Во центарот на Скопје вчера, на ден по изборите, беа поставени 40-тина споменици и скулптури во вредност од речиси еден милион евра.
Ни се може и ништо нема да не спречи да си го оствариме тоа што сме го замислиле, без разлика дали ви се допаѓа или не, е пораката што се испраќа со инвазијата од споменици во центарот на Скопје, коментира социологот, професор Хасан Јашари. Спомениците што беа поставени вчера во центарот на главниот град чинат речиси еден милион евра. Јашари вели дека поставувањето на спомениците преку ноќ, и тоа ден по изборниот пораз во општина Центар, е доказ за бесчувствителноста на власта за демократските процеси.
„Очигледно дека тие си ја имаат преродбата во 100 чекори на својата агенда и без разлика што населението на изборите испорача една порака дека гласа токму против спомениците, тие си се држат до својот план и до својата агенда и ноќе ги поставуваат“, вели Јашари.
На мостот Око се поставуваат 29 скулптури на антички и средновековни кралеви, кнезови, и војсководци за чие познавање е потребно посериозно од просечнотото знаење од историјата. Од двете страни на Порта Македонија се поставени спомениците на Христо Татарчев и на Павел Шатев во седечка положба. Наспроти нив, во паркот Жена-борец е поставен споменикот на Кузман Јосифовски Питу. Спроти Мекдоналдс во центарот на градот е споменикот на Христо Узунов, пред Министерството за надворешни работи е поставен Борис Сарафов, а на кружниот тек кај католичката црква е поставен споменикот на Васил Чакаларов. На плоштадот Карпошово Востание, во близина на споменикот на Филип II, или официјално Воин, се поставени скулптури на Пресвета Богородица, Свети Никола и на Свети Петар и Павле.
Споменикот на Сарафов е подарок од скулпторката Валентина Стевановска.
Скулптурите на мостот Око чинат 170 илјади евра. Спомениците на Татарчев, Шатев и Питу заедно чинат 213 илјади евра, Чакаларов е 350 илјади, Узунов 116 илјади, а спомениците на плоштадот Карпошово востание се 128 илјади евра.
И од општина Центар и од владејачката партија не соопштија ништо за поставувањето на спомениците. Кандидатот на опозицијата, пак, кој победи на локалните избори во Центар, Андреј Жерновски, вчера изјави дека „ова е последното нагрдување на Центар“.
„Од утре, ни сантиметар од општината нема да се моделира без да се прашаат граѓаните“, рече Жерновски, кој сè уште не градоначалник, затоа што владејачката ВМРО-ДПМНЕ поднесе жалби за изборниот процес во Центар.
Очигледно дека тие си ја имаат преродбата во 100 чекори на својата агенда и без разлика што населението на изборите испорача една порака дека гласа токму против спомениците, тие си се држат до својот план и до својата агенда и ноќе ги поставуваат.Хасан Јашари, универзитетски професор.
На мостот Око се поставуваат 29 скулптури на антички и средновековни кралеви, кнезови, и војсководци за чие познавање е потребно посериозно од просечнотото знаење од историјата. Од двете страни на Порта Македонија се поставени спомениците на Христо Татарчев и на Павел Шатев во седечка положба. Наспроти нив, во паркот Жена-борец е поставен споменикот на Кузман Јосифовски Питу. Спроти Мекдоналдс во центарот на градот е споменикот на Христо Узунов, пред Министерството за надворешни работи е поставен Борис Сарафов, а на кружниот тек кај католичката црква е поставен споменикот на Васил Чакаларов. На плоштадот Карпошово Востание, во близина на споменикот на Филип II, или официјално Воин, се поставени скулптури на Пресвета Богородица, Свети Никола и на Свети Петар и Павле.
Споменикот на Сарафов е подарок од скулпторката Валентина Стевановска.
Скулптурите на мостот Око чинат 170 илјади евра. Спомениците на Татарчев, Шатев и Питу заедно чинат 213 илјади евра, Чакаларов е 350 илјади, Узунов 116 илјади, а спомениците на плоштадот Карпошово востание се 128 илјади евра.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5