Нападот и досега се покажа како посилна страна на кошаркарите на Куманово, но за успех на фајнал-фор турнирот во Балканската лига ќе биде потребна и добра одбрана.
Кошаркарскиот клуб Куманово ја продолжи традицијата Македонија да има претставник на фајнал-фор турнирот во Балканската лига. Кумановци тоа го остварија со извонредните игри во двете групни фази од актуелната, петта по ред сезона во БИБЛ, а за да биде задоволството поголемо, пласманот во полуфиналето го обезбедија во нивниот дебитантски настап во ова натпреварување.
Затоа и не кријат дека со досега постигнатото ги надминале своите очекувања, што не значи дека не веруваат во уште поголем успех на завршниот турнир, кој од 19-ти до 21-ви април ќе се одржи во бугарскиот Самоков. Напротив, според бекот Александар Костоски, досегашните резултати покажуваат дека сè е можно, па дури и повторување на подвигот на Фени Индустри, кој пред две години се закити со титулата шампион во БИБЛ.
„Кога ни соопштија дека ќе играме во Балканска лига, тоа за нас беше голем предизвик и никој не очекуваше дека ќе дојдеме до тука. Кога се создадоа некои шанси дека можеби ќе влеземе и во шесте најдобри, ние тоа го направивме. Подоцна игравме уште подобро, влеговме во фајнал–форот, така што навистина е еден голем успех. Само со Рилски спортист не успеавме да триумфираме на домашен терен. Другите екипи ги имаме победено, така што нема зошто да нема оптимизам. Сите сакаат да освојат пехар, па така и ние. Ќе дадеме се од себе, немаме некои посебни очекувања, одиме таму да изиграме и мислам дека имаме шанси, еден натпревар е“, рече Костоски.
Првата пречка на патот кон пехарот е израелскиот Галил Гилбоа, со кого кумановци ќе се сретнат в петок. Станува збор за актуелниот првак во БИБЛ, чија фаворитска улога на хартија ја зголемува и фактот што тренерот на Куманово, Љубисав Луковиќ нема да може да смета на услугите на повредениот првотимец Ивица Димчевски.
Сепак, нашиот претставник сезонава веќе извојува една победа над Галил, што му дава право да се надева на триумф и во Самоков, каде што, според Костоски, посебно внимание ќе треба да се посвети на играта во одбраната.
„Ние сме и бевме една од најдобрите напаѓачки екипи во Балканската лига. Сите натпревари ги игравме со многу поени, нападот наш е разноврсен и мислам дека тука нема да имаме проблем. Меѓутоа, доколку сакаме да стигнеме до финалето ќе треба да ги спречиме нивните напаѓачи. Така што, мислам дека во овој натпревар ќе треба да се поведе повеќе внимание на нашата одбрана, отколку на нападот. Треба да се направи добар скаутинг како да ги запреме нивните најдобри играчи во одбрана. И мислам дека со одбрана ќе можеме да имаме шанси“, додаде македонскиот кошаркарски репрезентативец.
Освен Галил Гилбоа, по еден триумф во БИБЛ имаат и другите два учесници на претстојниот турнир во Самоков, бугарските Рилски спортист и Левски. И нивната пресметка за влез во финалето е закажана за в петок, додека мечот за трофејот (меѓу победниците во полуфиналните средби) ќе се одигра в недела на 21 април.
Сите сакаат да освојат пехар, па така и ние. Ќе дадеме се од себе, немаме некои посебни очекувања, одиме таму да изиграме и мислам дека имаме шанси, еден натпревар е.Александар Костоски, кошаркар на КК Куманово.
Затоа и не кријат дека со досега постигнатото ги надминале своите очекувања, што не значи дека не веруваат во уште поголем успех на завршниот турнир, кој од 19-ти до 21-ви април ќе се одржи во бугарскиот Самоков. Напротив, според бекот Александар Костоски, досегашните резултати покажуваат дека сè е можно, па дури и повторување на подвигот на Фени Индустри, кој пред две години се закити со титулата шампион во БИБЛ.
Ние сме и бевме една од најдобрите напаѓачки екипи во Балканската лига. Сите натпревари ги игравме со многу поени, нападот наш е разноврсен и мислам дека тука нема да имаме проблем. Меѓутоа, доколку сакаме да стигнеме до финалето ќе треба да ги спречиме нивните напаѓачи.Александар Костоски, кошаркар на КК Куманово.