Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во вториот изборен круг освои нови 16 градоначалнички места, со што доби вкупно 56 градоначалници. Коалицијата „Сојузот за иднината“, според првичните неофицијални информации, победи во Струмица, Куманово, општината Ранковце и најверојатно во скопската општина Центар.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во вториот изборен круг освои нови 16 градоначалнички места, со што доби вкупно 56 градоначалници. Со Град Скопје во следните 4 години ќе управува досегашниот градоначалник Коце Трајановски.
Покрај 40 општини од првиот круг, ВМРО-ДПМНЕ победи во Битола, Велес, Бутел, Ѓорче Петров, Кавадарци, Делчево, Берово, Богданци, Дебарца, Јегуновце, Карбинци, Кочани, Лозово, Ресен, Чешиново-Облешево и Старо Нагоричане.
Претседателот на Државната изборна комисија Борис Кондарко изјави дека допрва треба да се направат сериозни анализи за регуларноста на изборите.
„Партиите веќе ги дадоа своите оценки, треба да се направат серизони анализи, очигледно е дека постојат многу елементи кои укажуваат на одредени сомневања во врска со процесот на изборите. Тоа допрва треба да се испита и да се процесуира.Од страна на државната изборна комисија согласно нашите надлежносто во техничко-нормативно, правниот дел, односно организацискиот дел согласно законот ги спроведовме сите неопходни дејствија за спроведување на изборниот процес навремено во законските рокови. “
За власта празник на демократијата, за опозицијата нефер избори
Премиерот Никола Груевски вториот изборен круг го оцени како успешен и како победа на сите граѓани и на Република Македонија. Тој на новите градоначалници им порача уште од утре да почнат со работа.
„Ги повикувам истовремено сите наши градоначалници, овие кои сега ја добија довербата, 56-те нови, да ги засукаат ракавите уште од утре сабајле и да го одржат дадениот збор, да ја реализираат програмата што им ја ветија на граѓаните.“
Градоначалници од редовите на коалицијата „Сојузот за иднината“, според првичните неофицијални информации, ќе раководат во следните 4 години во Струмица, Куманово, општината Ранковце и најверојатно во скопската општина Центар. Андреј Жерновски, кој води пред неговиот противкандидат, актуелниот градоначалник Владимир Тодоровиќ, оцени дека со неговата победа во Центар падна антиквизацијата и „Скопје 2014“.
„Нека не се залажуваат да го прават истото сценарио од првиот круг, нема да имаат проблем со нас, ќе имаат проблем со граѓаните коишто јасно ја кажаа својата волја и пред 2 недели и денеска.“
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски изјави дека изборите не беа ниту демократски ниту фер.
„И ова што го видовме на овие локални избори е само кулминација на тоталитаризмот на режимот на Никола Груевски. Се применија сите досега познати, а богами и непознати тактики и стратегии за фалсификување на волјата на граѓаните. За нас овие локални избори не беа фер, не беа демократски и за нас не беа легитимни.“
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека таквите обвинувања на опозицијата се алиби за нивниот неуспех.
Стевче Јакимовски во Карпош го победи неговиот противкандидат Андреј Петров од СДСМ со освоени 63 проценти од гласовите.
Победа на ДУИ на изборите, ДПА ја доби Струга
Тетово доби градоначалничка - на чело на општината ќе застане Теута Арифи од ДУИ.
„Да им се заблагодарам на поддршката и исто така да кажам дека Тетово ќе биде град кој ќе биде пример за водство и перспектива во целата држава.“
ДУИ ги освои и градоначалничките фотелји во Арачиново, Чаир, Гостивар и Теарце, додека во Струга, татко на општината ќе биде Зиадин Села од редовите на ДПА.
Лидерот на ДПА Мендух Тачи изјави дека поразот во Тетово е причинет од нерамноправната битка на власта затоа што ДУИ победила со помош на македонските гласови.
„Па на крај сите заедно да се здружат и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и НДП на Руфи Османи во сите општини каде сме ние во втор круг да гласаат против нас. Нема да се однесувам драматично, ниту сум лут, ниту сум уплашен, ниту сакам да бегам од битката, ако овие 90 илјади лавови сакаат да поднесам оставка, ќе поднесам.“
МОСТ - Гужва и тензична атмосфера на гласачки места во Центар
Во меѓувреме, невладините организации тврдат дека изборите поминаа со многу нерегуларности. Корупција, инциденти, притисоци, носење на гласачи од Пустец, семејно гласање, искористување на неписмени лица, се само дел од неправилностите за кои известуваа Цивил, Мост и Хелсиншкиот комитет.
„Во општина Центар, на дел од избирачките места во: ОУ Коле Неделковски, ОУ Димитар Миладинов, ДСУ за рехабилитација и образование Св. Наум Охридски, ОУ Јохан Хајнрих Песталоци, Фудбалски Сојуз на Македонија на ул. 8 ма ударна бригада како и Дом на Градежници, по 17.30 нашите набљудувачи забележале гужва, тензична атмосфера, зголемено присуство на медиумите и полицијата. Според нашите набљудувачи причината за ваквата појава бил зголемениот број на гласачи и интервенциите на партиските набљудувачи кои реагирале дека овие гласачи не живеат во општина Центар како и дилемите на членовите на ИО за тоа дали да им се дозволи на овие гласачи да го остварат гласачкото право“, вели Дарко Алексов од Мост.
