политички опоненти во некои други општини, се со цел преку размена на гласови да добијат што е можно поголем број на градоначалнички места.Ибрахим Мехмети, публицист.