Пројковски - Театарот чини колку хонорар на еден холивудски актер

Цената на Стариот театар достигна 39 милиони евра. Театарот чини колку еден хонорар на холивудски актер, вели уметничкиот директор на МНТ Дејан Пројковски.
Цената за изградба и опремување на Стариот театар што се гради на кејот на реката Вардар достигна 39 милиони евра. Оваа бројка е добиена според објавените податоци за склучени договори на интернет страната на Биро за јавни набавки.
Сите оние дополнителни работи коишто се изведени се согласно законот. Значи ние немаме, како што многу се зборува во јавноста, во четири се склучуваат договори и анекси, не напротив.
Елизабета Канческа-Милевска, министерка за култура.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска изјави дека не може да ја каже конечната бројка, затоа што проектот сè уште не готов. Ќе биде целосно завршен кон крајот на мај, а со тоа ќе биде готова и градежната книга. Првично најавената сума во 2007 година беше 6 милиони евра. Канческа-Милевска вели дека таа се однесувала само за градежните работи, односно на архитектонскиот проект.

„Кога беше таа првична сума кажано, тоа беше проект архитектура. Значи во самите проекти немаше фаза сценски технологии, фаза акустика, фаза машинство, електрика, значи не постоеја такви проекти. Ние значи кога го добивме еден дел од проектот машинство, тој проект бил застарен и не можеше да се вклопи во самата сценска технологија и акустика.“

Според податоците на Бирото за јавни набавки досега за театарот покрај основните договори склучени се 11 договори за непредвидени работи за кои не се наведени детали за нив. За останатите дополнителни договори е наведено дека станува збор за градежно-занаетчиски работи, браварски и ѕидарски работи, за изведби на машински и акустични инсталации машински инсталации, стручен надзор на објектот или, пак, набавка на опрема и мебел.
Прашањето ви е дали Дејан Лилиќ, дали Сенко Велинов, Владо Јовановски и да не ги редам сите актери во Македонија, заслужуваат ваков објект, колку еден хонорар на холивудски актер.
Дејан Пројковски, уметнички директор на МНТ.

„Ова е сложен објект. Никој не знае кога ќе започне со ископ на самиот терен дека може да дојде до одредени непредвидени работи, никој не може однапред на самата површина да види дека доле може да се судрите со одредена фекална канализација, водоводна канализација. Сите оние дополнителни работи коишто се изведени се согласно законот. Значи ние немаме, како што многу се зборува во јавноста, во четири се склучуваат договори и анекси, не напротив“, вели министерката Канческа-Милевска.

Уметничкиот директор на МНТ Дејан Пројковски вели дека изградбата на целиот театар чини колку еден хонорар на холивудски актер.

„Прашањето ви е дали Дејан Лилиќ, дали Сенко Велинов, Владо Јовановски и да не ги редам сите актери во Македонија, заслужуваат ваков објект, колку еден хонорар на холивудски актер и дали денеска треба да зборуваме само за тоа или да зборуваме за сонот којшто е остварен на Прличко, на цела наша генерација на актери, за театарот што е чувар на идентитетот, на јазикот и на културата“, вели Пројковски.
Вид на набавка Фирма Сума
1 Основен договор Бетон - Штип 6.000.000 евра
2 Испорака и монтажа на опрема и инсталација „Светлост театар“ Белград 11.135.598 евра
3 Набавка на занаетчиско ентериерни работи и мебел Страбаг АГ 8.900.197 евра
4 Изведување на машински инсталации Страбаг АГ 1.829.816 евра
5 Градежна јама и техничка врата Ламоне Мореда 1.514.625 евра
6 Браварско, столарски, фасадерски и каменорезачки работи Ламоне Мореда 1.176.306 евра
7 Изведување на електротехнички работи и осветлување на фасадата Електро лаб 1.071.371 евра
8 Противпожарни машински инсталации Страбаг АГ 1.034.271 евра
9 Хидро технички инсталации Вардар градба и Електролаб 781.975 евра
10 Изведување на дополнителни работи Страбаг АГ 694.801 евра
11 Акустучни и противпожарни врати Ламоне Мореда 677.439 евра
12 Анекс договор за непредвидени работи Бетон - Штип 537.577 евра
13 Изведување на непредвидени работи Страбаг АГ 363.895 евра
14 Занаетчиско ентериерни работи, мебел, опрема и осветлување Страбаг АГ 363.895 евра
15 Изведување на непредвидени работи Ламоне Мореда 342.980 евра
16 40 скулптури леени во бронза 330.193 евра
17 192 скулптури изработени од гипс 272.701 евра
18 Изведување на непредвидени работи Страбаг АГ 240.584 евра
19 Изведба на хидротехнички инсталациии Бетон Штип 228.319 евра
20 Изведување на непредвидени работи Страбаг АГ 221.784 евра
21 Изведување на непредвидени работи Вардар градба 218.121 евра
22 Отсликување на плафонот во големата сала во објектот 265.401 евра
23 46 скулптури леени во бетон 190.134 евра
24 Изведување на непредвидени работи Конструктор инженеринг 192.155 евра
25 Изработка на централна скулптурална композиција 189.512 евра
26 Изведување на непредвидени работи, инсталација и монтажа на опрема 111.975 евра
27 Изведување на дополнителни работи Бичковски дооел 56.718 евра
28 Стручен надзор 23.024 евра
29 Проектантски надзор 18.536 евра
30 Стручен надзор при изведба на сценски системи 17.268 евра
31 Изведување на непредвидени работи Бетон Штип 14.719 евра
32 Извршување проектански надзор Чакар – Партнерс 12.682 евра
33 Проектантски надзор Неимар инженеринг 10.000 евра
34 Извршување проектантски надзор Неимар инженеринг 5.525 евра
35 Анекс договор за проектантски надзор 4.195 евра
36 Проектантски надзор Машински факултет 3.683 евра
37 Проектантски надзор за фазата водовод и канализација 767 евра
ВКУПНО
39.068.476 евра
Архитектот на Театарот Јован Стефановски Жан вели дека во театарот се гради 7 години и дека во тој период не можело однапред да се направат договори за сè што е направено.

Според Бирото за јавни набавки, само во изминатиов месец се потрошени над 3 милиони евра за дополнителни работи. Италијанската Ламоне Мореда со Министерството за култура склучи два договори во вредност од 2,2 милиони евра. Едниот е за изработка и монтажа на акустични и противпожарни врати, а вториот се однесува за заштита на градежна јама и проширување на техничка врата на северната фасада на објектот Стар театар.

Договорот од милион евра за изведување на противпожарни машински инсталации го добила скопската подружница на австриската фирма Страбаг. Тоа е фирма која што склучила со Министерството вкупно 8 договори во вредност од 13,5 милиони евра, од кои за дел е наведено дека се однесуваат на дополнителни и непредвидени работи, а дел се однесуваат на изведба на машински инсталации, но и за набавка на мебел.

Слаѓана Тасева од Транспаренси Интеренејшнал Македонија вели дека со дополнителните договори се остава простор за многу незаконитости.

„Ова е типична злоупотреба на јавните средства преку постапките за јавните набавки“, вели Тасева.

Целта на законскиот механизам за доплата за непредвидени трошоци од 30 проценти од вредноста на договорот наместо како исклучок се користи како правило.