Охридскиот совет со полни раце работа

Совет на општина Охрид.

Овој совет треба најпрво да донесе деловник за работа бидејки претходниот совет работеше без деловник 4 години. Едни од големите пропусти кои ги правеше претходниот совет е носењето на поединечни акти што не е дозволиво, вели Владо Чингоски, кој беше претседател на Советот на општина Охрид од 2005 до 2009 година,
Новиот градски совет на Охрид кој беше конституиран неодамна го очекуваат полни раце работа уште од самиот почеток. Според Владо Чингоски, кој беше претседател на Советот на општина Охрид од 2005 до 2009 година, претседавачот треба да ја знае законската регулатива. Новиот состав, вели Чингоски, треба да ги исправи грешките и пропустите во функционирањето на претходниот совет.
Овој состав на совет и ВМРО-ДПМНЕ имаат комотна позиција. Имаат 12 советници кои можат да ги носат сите одлуки, освен оние кои се носат со двотретинско мнозинство.
Владо Чингоски, претседател на Советот на општина Охрид од 2005 до 2009 година.

„На советот му престојат многу тешки седници и носење на многу тешки одлуки. Особено сега со измените на законот за градба и спроведувањето на тие одлуки. Овој совет треба најпрво да донесе деловник за работа бидејќи претходниот совет работеше без деловник 4 години. Едни од големите пропусти кои ги правеше претходниот совет е носењето на поединечни акти што не е дозволиво. Советот носи само општи акти“, вели Чингоски.

Совет на општина Охрид.


Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ, со оглед на тоа дека го има мнозинството во новиот совет, не треба да има оправдувања за функционирањето на советот и неговото поуспешно работење.
Постојаните принципи на современо управување и донесување на одлуки мора да има една и единствена цел, а тоа е да одговори на модерните форми на менаџирање со општината.
Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.

„Овој состав на совет и ВМРО-ДПМНЕ имаат комотна позиција. Имаат 12 советници кои можат да ги носат сите одлуки, освен оние кои се носат со двотретинско мнозинство. Статут нема да носат бидејќи единствено тој се носи со двотретинско мнозинство. Воопшто нема да зависат од другите советници или од независните советници“, вели Чингоски.

Новиот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески, очекува успешна соработка со советот. Тој најави дека на Охрид не му се потребни импровизации во својот развој.

„Општина Охрид не може да биде место за импровизации во својот развој. Постојаните принципи на современо управување и донесување на одлуки мора да има една и единствена цел, а тоа е да одговори на модерните форми на менаџирање со општината и да овозможи подигнување на квалитетот на живот на нашите сограѓани. Затоа очекувам сите предлози, програми и стратегии кои ќе бидат разгледувани и носени од овој совет, секогаш да имаат пред се, пред политичките и пред личните мотиви, една основна цел за која што сите ние сме овде, а тоа е да ја оправдаме довербата на граѓаните од кои го црпиме мандатот“, рече Бакрачески.

Во новиот совет ќе има и тројца независни советници.