Список на 130 илјади луѓе со сметки надвор од нивните земји

Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство со седиште во Вашингтон објави имиња на 130 илјади луѓе од 170 земји кои користат 10 насто од таканаречените офшор дестинации што важат за рај за даночните обврзници во светот. Станува збор за податоци кои Конзорциумот ги добил од анонимни извори.
На списокот што го обелодени Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство, мрежа на репортери од 60 земји во светот, се наоѓаат олигарси и политичари на високи позиции.

Станува збор за 2,5 милиони документи кои биле добиени од две фирми специјализирани за таканаречено офшор инвестирање, односно префрлање пари во странство.

Репортерите вклучени во истражувањето на документите велат дека тајно ги анализирале и ги потврдиле во изминатиот период од неколку месеци.

Само затоа што некој има офшор компанија не значи дека направил нешто лошо, но тоа го покренува прашањето на транспарентност: Зошто имате компанија? Каква е нејзината дејност? Дали таму се префрлени пари од вашата земја? Дали даночните службеници и органите кои го спроведуваат законот ги испитуваат таквите случаи.
Мајкл Хадсон, Меѓународен конзорциум за истражувачко новинарство.
Иако самото поседување офшор сметка не е незаконско, документите, како што се оценува, фрлаат светлина врз тајните канали кои се користат за формирање компании како начин за криење на богатството.

„Само затоа што некој има офшор компанија не значи дека направил нешто лошо, но тоа го покренува прашањето на транспарентност: Зошто имате компанија? Каква е нејзината дејност? Дали таму се префрлени пари од вашата земја? Дали даночните службеници и органите кои го спроведуваат законот ги испитуваат таквите случаи“, вели Мајкл Хадсон, од Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство.

Тој додава дека повеќе врвни светски банки агресивно работеле да им обезбедат на нивните клиенти тајни компании на Британските Девствени Острови и на други места за криење во светот.

Од најголемата германска банка „Дојче банк“ која се најде на списокот, објаснуваат дека таа им нуди такви услуги на богатите клиенти, но врз основа на целосно подмирување на нивните даночни обврски во земјата.

На списокот, меѓу другите, е и сопругата на рускиот заменик премиер Игор Шувалов.

„Сопругата на Шувалов има компанија на Британските Девствени Острови. Се обидовме да добиеме коментар од неа, но безуспешно. Значи ние не знаеме што работи таа компанија.“

Хадсон дава детали и за сметките на претседателот на Азербејџан Илхам Алиев, неговата сопруга и неговите ќерки.

претседателот на Азербејџан Илхам Алиев и неговата сопруга


„Она што откривме е дека има три компании на Британските Девствени Острови кои биле отворени во 2008 година и се на име на ќерките на претседателот Алиев. Во тоа време тие беа на возраст од 19 и 23 години. И од нив не можевме да добиеме коментар.“

Еврокомесарот за даноци Алгирдас Семета вели дека секоја година во Европската унија од затајување на данок се губат околу билијарда евра.

Затоа Брисел им препопрачува на членките да ги идентификуваат и да ги стават на црн список местата кои важат за донечен рај и да ги затворат законските дупки што се користат за одбегнување на данокот.

Се проценува дека на офшор сметките луѓето кријат над 20 билијарди долари.