Заев - Одлуката на Управен е преседан

Градоначалникот на Струмица Зоран Заев и кандидат за уште еден мандат на митинг во струмичкото село Добрејци . Локални избори 2013

Градоначалникот на Струмица и кандидат за уште еден мандат Зоран Заев вели дека одлуките на Управниот суд не биле очекувани, затоа што Судот треба и мора да одлучува исклучиво по закон. По одлуката на судот во Струмица ќе се прегласува на три избирачки места.
Одлуката на Управниот Суд за Струмица не беше очекувана коментира градоначалникот и кандидат за уште еден мандат Зоран Заев. Тој вели дека било сосема очекувано дека Државната изборна комисија со мнозинство гласови од ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе политичка, а не правна одлука за трите „смешни“ приговори за изборите во Струмица. Но, додава дека одлуките на Управниот суд не биле очекувани, затоа што Судот треба и мора да одлучува исклучиво по закон.
Велат дека судските одлуки не се коментираат, но станува збор за вистински преседан кој треба да го загрижи секој граѓанин на Македонија. Замислете, истите работи поради кои се прегласува во Струмица се причина да не се прегласува на други преку 120 избирачки места. За судиите од Управниот суд во сите други избирачки места белото е бело, само за избирачките места во Струмица белото е црно. Видете ги сите пресуди на Управниот суд на нивната веб страна, споредете ги со оние за Струмица и се ќе ви биде јасно.
Зоран Заев, градоначалник на Струмица.

Управниот суд ја одби тужбата на СДСМ за одлуката на Државната изборна комисија за три изборни единици во Струмица по што на 7-ми април ќе има прегласување на првиот изборен круг. Заев вели дека е логично човек да се надева дека останало барем трошка од правната држава, но оваа одлука на Управниот суд, според него, е преседан.

„За жал, Управниот суд ги одби жалбите со смешни образложенија кои се спротивни на законот за избори. Велат дека судските одлуки не се коментираат, но станува збор за вистински преседан кој треба да го загрижи секој граѓанин на Македонија. Замислете, истите работи поради кои се прегласува во Струмица се причина да не се прегласува на други преку 120 избирачки места. За судиите од Управниот суд во сите други избирачки места белото е бело, само за избирачките места во Струмица белото е црно. Видете ги сите пресуди на Управниот суд на нивната веб страна, споредете ги со оние за Струмица и се ќе ви биде јасно.“

Локални избори 2013.


Прегласување на првиот изборен круг ќе има во избирачките места „Стара кожара“ и основните училишта „Никола Вапцаров“ и „Маршал Тито“. Вкупниот број на гласачи на овие три места изнесува 3.255 од кои 2.553 излегле да гласаат на 24 март. Според податоците на Државната изборна комисија, 1.436 гласови отишле на контото на досегашниот градоначалник Зоран Заев, додека неговиот опонент од ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев освоил 1.034.
Тоа што е уважена жалбата за Кичево нема да се одрази на резултатот, така да резултатите од првиот круг од изборите во Кичево се дефинитивни и веќе е избран градоначалникот Фатмир Дехари. Останува да се одвива вториот круг во рамки на коректноста која беше во првиот круг.
Бујар Османи, ДУИ.

Вкупната разликата од првиот изборен круг меѓу двајцата кандидати за градоначалници на Струмица изнесува 2.096 гласа.

Заев вели дека со прегласувањето во овие три изборни единици не постојат теоретски шанси да има втор изборен круг во Струмица.

„Не постои теоретска можност тој да победи, постои само можност, ДПМНЕ и се е можно ова прегласување да оди до бесконечност. Ако со вакви смешни приговори се донесат вакви на ДИК и на Управен суд, не знам што би можело нешто друго да предизвика повторно прегласување. Ако во Струмица од 77 избирачки места победив со 2.100 гласа, а само во овие три избирачки места имам победа од од 402 гласа само по себе зборува дека тоа е бастионот на СДСМ во општина Струмица. Апсолутно ниту теоретски не е возможно да се промени таа разлика до толку за да го симнат цензусот за завршена работа во прв круг. Јас сум убеден дека нема ни теоретски шанси да предизвикаат втор изборен круг во Струмица.“

По ова со писмено соопштение се огласија и од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, социјалдемократите единствено барале алиби за изборниот пораз.
„СДСМ наместо да ја прифати реалноста, продолжува да бара алиби кај сите други за својот изборен пораз. Досега гласачите им беа виновни, а сега се обидуваат вината да ја лоцираат во институциите, кои што се надлежи согласно Уставот и Законот да решаваат за изборните прекршувања“, е наведено во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Управниот суд од вкупно 142 тужби поднесени од политички партии за приговори околу нерегуларности во првиот изборен круг, уважена е само една тужба. Уважената тужба е поднесена од ВМРО-ДПМНЕ и се однесува едно избирачко место во Кичево, но со оглед на тоа што не придонесува за менување на изборниот резултат таму нема да има прегласување.

Портпаролот на ДУИ Бујар Османи вели дека е некорекно да се коментира одлука на суд.

„Тоа што е уважена жалбата за Кичево нема да се одрази на резултатот, така да резултатите од првиот круг од изборите во Кичево се дефинитивни и веќе е избран градоначалникот Фатмир Дехари. Останува да се одвива вториот круг во рамки на коректноста која беше во првиот круг. “

Управниот суд ги отфрли како неосновани 101 тужба на коалицијата Сојуз за иднината, 35 на ДОМ и 4 на Демократската Партија на Турците.