Цивил - Пустец во Скопје
Локалните избори оваа година, според прелиминарната оценка на Цивил, не може да се каже дека беа слободни и ненасилни, затоа што структурното насилство било присутно пред и во текот на целиот изборен период.
Според извештаите на набљудувачите, гласачи од Пустец (Албанија) запоседнале неколку гласачки места од кои се издвојуваат оние во Домот на градежните работници, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), населбата Капиштец и училиштето „11 Октомври“. Освен од Пустец, забележано е присуство на „нови граѓани“ на општина Центар од Кавадарци, а веројатно и од други македонски општини, а силното полициско присуство, било поради „увезените“ гласачи, е наведено во извештајот на Цивил. Во продолжение се вели дека веднаш по затварањето на гласачките места во Ресен, граѓани, па дури и полицајци, почнале да ја слават победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со пукање од огнено оружје, вклучувајќи и калашникови. Со славеничко пукање се славела победата и во Чаир, велат од Цивил. Тензична атмосфера е забележана во Кочани и Струмица каде што биле евидентирани и силни притисоци, закани и поткуп, а припадници на специјалната полиција во униформа и во цивилна облека биле забележани низ целиот град.
Ги повикувам истовремено сите наши градоначалници, овие кои сега ја добија довербата, 56-те нови, да ги засукаат ракавите уште од утре сабајле и да го одржат дадениот збор, да ја реализираат програмата што им ја ветија на граѓаните.Никола Груевски, премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
Покрај 40 општини од првиот круг, ВМРО-ДПМНЕ победи во Битола, Велес, Бутел, Ѓорче Петров, Кавадарци, Делчево, Берово, Богданци, Дебарца, Јегуновце, Карбинци, Кочани, Лозово, Ресен, Чешиново-Облешево и Старо Нагоричане.
Претседателот на Државната изборна комисија Борис Кондарко изјави дека допрва треба да се направат сериозни анализи за регуларноста на изборите.
„Партиите веќе ги дадоа своите оценки, треба да се направат серизони анализи, очигледно е дека постојат многу елементи кои укажуваат на одредени сомневања во врска со процесот на изборите. Тоа допрва треба да се испита и да се процесуира.Од страна на државната изборна комисија согласно нашите надлежносто во техничко-нормативно, правниот дел, односно организацискиот дел согласно законот ги спроведовме сите неопходни дејствија за спроведување на изборниот процес навремено во законските рокови. “
За власта празник на демократијата, за опозицијата нефер избори
Премиерот Никола Груевски вториот изборен круг го оцени како успешен и како победа на сите граѓани и на Република Македонија. Тој на новите градоначалници им порача уште од утре да почнат со работа.
„Ги повикувам истовремено сите наши градоначалници, овие кои сега ја добија довербата, 56-те нови, да ги засукаат ракавите уште од утре сабајле и да го одржат дадениот збор, да ја реализираат програмата што им ја ветија на граѓаните.“
И ова што го видовме на овие локални избори е само кулминација на тоталитаризмот на режимот на Никола Груевски. Се применија сите досега познати, а богами и непознати тактики и стратегии за фалсификување на волјата на граѓаните. За нас овие локални избори не беа фер, не беа демократски и за нас не беа легитимни.Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ.
Градоначалници од редовите на коалицијата „Сојузот за иднината“, според првичните неофицијални информации, ќе раководат во следните 4 години во Струмица, Куманово, општината Ранковце и најверојатно во скопската општина Центар. Андреј Жерновски, кој води пред неговиот противкандидат, актуелниот градоначалник Владимир Тодоровиќ, оцени дека со неговата победа во Центар падна антиквизацијата и „Скопје 2014“.
„Нека не се залажуваат да го прават истото сценарио од првиот круг, нема да имаат проблем со нас, ќе имаат проблем со граѓаните коишто јасно ја кажаа својата волја и пред 2 недели и денеска.“
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски изјави дека изборите не беа ниту демократски ниту фер.
Да им се заблагодарам на поддршката и исто така да кажам дека Тетово ќе биде град кој ќе биде пример за водство и перспектива во целата држава.Теута Арифи, новоизбрана градоначалничка на Тетово.
„И ова што го видовме на овие локални избори е само кулминација на тоталитаризмот на режимот на Никола Груевски. Се применија сите досега познати, а богами и непознати тактики и стратегии за фалсификување на волјата на граѓаните. За нас овие локални избори не беа фер, не беа демократски и за нас не беа легитимни.“
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека таквите обвинувања на опозицијата се алиби за нивниот неуспех.
Стевче Јакимовски во Карпош го победи неговиот противкандидат Андреј Петров од СДСМ со освоени 63 проценти од гласовите.
Победа на ДУИ на изборите, ДПА ја доби Струга
Па на крај сите заедно да се здружат и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и НДП на Руфи Османи во сите општини каде сме ние во втор круг да гласаат против нас. Нема да се однесувам драматично, ниту сум лут, ниту сум уплашен, ниту сакам да бегам од битката, ако овие 90 илјади лавови сакаат да поднесам оставка, ќе поднесам.Мендух Тачи, претседател на ДПА.