Политичката битка во вториот круг ќе се засилува оти станува збор за големи општини, велат експертите. Тие очекуваат вториот изборен круг да изненади со можни нови коалиции кои ќе ја променат сликата добиена во првиот круг.
Потенцијалните промени на локалните власти упатуваат на заклучок дека вториот круг ќе има уште поинтензивна политичка битка со оглед дека станува збор за големи општини, велат експертите.
По првиот круг од локалните избори СДСМ води во Центар и Велес, а ВМРО ДПМНЕ возврати со Битола и Куманово, ДПА губи од ДУИ во Тетово, но остана во Струга. Андреј Петров кој е кандидат на СДСМ за скопски Карпош најави дека влегува во максимална кампања со намера да ја добие довербата.
„Во вториот круг ќе вложиме максимално напори во оние општини каде што имаме кандидати, а имаме во голем број на големи градови, во втор круг можност да добиеме, да се избориме за поддршката на граѓаните.“
Со сличен тон излегоа и ВМРО-ДПМНЕ. Од Велес најавија дека ќе одат до крај и дека очекуваат убедлива победа на нивниот кандидат. Сличен модел се најавува секаде каде ќе има втор круг.
Експертите очекуваат вториот изборен круг да изненади со можни нови коалиции кои не постоеја во првиот круг и тие да ја променат сликата добиена во првиот круг.
„И во овој контекст сметам дека владејачките партии ќе бидат во подобра позиција, со оглед на тоа што во сите општини имаат подобар скор, и евентуално можат да ги подржат едни на други кандидатите кои одат во втор круг и на тој начин може да се промени оваа слика што сега ја имаме“, изјави аналитичарот Ибрахим Мехмети.
Според него во општините каде што има опозициски партии во водство, ќе има големи мобилизации на владејачката коалиција и ќе биде интензивна политичката битка зошто се работи за значајни општини.
„Се разбира може да дојде до соработка и на опозиционите партии, што може да резултира со уште подобар резултат на локално ниво.“
Во Струга е јасно дека ДУИ ќе го подржи кандидатот на ДПА и тука нема изненадувања, додека во Гостивар и Тетово ќе има жестока борба бидејќи има блиски резултати, вели Мехмети.
„Имаме приближно исти резултати со некои мали разлики и ќе зависи од тоа кој ќе успее да добие поддршка од тие што беа пласирани на пониските места, односно од тие што освоија помал број на гласови, но кои што можат да го решат победникот.“
Во 29 општини плус градот Скопје ќе има гласање во вториот круг.
Владејачките партии ќе бидат во подобра позиција, со оглед на тоа што во сите општини имаат подобар скор, и евентуално можат да ги подржат едни на други кандидатите коишто одат во втор круг и на тој начин може да се промени оваа слика што сега ја имаме.Ибрахим Мехмети, политички аналитичар.
По првиот круг од локалните избори СДСМ води во Центар и Велес, а ВМРО ДПМНЕ возврати со Битола и Куманово, ДПА губи од ДУИ во Тетово, но остана во Струга. Андреј Петров кој е кандидат на СДСМ за скопски Карпош најави дека влегува во максимална кампања со намера да ја добие довербата.
„Во вториот круг ќе вложиме максимално напори во оние општини каде што имаме кандидати, а имаме во голем број на големи градови, во втор круг можност да добиеме, да се избориме за поддршката на граѓаните.“
Со сличен тон излегоа и ВМРО-ДПМНЕ. Од Велес најавија дека ќе одат до крај и дека очекуваат убедлива победа на нивниот кандидат. Сличен модел се најавува секаде каде ќе има втор круг.
Имаме приближно исти резултати со некои мали разлики и ќе зависи од тоа кој ќе успее да добие поддршка од тие што беа пласирани на пониските места, односно од тие што освоија помал број на гласови, но коишто можат да го решат победникот.Ибрахим Мехмети, политички аналитичар.